• Latest

Илузијата на преговорите: што имаат заедничко Варуфакис и македонското чекање пред вратите на ЕУ?

April 28, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов, бард на македонското новинарство

April 28, 2026
(Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда

April 28, 2026

Профитот не вреди колку животот: ЦИВИЛ бара безбедни работни места и социјална правда за работниците!

April 28, 2026

Црна статистика: 31 работник го загубил животот во 2025 година – безбедноста на работа останува критична точка

April 28, 2026

Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

April 28, 2026

(ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

April 27, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лажги

April 26, 2026
Чорнобил, некогаш и сега

40 години по Чорнобил: Војната повторно ја носи заканата од нуклеарна катастрофа

April 26, 2026

До пазарот и назад

April 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов, бард на македонското новинарство

    (Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

    Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

    ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда

    Црна статистика: 31 работник го загубил животот во 2025 година – безбедноста на работа останува критична точка

    Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    (Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

    Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

    ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда

    Илузијата на преговорите: што имаат заедничко Варуфакис и македонското чекање пред вратите на ЕУ?

    Профитот не вреди колку животот: ЦИВИЛ бара безбедни работни места и социјална правда за работниците!

    Црна статистика: 31 работник го загубил животот во 2025 година – безбедноста на работа останува критична точка

    Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

    (ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

    Чорнобил, 1986

    За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ЕВРОПА ЕВРОПСКА УНИЈА

Илузијата на преговорите: што имаат заедничко Варуфакис и македонското чекање пред вратите на ЕУ?

April 28, 2026 11:35
in ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Александар Иванов

Во меѓународните односи, кога послаб актер се обидува да ги ревидира правилата на игра наметнати од инхерентно помоќен систем, исходот ретко се решава преку повикување на правдата.

Најчесто, тоа е сурова лекција по реалполитика каде математиката на моќта ги гази идеалите. Во овој комплексен амбиент, не е доволно актерите само да знаат што сакаат, туку тие мораат правилно да разберат и во каква стратешка игра се наоѓаат.

Една од најчестите грешки на помалите и институционално послаби актери не е само тоа што располагаат со ограничени ресурси, туку и тоа што погрешно ја идентификуваат структурата на преговарањето. Кога една влада верува дека се наоѓа во ситуација во која може да изнуди отстапка преку демонстрација на решителност, а всушност учествува во процес во кој правилата однапред се дефинирани од посилен центар на моќ, нејзината стратегија лесно се претвора во илузија.

Во тој јаз меѓу перцепцијата и реалноста се раѓаат многу дипломатски неуспеси, внатрешни разочарувања и погрешни очекувања на јавноста. За да ја разбереме актуелната македонска позиција во обидите да се промени европската преговарачка рамка, вреди да се навратиме на еден од најпознатите модерни судири меѓу идеализмот и бриселската машинерија: обидот на Јанис Варуфакис да ја надитри „Тројката“. Случајот на Варуфакис и македонскиот дипломатски лавиринт се спојуваат во една клучна точка: обидот на политичките елити да ја конструираат реалноста преку призмата на Теоријата на игри, заборавајќи дека Брисел не игра според нивните правила.

„Кој прв ќе трепне“: Илузијата за судирот

Кога Јанис Варуфакис, како министер за финансии и експерт по Теорија на игри, застана пред доверителите на ЕУ, неговата стратегија се базираше на класичната „Игра на кукавица“ (Game of Chicken). Во овој модел, два автомобили јурат еден кон друг, а губитник е оној што прв ќе го сврти воланот од страв. Варуфакис веруваше дека заканата од „Грегзит“ е неговиот ултимативен адут. Тој претпоставуваше дека Брисел ќе се исплаши од домино ефектот и колапсот на еврото, па во последната секунда ќе попушти и ќе ги ревидира условите за грчкиот долг.

Но, Варуфакис направи фатална грешка во проценката на својот противник. Тој заборави дека Грција возеше обичен автомобил, додека ЕУ возеше товарен шлепер. Брисел студено пресмета дека штетата од попуштањето пред Атина е далеку поголема од штетата на грчкиот банкрот, плашејќи се дека таквиот преседан ќе ги охрабри Шпанија или Италија да го бараат истото. ЕУ не сврте – тие го повикаа неговиот блеф, и Варуфакис мораше да сопре соочувајќи се со капитулација.

Ако овој модел се преслика на македонскиот обид да се ревидира преговарачката рамка, ситуацијата е уште покомплексна. Клучната разлика во лостовите на моќ е што Грција веќе беше внатре во системот и имаше деструктивен потенцијал – можеше да „запали соба во куќата“.

Македонија, од друга страна, е надвор на дождот. Од аспект на Теоријата на игри, позицијата на ЕУ кон нас не е „Игра на кукавица“, туку чиста „Ултиматум игра“. Тоа е пристап на „земи или остави“, каде едната страна ги поставува условите, а другата само проценува која цена е поднослива. Обидот да се сменат правилата отпосле е како да стоите пред ексклузивен ресторан каде сте чекале 20 години за резервација, и уште од врата барате да се смени главното мени бидејќи не ви се допаѓа. Системот нема зошто да ги менува правилата за гостин кој сè уште е надвор.

Трагедијата на балканските народи и синдромот на Касандра

Оваа немоќ на македонската позиција не е изолиран случај, туку дел од пошироката Трагедија на балканските народи. На Балканот, наместо зрела национална гордост која подразбира самопочит и одговорност, често добиваме нервозен национализам. Произведуваме колективен синдром на Касандра: сите предупредуваат и чувствуваат опасност, но малкумина се подготвени да ја преиспитаат сопствената улога во создавањето на таа опасност.

Балканот отсекогаш имал специфична геополитичка судбина како вечна периферија на империите. Многу од денешните државни нервози се задоцнети реакции на империјалните распади на Отоманската и Австроунгарската империја. Опиени од победата во Студената војна, европските елити потценија колку долго живеат империјалните матрици, меморијата на поразите и чувството на понижување. Балканските народи влегоа во состојба на хронична несигурност и натпревар во жртвеност.

Во овој контекст, македонскиот пат кон ЕУ е заглавен во „парадоксот на победниците и поразените“. Додека Србија боледува од синдромот на држава чија моќ континуирано се стеснува и покрај тоа што била на победничката страна во двете светски војни, Бугарија го влече комплексот на поразена и виновна држава низ целиот 20-ти век. Овие историски фрустрации директно се рефлектираат на македонските интеграции.

Суровата реалност: „Извештај за завршена работа“

Мораме да ја демистифицираме политичката илузија дека нашиот европски пат се базира исклучиво на мериторен систем и реформи. Суровата реалполитика е дека членството на Македонија во ЕУ е подведено под „извештај за завршена работа“ – извештај кој на крајот мора да биде потпишан и одобрен од Грција и Бугарија.

Замислете го тоа како градежен проект каде ние ја градиме институционалната куќа, Брисел е инвеститорот, но инвеститорот има поставено двајца надзорни органи (Атина и Софија) кои ги штитат сопствените национални интереси. Колку и да сте работеле на терен, доколку надзорникот не го стави својот потпис, градбата не може да се реализира.

Варуфакис мислеше дека преговара со „европската солидарност“, а удри во германскиот национален интерес. Ние мислиме дека преговараме со „европските вредности“, но континуирано удираме во ѕидот на националните интереси на соседите.

Во асиметрични системи, моќта се манифестира и преку способноста да се дефинира што воопшто е предмет на преговарање. Посилниот систем не пресметува само во категории на правичност, туку размислува за преседанот, внатрешната кохезија и трошокот од отворање простор за нови барања.

Конструирање на две реалности и стратешкото слепило

Политичките елити кај нас често произведуваат две различни реалности. Едната е насочена кон надворешната преговарачка маса, каде доминираат процедури и стратешка калкулација, додека втората е наменета за домашната публика, каде лидерите мораат да покажат дека се борат и го бранат достоинството. Проблемот настанува кога домашната реторика ќе стане замена за реална стратегија, па политиката се претвора во управување со очекувања наместо во управување со исходи. Јавноста се мобилизира околу симболички победи, додека материјалната структура на преговарањето останува непроменета.

Ова стратешко слепило е особено видливо по 1995 година, кога нашите елити не успеаја да изградат избалансиран однос кон минатото и да артикулираат национална приказна која ќе биде попаметно позиционирана кон соседите. Македонија никогаш суштински не расчисти со товарот на комунистичкото минато и со нечепнатите остатоци од безбедносните структури. Македонија останува точка на прекршување на српските, бугарските и албанските интереси, додека за Грција претставува природен стратешки тампон.

Како до излез: Внатрешна отпорност и социјална интелигенција

За да излеземе од улогата на навреден губитник, мораме радикално да го промениме настапот. Прво, политичките елити мора да престанат со продавањето илузии; граѓаните мора да знаат дека процесот е политички пазар, а не само мериторен систем. Кога јавноста ја знае вистинската матрица, помалку е подложна на колективни депресии при секое ново вето.

Второ, мораме да престанеме да ја градиме куќата исклучиво за да им угодиме на надзорниците. Куќата мора да се гради за нас. Функционалниот безбедносен систем, владеењето на правото и економската стабилност ни требаат како цврст кров над главата, независно од Брисел. Најсигурниот извор на долгорочна сила во асиметрични преговори е градењето на внатрешна отпорност – капацитетот на заедницата да функционира и да апсорбира притисоци дури и кога надворешната награда доцни.

Треба да се навратиме на она што може да се нарече „социјална интелигенција на државата“. Критично значење во тој процес имаше 1967 година, со создавањето на МАНУ и автономијата на МПЦ, како обиди за градење сопствена институционална архитектура. Треба да прифатиме дека нашата државност е производ на пошироки геополитички процеси, но нејзиното одржување зависи од нашата внатрешна стабилност и институционална зрелост.

За жал последните 35 години, не можеме да видиме дека ние ја надградивме социјалната интелегенција и државноста. И тука мора да се погледнеме во огледало.

Зрелата политичка анализа мора да прави разлика меѓу симболички отпор и стратешка позиција. Симболичкиот отпор е важен за самопочитта, но без систематско јакнење на државните капацитети, тој останува само на реторичко ниво. Стратешката позиција бара трезвеност: да се знае кога просторот за промена е тесен и кога вистинската сила треба да се бара во долгорочното градење на отпорност.

Стабилноста не се мери само по тоа дали ќе бидеме повикани на масата, туку по тоа дали сме способни да останеме политички, институционално и општествено цврсти и тогаш кога масата не е наклонета кон нас. Соочувањето со реалполитиката боли, но тоа е првиот и најважен чекор кон вистинско градење на суверена држава и излез од синдромот на Касандра кон зрела национална гордост.

Проф. д-р Александар Иванов е редовен професор на Факултетот за безбедност – Скопјe, специјализиран за безбедност на животната средина, меѓународни односи и трансформација на безбедносната наука во оперативна реалност.

Авторски права и одговорност
© 2026 проф. д-р Александар Иванов и ЦИВИЛ – Центар за слобода
Сите права се задржани.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Лажги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ