Роман Шеремета, професор по економија на Case Western Reserve University и соработник на Centre for Eastern European Democracy постави едно добро прашање на социјалните мрежи.
Прашањето е навидум едноставно:
„Кому не му е потребна сала за балови за да се чувствува безбедно?“
Одговорот се наоѓа во зборовите на украинскиот претседател Володимир Зеленски:
„Русија веќе се обиде да ме елиминира неколку пати. Тоа е дел од мојот живот.“
Објавата функционира како силен контраст меѓу две реалности. Од една страна – перцепцијата за безбедност поврзана со формалности, протокол и луксузни простори. Од друга – суровата вистина на лидер кој живее и работи под постојана закана, во земја што се брани од агресија.
Со минималистички пристап, Шеремета успева да ја пренесе тежината на војната не преку анализа, туку преку избор на зборови и контекст. Пораката не е експлицитна, но е јасна: безбедноста, во вакви околности, не е прашање на амбиент, туку на издржливост и одлука да се остане на својата позиција.
„Ми треба муниција, а не превоз.“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски
Во првите денови од руската инвазија во 2022 година, кога безбедносната ситуација во Кијив беше крајно неизвесна, на претседателот Зеленски му беше понудена евакуација од страна на тогашниот американски претседател Џо Бајден. Неговиот одговор стана историски: „Ми треба муниција, а не превоз.“ Таа реченица не беше само изјава – туку дефиниција на отпорот и одлуката да се остане, без оглед на смртната закана по живот.
Никаде е споменат, но сите добро знаат кој е вториот „протагонист“ во оваа објава.
Џ. Д.













































