Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на Х објави за масивниот руски ракетен напад на 1216 ден од руската виојна во Украина, во кој беа погодени станбени згради и болници и имаше цивилни жртви.
Ден 1216. Кијив. Уште една ноќ на терор.
Ракети и дронови од рф погодија станбени згради и болници. Бројот на повредени постојано расте. Под урнатините има луѓе.
Секојдневно, Украина се обраќа за помош во обезбедување на средства за воздушна одбрана и пресретнувачки дронови. pic.twitter.com/ZcPB0t9Ef9— Larysa Dir (@dir_larysa) June 23, 2025
1212 ден од руската виојна во Украина, Ден 1216. Кијив. Уште една ноќ на терор. Ракети и дронови од рф погодија станбени згради и болници. Бројот на повредени постојано расте. Под урнатините има луѓе. Секојдневно, Украина се обраќа за помош во обезбедување на средства за воздушна одбрана и пресретнувачки дронови, напиша амбасадорката Дир.
Како што објави претходно ЦивилМедиа, во синоќешниот рускиот масовен напад со ракети и дронови врз Кијив убиени се најмалку 7 лица, а 19 се повредени.
Д. Мишев.