• Latest

Билбиловски: Да се отстранат политичките партии од составот на ДИК!

March 13, 2019

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

April 15, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

April 15, 2026

Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

April 15, 2026

Кој со Орбан тикви садел…

April 15, 2026
Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

April 15, 2026
Народно собрание на Бугарија (фото: Nikolai Karaneschev, CC BY 3.0)

Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

April 14, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

April 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

    🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

    95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ВЕСТИ

Билбиловски: Да се отстранат политичките партии од составот на ДИК!

March 13, 2019 16:17
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на Народниот правобранител, Зоран Билбиловски одговораше на прашањата на ЦИВИЛ Медиа за улогата на канцеларијата на Омбудсманот во изборниот процес, за заштитата на правото на глас и за предизвиците на гласачите, за проблемите со избирачкиот список и за она на што најмногу треба да се обрне внимание на претстојните претседателски избори.

ЦИВИЛ Медиа: Која е улогата на канцеларијата на Народниот правобранител во изборните процеси? Кои се активностите предвидени од Народниот правобранител за одбрана на правото на глас на граѓан(к)ите?  

БИЛБИЛОВСКИ: Имајќи го предвид значењето на избирачкото право што го имаат граѓаните, Народниот правобранител во континуитет, тргнувајќи од неговата уставна надлежност да ги штити уставните и законските права на граѓаните, а особено кога станува збор за изборни процеси, врши промоција и го следи начинот на остварување на избирачкото право.

ЦИВИЛ Медиа: Кои предизвици се пред гласачите на претстојните претседателски избори?

БИЛБИЛОВСКИ: Од она што ние го имаме како анализа и од следењето на ситуацијата во државава, речиси општа состојба е дека постојат одредени проблеми во однос на начинот и постапката на остварување и заштита на избирачкото право.  Ние со години повикуваме на заштитата на избирачкото право и на начинот на запишување во Избирачкиот список, со став дека тоа може да се врши и секојдневно. Секогаш забелешките на граѓаните се најизразени кога има избори и дури најчесто, на денот на гласањето, кога пак, можноста Народниот правобранител да обезбеди заштита е многу мала. Особено за оние лица кои од разни причини не се запишани во списокот. Меѓутоа, секако дека тоа нам ни служи за правење на анализи и за изготвување на посебни извештаи и давање предлози за соодветна измена на законската регулатива, како тие состојби во иднина би се надминале и предизвиците на граѓаните би биле во помал обем. Измените би биле во начинот на остварување на нивното право, пред сè, во некои технички детали за тоа како граѓаните би можеле полесно да го остварат правото, односно, во одредени модалитети. Ние, исто така, имаме одредени категории, пред се на ранливи групи и на лица со попреченост, со потешкотии во начинот на нивно остварување на избирачкото право.

ЦИВИЛ Медиа: Кои инструменти му се на располагање на Народниот правобранител во постапките поврзани со правото на глас?

БИЛБИЛОВСКИ: Да тргнеме од најосновната можност да вршиме промоција на избирачкото право во нашите секојдневни активности, потоа, да ги советуваме граѓаните како можат полесно да го остварат избирачкото право или да го заштитат, до она што значи наше работење по формирани предмети по сопствена иницијатива или по поединечни претставки на граѓаните, или во зависност од тоа каде е настаната повредата и во зависност од тоа кој орган може да ја реши повредата, според надлежноста… Ако, не пример, станува збор за издавање на лични карти или патни исправи, се интервенира во МВР или во Управата за водење на матични книги, во ДИК, во општинските изборни комисии – што е најмногу изразено во текот на трањето на гласачкиот процес, или во работата со избирачките одбори.

ЦИВИЛ Медиа: Дали сметате дека институциите на државата го направиле својот максимум во обезбедување на фер и демократски процеси? Кои се проблемите и кои би биле решенијата?

БИЛБИЛОВСКИ: Мислам дека сепак, постојат состојби кои и Народниот правобранител ги изнесува многу пати во годишниот извештај, особено во сегментот на остварување на избирачкото право. Бидејќи сите ние сме сведоци дека пред се, посветеноста на државата е како да се формира Државната изборна комисија и каков да биде нејзиниот мандат, нејзиниот состав, иако основната суштина со која многу од проблемите би се решиле е ако тоа тело постане потполно професионално. Односно, да се отстранат политичките партии од нејзиниот состав и потоа сите ние да сме сведоци како тоа тело функционира и како донесува одлуки. Меѓутоа, во оној втор дел, што значи суштински измени на самата законска регулатива, и пред се, на скратување на можностите – со подзаконски акти или со преземање на улогата на ДИК од законодавниот дом – таа да донесува разни акти, упатства или насоки каде одлучува во принцип за правата и начинот на остварување на гласачкото право, многу малку се прави. Ние имаме подготвено посебен извештај што е доставен до Собранието и до Владата, каде се содржани препораки што треба да се направи. Исто така, согласно извештајот од пред две години, и во Собранието се утврдени мерки во кои треба да се испита одговорноста за злоупотребите со Избирачкиот список и за начинот на оневозможување на одредена категорија на лица кои од денот на распишување на изборите до денот на гласањето, се отстрануваат поради некоја наводно – системска грешка. Тоа не е мал број, можеби се 50.000 лица, иако во меѓувреме, сите си ги обновуваат личните карти или вадат нови, се уште тој проблем не решен. Не е решен проблемот на гласање на лица што се сместени во старски домови, сведоци сме на тоа што се случува со остварување на правата на лицата што се наоѓаат на издржување казна затвор, па заклучно со нерешавањето на проблемот на злоупотреба на личните податоци во Избирачкиот список и пристапот на електронски пат. Од сето тоа, од нашите сознанија од повратните информаци од сите засегнати страни (почнувајќи од Министерството за правда како надлежен орган – дека се ќе има предвид), многу малку практично и се имплементира. Сега е за поздравување тоа дека ќе се гласа и во старски домови, но сепак, тоа е нешто како пилот-проект и повторно ние сигурно дека ќе имаме јавување од огромен број на граѓани.  Истото ќе се однесува и за лицата што ги обновуваат личните карти, бидејќи ДИК може барем да ги информира граѓаните дека тие ќе бидат избришани, затоа што системот ќе претпостави дека – ќе им престане важноста. Ако тргнеме од  Уставот, тоа е без никакво значење бидејќи Уставот го гарантира правото на глас на секое полнолетно лице, освен на оние кои се лишени од деловна способност.

ЦИВИЛ Медиа: Во текот на изборниот процес, на што најмногу треба да обрнат внимание гласачите, а на што граѓанските организации кои се акредитирани за изборно набљудување?

БИЛБИЛОВСКИ: Системот треба да овозможува граѓаните непречено да ги остваруваат правата, а не обратно. Апелирам до сите граѓани да си направат увид и да проверат дали се на Избирачкиот список, а ако не се, навремено да побараат правна помош и совет од Народниот правобранител, односно, преку сите подрачни единици на Државната изборна комисија, за да бидат запишани. Што се однесува до граѓанските здруженија, тие да повикаат избирачкиот процес да се одвива непопречено, во најдобар ред, да го следат, да алармираат за одредени злоупотреби, за да не се повторуваат и да се надминуваат таквите состојби.

Ангела Петровска
Камера и фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Биљана Јордановска

Tags: гласачигласачки списокгласачко правоЗоран БилбиловскиизбориНароден правобранител
Share49Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ