• Latest

Да за патриотизмот, не за национализмот

September 17, 2018

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Да за патриотизмот, не за национализмот

September 17, 2018 14:42
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Проектот „Патриотизам –да, национализм –не“ што ЦИВИЛ –Центар за слобода го спроведе со поддршка на Цивика Мобилитас, се обиде да ги разобличи и разјасни разликите, но и конфузиите меѓу два термини, што во политичка и општествена смисла влијаат на развојот на демократијата, особено во држава како Македонија.

На панел дискусијата, под ист, наслов, Џабир Дерала на почетокот го истакна позитивното сознание на ЦИВИЛ дека граѓанките и граѓаните јасно и недвосмислено разликуваат патриотизам од национализам, со истиот заклучок дека партиите, а не власта, се тие што шират национализам.

„Граѓанките и граѓаните многу добро знаат што значи да се сака сопствената држава, но многу добро знаат и кои се последиците под изговор на љубовта кон земјата да се мразат одредени заедници“, изјави Џабир Дерала.

Сепак, во контекст на актуелните политички прашања, пред сè, референдумот, присутните колумнисти влијанието на патриотизмот и национализмот го поврзаа со важната одлука за или против промената на името на Макеоднија.

Александар Кржаловски, како преставник на Цивика Мобилитас, извршен директор на МЦМС, ги повика граѓаните да си го остварат правото на глас, без разлика како ќе се изјаснат. Според него ќе победи гласот „за“, но не се знае дали ќе се постигне цензус.

Александар Кржаловски, МЦМС

„Ние правевме две анкети за референдумот, и едната е дека има стабилна подршка „за“ референдумот, околу 41 посто, но не е доволно за цензусот на референдумот, иако околу 58 посто рекоа дека ќе излезат на гласање… “, изјави Кржаловски.

Милка Смилевска, новинарка

„Јасно е дека ако референдумот биде успешен, таа волја на граѓаните на политичарите ќе им биде многу лесно да ја преточат во уставни амандмани, нивно гласање и поддршка со двотретинско мнозинство во Собранието, а потоа и поддршка од претседателот на државата“, изјави новинарката Милка Смилевска.

Таа истакна дека сме општество кое секогаш е на некаква раскрсница и секогаш треба да одлучува за некои историски одлуки. Во овој момент, според неа, сме исправени пред таквов историски чин.

„Ќе дојде први октомври ќе треба да се погледнеме во очи ќе треба да си кажеме ајде сега да продолжиме да живееме… мислам дека ќе биде тешко“, изјави Мерсиха Смаиловиќ, активистка за човекови права и правата на бегалците од Легис.

Мерсиха Самиловиќ, Легис

Смаиловиќ преку личното соочување на припадност го опиша односот меѓу патриотизмот и национализмот.

„ Јас мислам дека во оваа држава е најбитно да сте граѓанка, да придонесувате, да се едуцирате и бев среќна што бев од тие 3% што го прочитаа Договорот. Не само што го прочитав, туку и го проучував… Гордо се пофалив на фејсбук дека како правничка им стојам на услуга на сите што не го прочитале да им разјаснам за спорниот член 7 и очекував дека ќе се развие дебата… но, дебата се одвиваше во правец дека јас не сум Македонка и немам право да зборувам за Македонија…“, изјави Смаиловиќ на панел дискусијата „Патриотизам да, национализам – не“.

„Не е патриотизам дали ќе бојкотираш. Не е патриотизам дали имаш став. Конечно, во една демократска држава патриотизам може да биде и да го запалиш знамето на државата, ама што со тоа?“, го постави прашањето новинарката Санта Агрирова.

Санта Агрирова, новинарка

Таа  го постави и прашањето колку време ќе треба да се сфатиме дека национализмот е погубен и дека тој е оној кој всушност кочи многу поголем прогрес и подобри идеи за животот да биде поубав.

Звездан Георгиевски, новинар

„Ние во овој момент имаме две Македонии во однос на референдумот.  И тие што ќе бојкотираат или се против себе си се сметаат за патриоти затоа што сметаат дека договорот и штети на Македонија. И тие што се „за“ се сметаат себе си за патриоти бидејќи сметаат дека тоа е најдобро за оваа држава“, изјави новинарот Звездан Георгиевски.

Активистот од Легис, Јасмин Реџепи, го постави прашањето дали треба да се гордееме со патриотизмо на луѓето од минатото или пак да ја зграбиме оваа можност што ни се пружа и да покажеме колкави патриоти сме ние сега.

Јасмин Реџепи, Легис

„Национализмот е нешто што не тера да се заштитиме себеси кога немаме добри дела па се повикуваме на делата на некоја си група на којашто припаѓаме“, изјави Реџепи.

Дијана Тахири, ЦИВИЛ

Дијана Тахири од ЦИВИЛ истакна дека може да се биде патриот и родољуб во помирувањето на семејството, државата и народот, но дека не може да се биде патриот и шовинист, уништувајќи го својот дом преку омраза на семејството, воспевајќи ја патријата и нацијата во златен кафез кој што и покрај сиот сјај е сепак кафез на осаменост и отуѓеност.

„Јас цел живот живеам во Скопје и се додека Турците не го отворија „Рамстор“ реткост беше да се види жена со марама како седи на кафе. Тоа беше така, бидејќи им пречеа отровните погледи на луѓето што ги гледаа и не им беше пријатно. Национализмот постои дури и во верските објекти, колку и да мислиме дека не е така…“, додаде меѓу другото Тахири.

„Навистина би сакал да видам и да доживеам – да дојде животот во Македонија, за сите. Буквално, за сите. Да го снема ова лудило коешто се уште е присутно, лудилото на национализмот, на шовинизмот, на таа омраза кон сите поинакви, не само во национална смисла, туку буквално, кон сите ’инакви’…“, посочи Синиша Станковиќ од ЦИВИЛ.

Синиша Станковиќ, ЦИВИЛ

Со проектот „Патриотизам – да, национализам -не“ се поставија прашањата за тоа што е патриотизмот, а што национализмот, кои се придобивките од едниот, а последиците од другиот? Што можат граѓанките и граѓаните, а што институциите и другите структури на моќта во земјата да направат, за да се надминат последиците од деструктивното влијание на национализмот?

На панел дискусијата беа презентирани и наодите и преораките базирани на одговорите од анкетите и интервјуата што ЦИВИЛ ги спроведе во изминатите 11 недели.

Биљана Јордановска 

 


Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

Tags: Александар КржаловскиЗвездан ГеоргиевскиЈасмин РеџепиМерсиха СмаиловиќМилка Смилевсканационализампанел дискусијапатриотизамСанта АгрироваЦивилЏабир Дерала
Share8TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ