• Latest

Говорот на омразата не е слобода на изразување

February 16, 2019
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Говорот на омразата не е слобода на изразување

February 16, 2019 14:41
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Говорот на омразата преставува термин кој означува говор чија намера е да деградира, вознемири, да предизвика насилство или активности, врз основа на предрасуди  врз основа на нивната раса, род, етничка припадност, националност, сексуална ориентација, родов идентитет, хендикеп, политички ставови, занимање или изглед или која било друга особина, против едно лице или групи.

Терминот „говор на омраза“ се однесува и на пишана и на усна комуникација или некои форми на однесување на јавно место. Секој може да биде жртва на говорот на омраза. Но, освен директен говор или пишана комуникација, говорот на омраза може да се изрази и преку испишување на навредливи симболи, графити, палење на знамиња или верски симболи…

Според законот, говор на омраза е секој говор, гестикулација или однесување, пишан текст, или приказ кој што е забранет поради можноста да поттикне насилство или предрасудно дејствување против или од страна на некоја заштитена индивидуа или група, или поради што се деградира или заплашува одредена индивидуа или група.

Во меѓународниот пакт за граѓански и политички права (ICCPR) е наведено дека -,,секој напор за застапување за национална, расна или религиозна омраза кое би водело до потенцијална дискриминација, непријателство или насилство треба да биде забрането со закон. Конвенвијата за елиминирање на сите форми на дискриминација забранува секакви напори за поттикнување на расизам (ICERD).”

Голем дел од граѓан(к)ите, сепак, не разликуваат, односно не ги познаваат границите помеѓу слободата на изразувањето и говорот на омразата, па така, често се повикуваат токму на слободата на изразувањето. Но, има разлика помеѓу овие два поима. Слободата на изразувањето како право произлегува од идејата за еднаквост во слободите и правата на сите луѓе, а главната разлика е во тоа што говорот на омраза повикува на дискриминација или насилство.

Светот, а ниту нашето општество, не се имуни на феноменот „говор на омраза“. Честопати наидуваме на секакви навреди, повици за насилство и слично, особено на социјалните мрежи, онаму каде што надлежните не можат во целост да делуваат. Социјалните мрежи се исполнети со секакви погрдни зборови, служат и за групирање на одредени поединци каде ги разменуваат своите деструктивни пораки.

Граѓаните се скептични кога станува збор за пријавување на говорот на омразата, бидејќи не се сигурни дека надлежните ќе реагираат брзо и соодветно, а секоја покрената постапка за истите е за поздравување и треба служи за поттик во иднина да имаме сѐ помалку такви случаи!

Во нашиот случај, професори, новинари и други јавни личности „негуваат навики“ да користат говор на омраза, занемарувајќи ги последиците што од тоа можат да произлезат.

Доколку сакате да да пријавите говор на омраза тоа може да го направите во Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, на Црвеното копче, во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk.

ЦИВИЛ е организација која долги години се бори против говорот на омразата, во континуирана соработка со граѓанските новинар(к)и и граѓан(к)и.

А. Петровска


Со цел да придонесе кон јакнење на јавната свест за правото на глас, како и за нерегуларностите во изборните процеси, ЦИВИЛ започна со серија едукативни текстови за различни аспекти на изборните процеси. 

Граѓанките и граѓаните што имаат информации за кршење на правото на глас, злоупотреби, притисоци и други нерегуларности во текот на изборниот процес, можат да пријават на онлајн формуларот Слободни избори или да контактираат со ЦИВИЛ на monitoring.civil@gmail.com, во инбокс на ФБ страницата на ЦИВИЛ или да се јават на 02/5209176.

Share70TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ