По повод контра-парадата одржана во Битола, „Вистинска парада на гордоста“, чија цел, според организаторите е „Да се зачуваат вредностите на брак, мајка, татко и деца“.
За оваа конзервативна контра-парада, накратко се произнесе проф. Мирјана Најчевска на својот профил.
„Мислам дека станува збор за вредности кои ги посакуваат и луѓето кои беа на парадата на гордоста во Скопје. Тие не протестираа против брак, мајка, татко и деца. Напротив. Тие бараат да им се овозможи брак и да бидат мајки и татковци и да имаат деца“ – напиша проф. Најчевска.
Кратко и јасно. Нема потреба од дополнителни коментари.
За говорот на омразата насочен против Парадата на гордоста што се одржа во Скопје на 26 јуни, се уште нема реакција од надлежните институции.