Нова герила акција која предупредува на лажните вести, а овој пат тоа наместо пораки на мобилен телефон, беа транспаренти кои ги држат луѓе во толпа.
На транспарентите на макетите со претставени луѓе беа испишани пораки со некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации пласирани во земјава: „АСНОМ е избришан од Уставот“, „Со договорот од Преспа станавме Северномакедонци“, „Путин ја ослободува Украина од фашизмот“, „Се градат кампови за Македонија да ја населат стотици илјади мигранти“.
Пораката на ваквата акција е граѓаните да не наседнуваат на лажните вести и секогаш да ги проверуваат изворите на вестите, односно да се запознаваат со дезинформациите кои имаат цел да ги збунат и погрешно наведат, но често пати и дикретно излажат со некаква политичка или комерцијална цел.