Додека обичните граѓани едвај врзуваат крај со крај со малите плати и високите цени во маркетите и огрмните сметки за комунални услуги, истовремено министри, државни функционери, национални координатори се сопственици на акции во странски компании, скапи недвижности и огромни имоти дома и во странство, и поседуваат луксузни автомобили, дебели банкарски сметки. Која е тајната за стекнување на вакви богатства. Штедливост, или е во прашање нешто друго?
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали и каде има мито и корупција во земјава?
ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Доколку сметате дека може да биде загрозена вашата приватност, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот може да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Редакција ЦивилМедиа