Управата за јавни приходи информира дека кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб-страница https: ujp-gov.mk/potvrda.
-Граѓани, никако не отворајте ја оваа лажна веб-страница, бидејќи од вас бара да пополните полиња со вашите лични податоци, податоци од платежна картичка и да прикачите фотографија од вашата лична карта. Споделувањето на вашите лични податоци преку оваа лажна веб-страница, може да предизвика нивна злоупотреба, предупредуваат од УЈП.
Оттаму потенцираат дека веб-страница е лажна и не e во сопственост на Управата за јавни приходи.
-Испраќачот на пораките се обидува да ги злоупотреби името и логото на УЈП и да ги доведе во заблуда граѓаните, да споделуваат лични податоци и на тој начин да се изложат на ризик и можна злоупотреба. Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со оваа состојба, соопштуваат од УЈП.