• Latest

Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

April 24, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

Перманентната криза како нова нормалност: од геополитика до институционален колапс – oва е разговор што не нуди утеха, туку јасност.

April 24, 2026 10:33
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ИНТЕРВЈУ, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во ова 60-минутно издание на 🎙️ КОНТЕКСТ, проф. д-р Александар Иванов од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола нуди прецизна и безкомпромисна анализа на мултиполарниот свет, перманентните кризи и слабостите на македонскиот безбедносен систем.

„Со еден куп анализи – ништо не се смени.“

– Проф. д-р Александар Иванов

Во време кога кризите не доаѓаат поединечно, туку се преклопуваат и меѓусебно се засилуваат – од војни и геополитички тензии, до климатски ризици и хибридни закани – безбедноста претставува динамичен и постојано нарушуван процес. Во таков контекст, концептот на „перманентна криза“ сè почесто се наметнува како клучна рамка за разбирање на современиот свет, особено во услови на мултиполарност и зголемена неизвесност.

Како што нагласува Иванов, „не се работи за нагла промена, туку за транзиција кон мултиполарен свет, во кој државите повеќе не се водат од апстрактни вредносни блокови, туку од географија, логистика и балансирање на заканите“.

„Заканите денес не се мерат со бројот на тенкови и авиони – тие имаат различни форми и се манифестираат на начини што тешко се предвидуваат“, изјави проф. Иванов во КОНТЕКСТ на ЦИВИЛ Медиа.

Во таква поставеност, класичните параметри на безбедноста веќе не се доволни. Напротив, како што посочува Иванов, современите ризици сè почесто се појавуваат како сложени, непредвидливи и системски поврзани процеси.

„Модерните катастрофи не мора да доаѓаат од бомби или земјотреси – доволно е системско прекинување на процесите за да се предизвика колапс“, рече тој.

Проф. Иванов е еден од најконзистентните аналитичари на геополитиката и безбедносните процеси и предизвици во земјата и регионот. Неговите ставови, обликувани низ академска прецизност и долгогодишно истражување, нудат јасен и трезвен поглед кон слабостите на институциите, ограничените капацитети за справување со сложени кризи, но и кон пошироките геополитички влијанија што директно се рефлектираат врз Западниот Балкан, но и многу пошироко.

Особено остар е неговиот увид за состојбата дома.

„Со еден куп анализи – ништо не се смени“, вели Иванов.

Овој краток заклучок, во својата едноставност, ја отсликува длабочината на институционалниот застој. Иванов оди чекор понатаму:

„Националниот безбедносен систем не само што слабее – тој колабира и во момент на криза се сведува на импровизација“, опсервира проф. Иванов.

Овој институционален проблем, според него, не е случаен, туку структурен.

„Кај нас постои ‘governance gap’ – институционален јаз што ја забавува реакцијата и ја прави кризата потешка.“

Во вакви услови, времето станува клучен фактор за преживување на системот.

„Во фрагментиран систем, времето на реакција е збир од детекција, координација и командување – и токму таму губиме време што во криза е пресудно“, посочува нашиот соговорник.

Оттука, прашањето не е само дали заканите се препознаваат, туку дали системот е способен да реагира навремено и координирано.

„Прашањето не е дали ги препознаваме ризиците – туку дали сме способни да се организираме и да изградиме отпорност“, констатира проф. Иванов во КОНТЕКСТ.

Интервјуто отвора и пошироки теми – од војната во Украина и геополитичките тензии, до климатските промени како нова безбедносна реалност.

„Постојат несоборливи научни докази дека човекот има влијание врз климатските промени – проблемот е што ја забрзуваме динамиката на промени на кои системот не може да се адаптира“, категоричен е проф. Иванов.

Во таа смисла, климатските ризици веќе не се само прашање на животна средина, туку директно прашање на безбедност.

„Климатските промени не познаваат граници – тие бараат заеднички, глобален пристап.“

Во ова интервју, Иванов зборува за тоа дали веќе живееме во ера на постојана нестабилност, колку Северна Македонија е подготвена да одговори на повеќеслојни закани, како климатските промени се трансформираат во безбедносен ризик, и зошто хибридните операции – од дезинформации до сајбер напади – стануваат сè поефикасни токму во услови на криза. Разговорот отвора и суштинско прашање: дали институциите навистина учат од сопствените слабости – или само ги повторуваат, со сè поскапи последици.

Ова е разговор што не нуди утеха, туку јасност. И токму затоа е неопходен.

 


КОНТЕКСТ: Простор за вистинските прашања што политиката ги избегнува

Tags: безбедноствојнагеополитикамултиполарност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ