• Latest

Од утре нови полимерни 10-ки и 50-ки, книжните нема да важат

May 14, 2018
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Од утре нови полимерни 10-ки и 50-ки, книжните нема да важат

May 14, 2018 11:28
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од утре во оптек влегуваат првите полимерни пари, во апоенска вредност од 10 и 50 денари. Со почетокот на употребата на новите банкноти од оптек се повлекуваат досегашните книжни 10-ки и 50-ки кои нема да бидат законско средства зо плаќање.

Од НБРМ соопштуваат дека основната разлика меѓу полимерните и книжните пари што се повлекуваат од оптек е токму материјалот што се користи како подлога за печатење ‒ хартијата изработена од памучни влакна се заменува со специјална подлога, супстрат изработен од биаксијално ориентиран полипропилен. Во соопштението појаснуваат дека поради постигнување компатибилност за печатарска изведба на овој супстрат за изработка, направено е соодветно приспособување на основниот дизајн на овие пари. Меѓу другото, наместо водениот печат што го содржеа книжните, полимерните пари во апоенска вредност од 10 и 50 денари ќе содржат транспарентен прозорец во кој се вградени препознатливи елементи од нивниот оригинален дизајн. Поконкретно, кај апоенот од 10 денари е претставен стилизиран цртеж на паун, додека кај апоенот од 50 денари има приказ на гравура на рановизантиска монета.

Заштитниот конец кај полимерните пари се гледа како испрекината линија, со јасно испишан текст „НБРМ“, додека кај книжните пари коишто се повлекуваат од оптек, тој е вткаен во хартијата и под дејство на светлина се гледа како непрекината линија со јасно испишан текст „НБРМ“.

Како заштитни знаци, полимерните пари во апоенска вредност од 10 и 50 денари, меѓу другото, содржат и микротекст видлив само со лупа, двоен пасер и скриена слика, а ќе имаат и УВ-својства. Накратко, супстратот за изработка на полимерните пари овозможува нивниот дизајн да содржи безбедносни карактеристики и заштитни знаци коишто не може масовно да се репродуцираат со употреба на воспоставените техники за фалсификување пари.

На овие пари во апоенска вредност од 10 и 50 денари има и ознака во вид на издигнати точки за распознавање на апоенот од страна на лицата со оштетен вид.

Супстратот којшто се користи за изработка на парите во апоенска вредност од 10 и 50 денари коишто утре влегуваат во оптек, не се оштетува лесно, што не е случај и со хартијата. Анализите покажуваат дека животниот век на парите изработени од полимер е подолг за 2,5 до три пати, а во некои случаи и за четири пати од оној на парите изработени од хартијата во чијашто основа се памучни влакна. од НБРМ сметаат дека покрај тоа што долгиот животен век на полимерните пари има прагматична вредност при нивната секојдневна употреба од страна на граѓаните, дополнително се очекува дека со пуштањето во оптек на полимерните пари, во иднина, ќе биде многу помала потребата од нови изданија со иста апоенска вредност. Тоа, додаваат,  значи заштеда и на ресурси и на средства.

Народната банка ги потсетува граѓаните и правните лица дека доколку и од утре, 15 мај, поседуваат книжни пари во апоенска вредност од 10 и 50 денари, имајќи предвид дека тие веќе нема да бидат законско средство за плаќање, нив ќе можат бесплатно да ги заменат за други пари или ковани пари во еквивалентен износ. Од 15 мај годинава до 15 мај 2019 година, ќе можат да ја извршат замената во деловните банки во Република Македонија. По 15 мај следната година, замената ќе може да се изврши исклучиво во Народната банка.

Потсетуваат дека кованите пари во апоенска вредност од 10 и 50 денари и натаму ќе бидат во оптек, односно и натаму се законско средство за плаќање во Република Македонија, поради што за нив не треба да се врши замена за други пари во еквивалентен износ.

Од утре започнува и периодот во којшто правните лица коишто ги одржуваат машините за обработка на пари и автоматите за наплата со готовина на територијата на Република Македонија ќе можат да ги приспособат софтверите за да ги препознаваат карактеристиките и заштитните елементи на полимерните пари во апоенска вредност од 10 и 50 денари.

– Влегувањето во оптек на полимерните пари во апоенска вредност од 10 и 50 денари на 15 мај годинава е значаен момент во работењето на Народната банка. Од утре, Република Македонија ќе биде на мапата на државите чијашто централна банка има започнато процес на полимеризација на парите на националната валута. Македонскиот денар ќе се вбројува меѓу валутите чии пари со пониска апоенска вредност, коишто се и најзастапени во одвивањето на готовинските трансакции, се изработени на најсовремен начин и од најсовремен материјал. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 10 и 50 денариполимерните банкноти
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ