• Latest

„Детето не знае дека нема, бара да јаде!“

June 17, 2016

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Детето не знае дека нема, бара да јаде!“

June 17, 2016 13:21
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Јас одам да питам со детето, по цел ден. Кој ќе даде, кој нема да даде… Социјално не земам. Никакво социјално ние не земаме. Барем да земам социјално за децата, ќе биде подобро…“ вели една од соговорничките од тетовското Ромско маало на граѓанската новинарка Хазизе Јонузи. Видео материјалот е потресна приказна за мајките и децата од само еден заеднички двор во Маалото, кои ја споделуваат тешка судбина, осудени на беда и немаштија…

Мевљуде Красниќи: Еве, ние како што гледате, како што дојдовте, доаѓале кај нас, гледале со камери, проверувале, ама никој не ни помага. Никој не помага. Ни влегува вода внатре во другата соба. Јас ги викнав да ја видат собата, тоа вода, тоа кал… Никој не доаѓаше. И ние кога ги праќавме таму, тие само ќе влезеа во дворот, а потоа веднаш излегуваат.

Колку членови сте вие?

Мевљуде Красниќи: Ние сме во дворот три куќи. Во тие три куќи ниту еднаш не дошле. Доаѓаат само накратко, снимаат и бегаат.

За јадење и пиење ви донесоа нешто?

Мевљуде Красниќи: Ништо само кисела вода. Не, само обична вода. За нашата куќа никој ништо не донесе. Еве, како што знае Господ, и ние имаме право да зборуваме за ова. Сето маало тогаш зема храна, ние не земавме.

Од Општината Ве посетија?

Мевљуде Красниќи: Само влегоа низ вратата, снимаа внатре, а потоа си отидоа. Јас им велев да дојдат, оти водата ми е внатре. Моите деца немаат кај да спијат, немам со што да ги облечам. Цела река се направи од водата.

Работи некој маж од кај вас? Од што живеете?

Мевљуде Красниќи: Не, маж ми не работи. Со едно социјално од 3.000 денари живеам. Дали пелени да купам за децата, дали за јадење, што да правам со тие пари? Не ми стигнуваат за цел месец. Пет деца имам. Едното ми е близнак и почина.

https://www.youtube.com/watch?v=CeOlh9MmZq4

Кај вас другиве?

Ибадет Красниќи: Исто и ние така, како што збори јатрва ми, исто и ние сме биле вака, мислам поделени сме ние, ама во еден двор живееме. Исто како нив, и нас не фаќа поплава. Јас имам две деца. Маж ми не работи, оди во депонија со шишиња. Со коњот, со шишињата.  Плата не зема…

Не земате социјално?

Ибадет Красниќи: Не земам јас социјално.

Зошто?

Ибадет Красниќи: Пуштив (барање) за трето дете ама не ми прифатиле. Имав контроли и затоа.

Дали пред избори доаѓаат политичарите? Ви ветуваат ли нешто?

Ибадет Красниќи: Не доаѓаат… Доаѓаат, доаѓаат за да гласаме за нив и не ни помагаат ништо. Порано одев да гласам, ама сега не отидов да гласам за никого.

А тие ви ветуваат дека ќе ви помогнат нешто?

Ибадет Красниќи: Ниту ни помагаат ниту ништо, за џабе гласавме и ништо не ни направија, рекоа дека ќе го наместат патот, но не го направија.

Мевљуде Красниќи: А кога одиме да питаме, доаѓаат полицајци. А ние, да не сте вие – ќе умрат нашите деца за леб.

Што прават полицајците кога ве фаќаат?

Ибадет Красниќи: Ги земаат децата и ги носат во Социјално. Еве, ова се нејзини деца.

Во Скопје ги праќаат?

Ибадет Красниќи: Да, едвај си ги земаме децата,,, (Покажува кон детето) Не може да оди. И без да му правиме социјално, не сакаат да му помогнат. Зошто не сакаат, не знам. Што да му направам? Јас му давам да пие млеко. А нема со што да го купиме млеко. Има трошоци, има пелени…Ми велат да го носиме на физикална терапија. Ме праќаат на операција – да видиме што ќе правиме. Дали ќе прави операција, не знам. Што да му направам? А овдека кај нас не помагаат. Бев стопати да му направам социјално, не сакаат. И за големото и за малото дете. Што да правиме? Вака живееме… Имаме трошоци, а немаме за јадење и за пиење. Дете е, тој бара да јаде и пие. Тој не знае дека нема. А јас одам да питам со него, по цел ден. Кој ќе даде, кој нема да даде. Јас социјално не земам. Никакво социјално ние не земаме. Барем да земам социјално за децата, ќе биде подобро…


 

civiv-lenses-logo-en-lf-500x414-500x414Оваа содржина се објавува во рамките на јунскиот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот „Граѓански објектив“ наЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Tags: предизборни ветувањаРомско Маалосиромаштијасоцијална правдаТетово
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ