• Latest

Кој ќе ни го излечи здравството?

June 21, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кој ќе ни го излечи здравството?

June 21, 2017 15:30
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Поминавме десет години во дијагностицирање на проблемите во здравството, од долговите на државните клиники, ужасната состојба на болниците пред распаѓање, најголема стапка на смртност на новороденчиња во регионот, дефицитарни лекарства, доктори со сомнителни квалитети, поранешен министер кој промовираше апликации за оперирање, милионски тендери фрлени во вода, сомнителни лекови и медицински материјали, пациенти заглавени во лавиринтите на „нивниот термин“, мито, корупција, Јателе и Тителе, Мирко и Славко…

Пишува: Маја Ивановска

Далеку од тоа дека верувам во чуда, но искрено се надевав на нешто повеќе, од веќе видените популистички мерки. Линијата на новиот министер д-р Арбен Таравари, ме потстетува на емисиите со „Баба Рада“, само што никој не ги гледа. Ако се точни информациите дека дневно добива околу 7.000 пораки од кои значителен број се прашања поврзани со проблеми со хемороиди и слично, можам само да заклучам дека ниту милиони светлосни години нема да му помогнат на министерот за да одговори на сите. А да не зборуваме за она што навистина му е работа, како министер.

Со сета должна почит кон отвореноста, кон средбите со над триесетина здруженија на пациенти, кон искрената желба да го отвори Министерството и да биде транспарентен при поставувањето нови директори на медициските установи, сепак Таравари е човек кој изминатите години работел и се соочувал со сите проблеми на државната клиника и во здравството, воопшто. Со други зборови, човек кому не му се непознати сите овие проблеми што одново ги констатираме!

Започнавме со смената на директорите, ама некои од нив, кои се голема болка за македонското здравство, изгледа, ќе ги гледаме и понатаму, затоа што нивните корења се толку испреплетени во целата мрежа на корумпираното општество, базирано на капитални промашувања по државното ни (не)здравство, а толку благословени – за нивните сопствени џебови.

Ние веќе знаеме дека здравството ни е тешко болно, како систем. Знаеме дека е поставен на лоши темели, дека е долгорочно неодржлив и секоја година создава огромни дефицити, и материјални и кадровски… Знаеме дека здравјето и човечкиот живот немаат цена, но исто така, знаеме дека своја цена имаат лековите, апаратите, помагалата, образованието, усовршувањето…, сè! Па, ако здравјето и животот немаат јавно истакнати цени, тие може прилично добро да се апроксимираат, со неизбежните трошоци за нивно одржување…

Иако за сите промени мора да се слуша, пред сè, гласот на врвните професионалци, здравствениот систем изгледа нема и не може да го излечат министри – доктори. Колку и да се истакнати во професијата. Зашто, темата не е само медицинска, туку и економско-политичка. И мора да се поправа со длабоки резови, од корен, со „ампутации“ ако треба. Нема никаква корист од постојано дијагностицирање, од утврдување на состојбите и од меѓусебни препукувања. Решението е комплетна реконструкција на системот, која започнува од тоа дека ниту во здравството не поминува лагата од типот дека 2+2=5. Или 6…

Со други зборови, пациентите во Македонија повеќе немаат време за лажни ветувања за бесплатно здравство, преписки по телефон или популистички статуси на Фејсбук, кои колку и да се искрени, на крајот на денот, не ги решаваат нивните проблеми.

Пациентите се тука, денес! Тие чекаат. Континуирано дијагностицирање на нешто веќе утврдено, без определување адекватна терапија, чини животи. Оние животи кои немаат време, а и цена.

 

Tags: здравјездравствоКорупцијаминистерпациентипопулизамсистемТаравари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ