• Latest

Лидерите на 30 политички партии ќе дискутираат за изборите и кризата

May 10, 2016

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лидерите на 30 политички партии ќе дискутираат за изборите и кризата

May 10, 2016 09:01
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 30 политички партии најавија учество на нивните највисоки претставници на денешната јавна дискусија „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ. Јавната дискусија ќе се одржи денеска, 10 мај, во хотел Континентал, со почеток во 10:30 часот. 

Ова е четврта јавна дискусија на оваа тема, а трета со политичките партии. Во претходните изданија на оваа серија настани, учествуваа по речиси дваесет политички партии кои не се вклучени во преговорите за надминување на политичката криза, процесот кој произлезе од Договорот во Пржино. Едно издание на серијата јавни дискусии се одржа со учество на претставници на бордот на експерти на ЦИВИЛ, во соработка со ГОНГ, Хрватска.

На денешната јавна дискусија се поканети сите политички партии, вклучувајќи ги и политичките партии кои ги водат преговорите. До овој момент, од партиите кои ги водат преговорите потврда за учество испрати само лидерот на опозициската СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА не се одѕваа на поканата на ЦИВИЛ.

Прашањата и темите на кои ќе говорат партиските лидери се однесуваат на изборниот процес, како што се импликациите од одлуката за бојкотирање на изборите, како и прашањето дали тоа ќе придонесе кон решавање на кризата или ќе ја продлабочи. Понатаму, на дискусијата ќе се разговара за тоа дали треба да има нов датум за избори или мора да се инсистира прво да се создадат услови за слободни избори, а потоа да се утврди датум за нив. Партиите ќе ги изнесат и своите ставови и предлози за излез од политичката криза во Македонија.

Денешната јавна дискусија ќе трае два часа и ќе се состои од два дела:

Во првиот дел, претседател(к)ите на политичките партии ќе имаат излагања од по 3 минути, а во вториот дел, подиумот ќе биде отворен за кратки излагања на други претставници на политичките партии од по една минута, како и прашања и коментари од останатите учесници.

 

Освен големиот број политички партии, присуство најавија и голем број претставници на организации на граѓанското општество, дипломатските претставништва, институциите и заинтересирани граѓанки и граѓани.

Настанот се одржува во рамките на проектите „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија и „Напред!“ – проект за изборен мониторинг, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

 

Tags: избориплурализамполитичка кризаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ