• Latest

Медиумската писменост е „вакцината“ против „инфекцијата“ на токсичните содржини

January 31, 2025

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Медиумската писменост е „вакцината“ против „инфекцијата“ на токсичните содржини

January 31, 2025 16:18
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во денешниот дигитален свет, медиумската писменост е од клучна важност за борбата против говорот на омраза. Медиумската писменост не се однесува само на способноста да се разбере и анализираат медиумски содржини, туку и на свесноста за нивната етика, влијание и потенцијал да шират негативни пораки.

Медиумската експертка Марина Тунева за ЦИВИЛ Медиа вели дека имајки предвид дека живееме во времиња во коишто информациите кружат со невидена брзина, токму медиумската писменост би била „вакцината“ која ни е потребна за да го заштитиме јавниот дискурс од “инфекцијата“ на токсичните содржини. Таа им овозможува на граѓаните не само да препознаат проблематични содржини, туку и активно да се спротивстават на нив.

„Медиумската писменост не е само едукација на граѓаните, туку и континуирана обука на новинарите, воспоставување етички стандарди во медиумите и ангажирање на институциите во креирање политики кои ќе го поддржат овој процес“, вели Тунева.

Таа додава дека неодамнешниот извештај од Советот на Европа документира зголемување на инцидентите и сериозноста на говорот на омраза ширум европските држави, нагласувајќи ја потребата од зајакнување на медиумската писменост како средство за борба против овие појави. Ваквите наоди ја нагласуваат критичната важност на медиумската писменост во нашето општество.

„Медиумската писменост не е само тренд или избор, таа е неопходност. Секој од нас, од граѓаните до медиумите и институциите, има активна улога во зачувувањето на вистината и во градењето општество засновано на заемно почитување и демократски вредности. Со медиумската писменост, можеме не само да се одбраниме од омразата, туку и да изградиме иднина во која јавниот дискурс ќе биде извор на поврзување, а не на разединување“, вели Тунева.

Претседателот на Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) Петрит Сарачини, за ЦИВИЛ Медиа вели дека медиумската писменост е исклучително важна за справување со говорот на омраза во медиумите и во јавната комуникација воопшто. За жал, повеќе истражувања покажуваат дека во земјава има ниско ниво на медиумска писменост, што придонесува за некритичко восприемање на медиумските содржини кои поттикнуваат говор на омраза кај публиката од сите возрасти. Затоа, треба да се забрза процесот на целосно воведување на медиумската писменост во образовниот процес, од прво одделение па сè до четврта година средно образование, а и на факултетите.

„Тоа е клучно за младите да бидат свесни и критички да ги восприемаат информациите и да не дозволат да бидат жртви на говорот на омраза или негови пренесувачи. Иако ефектите на медиумската писменост не може да бидат видливи веднаш, таа е мошне важна инвестиција за иднината на демократијата и почитувањето на човековите права, бидејќи ќе придонесе за создавање генерации кои ќе бидат свесни за штетните влијание од говорот на омраза, кој создава поделби и поларизација во општеството, а предизвикува и насилство и кривични дела од омраза“, вели Сарачини.

Снежана Трпевска, од Институт РЕСИС и член на Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) за ЦИВИЛ Медиа вели дека најголем број жалби што ги добива Комисијата за жалби во последниве неколку години се за онлајн медиумите, особено за коментари со говор на омраза и дискриминирачки содржини под медиумските текстови објавени на социјалните мрежи.

„Така, во 2024 година, Комисијата за жалби при Советот за етика идентификуваше вкупно 64 прекршувања на Кодексот на новинарите и на Насоките за етичко известување на онлајн меидумите, направени во 33 медиумски текстови за кои беа поднесени жалби до Советот за етика. Второто најчесто прекршување е членот 10 од Кодексот, кој се однесува на говорот на омраза, се однесуваше на содржини со кои се поттикнува насилство или дискриминација врз која било основа – констатирани се 12 прекршувања, или 19% од вкупниот број. Од овие прекршувања, само две се однесуваат на медиумски текстови во кои се поттикнува дискриминација врз етничка основа, а сите други беа поврзани со експлицитен говор на омраза – врз основа на сексуална ориентација, во коментарите на корисниците објавени под медиумски текстови“, вели Трпевска.

Таа вели дека во овој фрагментиран дигитален свет, публиката (а со неа и огласувачите) масовно се пресели на социјалните мрежи. И традиционалните медиуми и онлајн медиумите, очајнички трагајќи да досегнат до повеќе корисници, а со тоа и до спонзори, своите содржини ги објавуваат и на социјалните мрежи.

„Во тој океан од информации кои секојдневно се пласираат на мрежите натпреварувајќи се за вниманието на публиката, првото правило на многу онлајн медиуми е да смислат што поинтересен и шокирачки наслов надевајќи се дека што повеќе корисници ќе „кликнат“ на него или ќе „искоментираат“ во просторот за коментари под него. Во сензационалистички и контроверзно напишаните  наслови, многу медиуми намерно ги игнорираат професионалните правила и ефектот што нивната објава може да го постигне кај публиката, повикувајќи се на тоа дека корисничките коментари не се нивна уредувачка одговорност. За професионалните медиуми, активното модерирање на содржината на коментарите под нивните текстови објавени на социјалните мрежи, во последнава деценија беше едно од најтешките прашања“, вели Трпевска.

Медиумската писменост не е само важна за потрошувачите на медиумски содржини, туку и за самите креатори на содржини. Кога секој од нас е свесен за моќта што ја има во светот на медиумите, можеме да придонесеме во намалување на говорот на омраза и изградба на поинклузивно и толерантно општество. Борбата против говорот на омраза не е само одговорност на новинарите или властите, туку и на сите нас како медиумски свесни и одговорни граѓани.

Дехран Муратов


Овој напис е подготвен во рамките на проектот Мрежа за разновидност 2.0 – Нова агенда.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ