На 17 декември потсетуваме на седумнаесеттиот член од Универзалната декларација за човекови права: 1.Секој има право да поседува имот, сам, а и во заедница со други, 2.Никој не смее да биде произволно лишен од својот имот.
Во Република Македонија сo овој закон се уредуваат правото на сопственост и другите стварни права во согласност со Уставот. Право на сопственост можат да стекнуваат сите домашни и странски физички и правни лица, вклучувајќи ја и државата и единиците на локалната самоуправа, под услови и на начин предвидени со овој и друг закон.
Сопственоста создава права и обврски и треба да служи за добро на сопственикот и на заедницата.
На ствар на која постои право на сопственост можат да се засноваат ограничени стварни права, како што се правото на службеност, правото на залог, правото на реален товар и други стварни права, под услови определени со закон.
Правото на сопственост и другите стварни права се остваруваат врз основа на слободна диспозиција со нужни ограничувања предвидени во Уставот и законите.
Се гарантира правната заштита на сопственоста.
Стекнувањето, заштитата и престанокот на правото на сопственост и на другите стварни права се уредуваат со закон.