• Latest

Сабриоски: Без слободни медиуми нема демократија

November 24, 2017

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Сабриоски: Без слободни медиуми нема демократија

November 24, 2017 14:03
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарот Сунаи Сабриоски, во интервју за ЦИВИЛ Медиа зборува за слободата на изразување, медиумските слободи и активизмот, за улогата на новинарите и медиумските работници во подобрувањето на состојбите во медиумите, за измените на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги.

ЦИВИЛ Медиа: Што подразбирате под слобода на изразување, медиумски слободи и активизам?

Сабриоски: Слободата на изразување како концепт при градење на една индивидуа е многу битен сегмент за секоја личност. Затоа што сметам дека слободата на изразување не треба да се бара единствено низ оние правни дефиниции. Битен сегмент во слободното изразување е семејството.

Од аспект на медиумите тука нема многу што да се зборува. Постојат многу извештаи, како од домашни така и од странски организации коишто алармираат на прекршувањето на слободата на изразување на медиумите.

Ако зборуваме за активизмот во онаа новинарска смисла сметам дека новинарот не може да си дозволи секоја информација којашто ќе ја слушне да ја пренесе како таква, бидејќи новинарот во новинарството има двојна улога, едната е како примач на информацијата, а другата како пренесувач на истата. Не велам дека новинарот којшто апсолутно работи во доменот на објективното новинарство, избалансираното новинарство, не придонесува кон активизмот во оваа професија и воопшто во општеството.

Новинарот пред сè е човек којшто гради јавно мислење и затоа мора да внимава на начинот на којшто го пишува текстот, на начинот на којшто се изразува и што може да предизвика во иднина. Така што, сметам дека апсолутно постои некој вид на активизам, но не оној чист активизам, за којшто, пак, голем дел од активистите можат да го направат за разлика од новинарите.

ЦИВИЛ Медиа: На кој начин ги поддржувате или можете да ги поддржите слободата на изразување, медиумските слободи и активизмот?

Сабриоски: Сметам дека не треба во никој случај да се зборува за тоа дека треба да се поддржува слободата на изразување, бидејќи човекот се раѓа со таа слобода. Од аспект на медиумите, дали треба да ги поддржуваме? Апсолутно, да! Но, тука сепак постои оној клиентелизам којшто многу влијае на тоа дали ти ќе придонесеш или не. Кога велам клиентелизам, пред сè мислам на бизнис интересовните групи и секако Владата. Доколку владата се меша во работата на новинарот, во уредувачката политика на медиумската куќа, тогаш не можеш многу да придонесеш во таа борба. Ако се вратиме на она што претходно го зборувавме за активизмот ќе видиме дека клучната алка не е само новинарот, туку се и уредникот, каналите преку кои се пренесуваат информациите, во насока на подобрување на состојбата на слободата на изразување и слободата на медиумите. Затоа што ако немате слободни медиуми, немате ни демократија. Многу битен сегмент за една држава да се декларира како демократска е токму слободата на изразување и медиумската слобода.

Во изминатиот период имаше еден наплив на случувања како Шарената револуција, големите настани коишто се случија на 27 април во Собранието. Тоа се моменти кои придонесоа да се развие дебатата и истата да биде аргументирана и конструктивна.

ЦИВИЛ Медиа: Дали се соочувате со притисоци од политичките и бизнис центрите на моќ и како се справувате со истите?

Сабриоски: Доколку се случи такво нешто, бидејќи јас сум таква личност и сметам дека тоа ќе биде од јавен интерес, сигурно ќе се дознае. Тука е прашањето колку новинарот, колку уредникот, колку медиумската куќа се способни да се носат со тоа доколку се случи некаков притисок.

Лично, не ми се случило мене во текот на мојата досегашна работа да имам некаков притисок од било кои интересовни групи, бизнис заедници или одредени институции. Имало некои реакции, некои барања, но тие не можеме да ги сметаме за притисоци. Барањата се однесувале на тоа како да го фокусирам текстот, како да известувам и слично. Меѓутоа, пак ќе кажам, тука сум јас којшто одлучува како ќе го уреди текстот и што ќе му пренесе на уредникот, а уредникот е тој којшто ќе одлучи дали таа информација ќе се пласира или не.

Во однос на притисоците не дека ги нема, за тоа се зборува многу одамна. Имавме ситуации каде што голем дел на новинари се најдоа во канџите на судството, па не можеа да излезат од истите. Така што, заради тие бизнис интересовни групи коишто се обидуваат да влијаат се доведуваме во ситуација повторно да бидеме на дното на оние извештаи во однос на слободата на изразување и медиумските слободи.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите препораки во контекст на борбата за слобода на изразување и медиумските слободи?

Сабриоски: Борбата за слободно изразување не треба и воопшто да постои. Таа сама по себе треба да биде слободна. Доколку треба да имате борба за да барате некаква слобода, тогаш имате некаков дисбаланс во целиот општествен систем. Така што препораките не се од денес, не се од вчера. Сите упатуваат на тоа дека државата треба да ги тргне рацете од медиумите, дека медиумите треба да бидат апсолутно слободни во креирањето на таа програмска шема, бидејќи тие се луѓето коишто креираат јавно мислење, коишто допираат до одредена заедница, до одредени интересовни групи.

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Фотографија: Биљана Јордановска


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: @активизамМедиумипритисоцислободно изразувањеСунаи Сабриовски
Share113TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ