• Latest

Станковиќ: Целта на нашите проекти е навистина слободна Македонија!

February 3, 2017
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Станковиќ: Целта на нашите проекти е навистина слободна Македонија!

February 3, 2017 13:23
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Проектот ‘Напред!’ го спроведе една ‘шарена’ екипа. Кога нашите гости од ГОНГ од Хрватска нé посетуваа, беа секогаш на прв поглед, вџашени, како воопшто функционираме во тој колоплет на јазици, религии, традиции, навики, нервози, различни мислења, караници. Пред секое наше тргнување на пат низ Македонија, на луѓето од страна им делувавме класично, балканско-импровизаторски, меѓутоа, и овие двесте страници кои сега ги промовираме, се најдобар доказ дека сето тоа што го работевме изминатата година, извонредно функционирало“, рече уредникот на ЦИВИЛ Медиа, Синиша Станковиќ на промоцијата на публикацијата „Избори 2016“. 

„За жал, веројатно ќе треба уште неколку години вака да се патува, олку да се разговара, олку да се пишува, па и да се вреска по медиумите и на сиот глас на плоштадите… Тоа е и едно од обележјата на ‘семејството ЦИВИЛ“, како што убаво нé нарече нејзината екселенција, амбасадорката. ЦИВИЛ не е канцелариска невладина организација, туку организација која дури и некои од колегите од невладиниот сектор ја нарекуваат – ‘прашинарска’. Еве и зошто, ова е дневен распоред: Од Скопје до Македонски Брод, оттаму до Долнени, па до Крушево, оттаму до Демир Хисар па до Новаци, оттаму до Битола, и оттаму до Куманово, и конечно, назад во Скопје…. Од рано наутро, до доцна во ноќта. Всушност, до утредента, рано наутро. Со еден автомобил, маршрута од 500 километри низ Македонија, посети на 6 населени места, за 18-19 часа… Во секое од тие места, средба со претставници на политички партии, делење флаери, средба со колеги од медиумите, прес-конференции за активностите на ЦИВИЛ – Центар за слобода, средби со претставници на невладиниот сектор на локално ниво, и секако, она што е за нас и најважно, средби со граѓаните, на улиците и плоштадите…

Секој од тимовите на ЦИВИЛ, обично поради родовиот баланс, две машки и две женски, патуваше и работеше сé… Нашиот тим, на пример, четворица активисти, еден возач, еден директор, еден уредник, тројца новинари, една професорка, еден политиколог, еден анкетар, еден истражувач, еден снимател, еден фоторепотер… Всушност, сепак, само четворица ЦИВИЛ-и, кои во сите овие ‘функции’, се сретнуваа со граѓаните, и по секоја средба, оттаму од лице место, испраќаа текстови, извештаи, фото-галерии и видео-прилози, кои ‘сидрашите“ во канцеларијата/редакцијата во Скопје веднаш ги објавуваа на порталите на ЦИВИЛ. Ова наизглед е неверојатно конфузно, но функционираше, за што сведочи и оваа публикација.

Или, ако сакате уште еден пример, еден друг ден, во некои други градови низ Македонија, со маршрута ‘скусена’ на само 400 километри, но со средби во седум градови и населени места… Не ни се случувало како на некои естрадни уметници на нивните турнеи, присутните соговорници да ги поздравиме со ‘Добар ден Свети Николе!’, а да се наоѓаме  во Крушево, но ни се случувало да не сме сигурни каде ќе ја преспиеме ноќта…

Ова беше една долга, тешка и макотрпна година за Македонија, за ЦИВИЛ и особено за мене лично, но сепак, она што за мене, како најстар член на ‘семејството’ е најзначајно од сé, затоа и насловот на уводникот во публикацијата го насловив ‘Проект Слободна Македонија’, е тоа што сум убеден – дека следниот проект ќе се вика ‘Навистина – Слободна Македонија’! Дали ќе успееме, не зависи само од нас, ние ќе го правиме тоа што го правевме целата година зад нас…

Сакам да им се заблагодарам на сите помлади колеги од оваа шарена и исчашена екипа, со кои во текот на целиот проект разменуваме од една страна искуство, од друга страна, елан и желба за работа, и со кои низ целата земја ги спроведувавме трите наши определби – активизам, журнализам и, она што за жал, одамна е речиси исчезнато од Македонија – идеализам“, рече меѓу другото, Станковиќ.

 

Tags: „шарена“ екипа@активизамжурнализамидеализаммаршрутапрес-конференцииСиниша СтанковиќсредбиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ