• Latest

Станковиќ: Да ја надминеме омразата, за да живееме троа попристојно!

September 15, 2018
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Станковиќ: Да ја надминеме омразата, за да живееме троа попристојно!

September 15, 2018 14:45
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ме теши тоа што сепак, стануваме попрагматични… Не дека сум нешто вљубен во НАТО, не сум воопшто… Не дека сум нешто оптимист дека Македонија некогаш ќе влезе во ЕУ – не сум воопшто… Меѓутоа, тоа е единствениот излез за Македонија! Можеме да разговараме за прагма, а и да разговараме за алтернативата, за ’планот Б’. Е, тој не постои!“, изјави Синиша Станковиќ, од ЦИВИЛ на панел-дискусијата „Патриотизам – да, национализам – не!“ 

„Роден сум во држава во која поминав половина од животот, а другава половина, ја поминувам во Македонија. Во онаа првата, патриотизмот ни го билдаа низ разно-разни организации, главно идеологизирани, нормално, но извонредно успешни во својата работа, од пионерите и младинците, преку извидниците, феријалците, работните акции.. За жал, во новата, самостојна држава, ние отфрливме дел од моралните норми кои владееја дотогаш. Арно ама, не создадовме нови, во образованието го ’заборавивме’ патриотизмот… И вториот дел од животот ми помина во залудните заложби – од Македонија да созадеме барем троа попристојно место за живеење. Македонија, денес, ни оддалеку не е пристојн место за живеење!

Колку и да изгледа чудно, денес, во модерно време кога се бришат граници, да се гради патриотизмот, тоа сепак, не е нешто негативно. Но, местото на патриотизмот му е на спортски натпревари, таму каде што треба да се искаже љубовта, чувството за лојалност, чувството на припадност…, кој како сака нека го нарече и толкува. За разлика од национализмот, особено во една држава како нашата, во која секојдневно имаме изблици на говор на омраза, на шовинизам и на фашизам, држава во која деца ни се бодат по улици со ножеви, заради припадност на нација или заради заблуденоста од нивните политички вождови, кои наместо да им овозможат било каква иднина, им продаваат налудничави идеи… Чудно ми е денес да зборувам за национализам…

Татковина, патриа, отаџбина… Јас пак, патриотизмот  повеќе го врзувам со терминот – домовина, онаму каде што ти е домот. Апсолутно го почитувам правото на нашето иселеништво да се грижи за земјава од која потекнува. Апсолутно го почитувам правото на дијаспората да си ја сака земјата од која потекнува и нормално, како што за жал, најчесто и прави, да сака тука да биде погребана. Меѓутоа, би сакал, и нас, кои тука го минуваме животот, да не остават и ние малку да поживееме, да живнеме од живуркањево… Ако може, малку од малку поасално, отколку во изминативе 27 години…

Навистина би сакал да видам и да доживеам – да дојде животот во Македонија, за сите. Буквално, за сите. Да го снема ова лудило коешто се уште е присутно, лудилото на национализмот, на шовинизмот, на таа омраза кон сите поинакви, не само во национална смисла, туку буквално, кон сите ’инакви’…“, посочи Станковиќ.

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска


Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

Tags: дијаспораЕУморални нормиНАТОнационализамомразапатриотизамтатковина
Share45TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ