• Latest

(ВИДЕО) Извештајот на Глобалната иницијатива за борба против транснационалниот организиран криминал ги истакнува ранливостите во безбедноста на балканските пристаништа

July 26, 2022

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО

(ВИДЕО) Извештајот на Глобалната иницијатива за борба против транснационалниот организиран криминал ги истакнува ранливостите во безбедноста на балканските пристаништа

July 26, 2022 14:37
in ВЕСТИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пристаништата со контејнери во Југо-Источна Европа стануваат сè по поранливи на трговија со
недозволени стоки, се вели во извештајот насловен „Порозни пристаништа: Истражување на
поморските балкански патишта“, публикуван денеска од Глобалната Иницијатива Против
Транснационалниот Организиран Криминал.

Истакнувајќи голем број големи заплени на кокаин, хероин и цигари од 2018 година па до ден
денеска, авторите сугерираат дека традиционалниот „балкански пат“ за трговија преку копно се
надополнува со поморски патишта кои стигнуваат до пристаништата во Јадранското, Егејското и
Црното море.

„Се чини дека има промена во моделите и шемите на шверц “, изјави коавторот Волтер Кемп.
„Тоа веројатно е така поради мерките наменети за ограничување на миграциските текови и
КОВИД; ефектот на поместување на големите заплени на кокаин во Белгија и Холандија; и
прекинот предизвикан од војната во Украина, шеверцерите сега бараат алтернативни патишта.”

Големите заплени на кокаин – обичично задскриени во кутии со банани – во пристаништата како
Драч (Албаниа), Плоче и Ријека (Хрватска) и Солун (Грција) предизвика сомнеж дека
пристаништата во Југо-Источна Европа стануваат се поатрактивни за трговците со луѓе. Овие
констатции идат во прилог на големите заплени на хероин во пристаништата Констанца
(Романија), Копер (Словенија) и Варна (Бугарија), како и долгогодишниот проблем со шверцот на
цигари, кој се одвива особено преку пристаништата Бар (Црна Гора) и Пиреја (Грција).

На картата подолу се прикажани пристаништата (во Албанија, Бугарија, Хрватска, Грција, Црна Гора, Романија и Словенија) кои ја формираат основата на анализата во оваа студија. Овие пристаништа беа избрани за да обезбедат преглед на различни типови на пристаништата (врз основа на големината, сопственоста, локацијата и историјата на заплените) и да се проценат нивните ранливост на организиран криминал

Базираните заклучоци се врз студија на случај за овие девет комерцијални пристаништа во
регионот, а извештајот ги следи главните рути на трговија со луѓе и ги објаснува употребените
техники за прикривање. Извештајот, го разгледува и екосистемот на пристаништата и нивните
ранливости и ги опишува криминалните актери кои дејствуваат во и околу пристаништата.

„Во некои пристаништа, се чини дека постојат ќелии на криминални групи кои работат како дел
од пошироки транснационални мрежи“, вели главниот автор Руџеро Скатуро.
„Неколку пристаништа се магнети за криминал, кои не само што ги привлекуваат локални
криминални групи туку ги привлекуваат и оние од земјите без море на кои им е потребен излез
до морето. Зголемените инвестиции во инфраструктурата ќе ги направат балканските
пристаништа попривлечни за бизнисот – законски и незаконски. Затоа е важно да се подобри
безбедноста на регионалните пристаништа, како и да се зголеми соработката меѓу институциите
за спроведување на законот долж поморските балкански рути“, додава тој.

Во извештајот се забележува дека безбедноста на пристаништата во југоисточна Европа е подобрена во изминатата деценија поради поголемите инвестиции во технологијата, усогласувањето со меѓународните безбедносни стандарди, како и поддршката и обуката од организации како Канцеларијата на ОН за дрога и криминал и ЕВРОПОЛ, и билатерална помош.

Но, како и во другите пристаништа низ светот, техничките подобрувања понекогаш се
поништуваат поради корупција.

Извештајот, истовремено, ја нагласува и ранливоста на реката Дунав од нелегална трговија.

„Се чини дека Дунав е „слепа точка“ и таа заслужува поголемо внимание, особено поради
потенцијалот за шверц на гориво“, вели Кемп.
„Заканата од нелегалните пазари околу Црното Море треба да поттикне поблиска регионална
соработка со главна цел а таа е за спроведување на законот“, предложи тој.

Авторите, дополнително, препорачуваат поголема соработка помеѓу управителите на
пристаништа, полициите, бродските компании и царинските агенции долж познатите рути на
нелегална трговија, на пример помеѓу Латинска Америка, Западна Европа и Западен Балкан.

„Треба да преминеме од само гледање на безбедноста на пристаништата кон следење и
нарушување на транснационалните текови“, заклучува Скатуро.

М.Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ