• Latest

Како Европа да седне на „високата маса“ на новиот поредок?

March 24, 2026

Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

April 16, 2026

РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

April 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

April 16, 2026

Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

April 16, 2026
Ерол Ризаов

Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

April 16, 2026

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

April 15, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

April 15, 2026

Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

April 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Како Европа да седне на „високата маса“ на новиот поредок?

March 24, 2026 07:05
in АНАЛИЗИ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Александар Иванов

„Си оди поколение, и доаѓа ново, но земјата останува. Сонцето изгрева и заоѓа и повторно брза до местото каде што изгрева. Ветрот дува кон југ и оди наоколу на север… Сите извори течат кон морето, но морето сепак не се преполнува… Она што било, ќе биде, и она што е направено – е она што ќе се направи, и нема ништо ново под сонцето.“- Соломон.

Во тие старозаветни реченици има повеќе геополитика отколку во многу современи стратегии. Светот денес сака да изгледа како епоха на радикален пресврт, како да сме влегле во време во кое старите правила веќе не важат. Но ако се оттурне дневната врева, логиката останува застрашувачки стара. И понатаму силите се групираат, ресурсите го одредуваат хоризонтот на слободата, технологијата станува продолжена рака на државната моќ, а безбедноста повторно го оттурнува комфорот. Нови се само темпото и алатките. Затоа и прашањето што денес стои пред Европа не е романтично, туку егзистенцијално: дали ќе остане еден од субјектите што ја пишуваат историјата, или ќе стане најубаво уредениот музеј на отворено во светот?

Последните пет века Европа не беше само географија. Таа беше мотор на светската приказна. Од Шпанија, Русија, Австро-Унгарија, Германија, Португалија, преку Британија и Франција, до поствоеното обединување, европските држави ја кроеја трговијата, војните, правните модели, колонијалните експерименти, индустриските револуции и идеолошките судири. Дури и кога Европа се самоуништуваше во двете светски војни, таа остануваше епицентар на светската историја. По 1945 година, интеграцијата не беше чин на сентиментална мудрост, туку прагматичен одговор на стравот од сопственото пропаѓање. Континентот ја виде бездната на незначајноста и првпат сериозно се исплаши од неа.

Но во тој период на закрепнување има една лекција што денес се заборава. Да, Европа се спаси и благодарение на американската моќ. Да, трансатлантското партнерство беше столб на западната безбедност. Да, Черчил ја разбра нужноста на американскиот сојуз далеку пред многумина други. Но и покрај американскиот чадор, клучните европски држави не ја укинаа сопствената реална моќ. Германија ја задржа индустриската дисциплина и технолошката длабочина. Франција ја бранеше автономијата на своите стратегиски капацитети и денес останува најблиску до целосен одбранбен суверенитет во Европа. Британија, и по распадот на империјата, ја зачува воената, разузнавачката и нуклеарната тежина. Европејците знаеја и кога треба да делуваат заеднички: Ербас за цивилната авијација, европски конзорциуми, заеднички програми, индустриска подлога што не ја препушташе целосно судбината во туѓи раце. Со други зборови, Европа знаеше да биде сојузник на Америка без да стане нејзин безличен продолжеток.

Големата грешка не се случи во 1945 година, туку по 1991-та. По распадот на Советскиот Сојуз, Европа поверува не само дека Студената војна е завршена, туку дека историјата како трајна пресметка на интереси и моќ е суспендирана. Тоа беше најскапата илузија на континентот. Европа реши дека може истовремено да биде економски џин, морална вертикала и пацифистички пример, без сериозна инвестиција во тврда моќ. Воените буџети се релативизираа, индустриската логика се пренасочи кон цивилниот сектор, општествата се навикнаа на комфор, а огромна инвестициска енергија се префрли во пазари како кинескиот. Континентот почна да се однесува како да живее надвор од историјата, иако се наоѓа во нејзиното најстаро географско јадро.

Ова е она што јас го нарекувам трагедија на нарцисоидните народи. Не затоа што Европа нема вредности, туку затоа што поверува дека вредностите сами по себе се доволна заштита. Либералната структура на европското општество беше подигната високо, но остана без вистински чувар. Меката сила стана идентитет, а тврда моќ – непријатна тема што се оттурнува како надмината потреба. Но меѓународниот систем не наградува добри намери, туку способност да се заштитат. Вредност без сила станува молба. Право без одбрана станува пожелба. Просперитет без заштита станува покана за притисок. Европа не погреши затоа што веруваше во мирот, туку затоа што поверува дека светот веќе станал доволно цивилизиран за мирот да не бара чувар.

Во меѓувреме, внатрешната Европа остана заробена во своите мали национални психологии. Франција сакаше да води, често под влијание на сопствената големодржавна самосвест. Германија сакаше да произведува, извезува и заработува, уверена дека трговијата сама по себе ќе создава стабилност. Источните членки, со историските трауми од советското минато, ја гледаа безбедноста низ логиката на закана и бараа безусловен американски чадор. Резултатот беше не стратегија, туку какофонија: Франција сакаше улога, Германија пазар, истокот одмазда за минатото, а Брисел регулаторна самодоверба без доволно политичка тежина зад неа. Во таква Европа, автономијата беше речник, а зависноста практика.

Оваа слабост особено јасно се виде во односот кон енергијата. Во свет на кризи, енергијата не е само стока – таа е валута на суверенитетот. Она што една држава ја прави вистински суверена не е само знамето, туку континуитетот: способноста да го одржи општеството, индустријата, комуникациите и одлучувањето кога ќе дојде кризата. Ако немате стабилна енергија, немате континуитет. А ако немате континуитет, немате слобода на одлучување. Токму тука Европа направи една од своите најскапи грешки. Под влијание на постматеријална логика, делови од континентот почнаа да ги затвораат дури и нуклеарните капацитети за цивилна намена, како да е возможно системската отпорност да се замени со добра намера. Но електроенергетските системи не работат со желби, туку со базна енергија, мрежи, резерви, логистика и отпорност. Во геополитички свет, оној што го држи прекинувачот, го држи и хоризонтот на вашите одлуки.

Ако 20 век беше век на нафтата, 21 век е век на податоците – но и тие не се толку нематеријални како што сакаме да мислиме. „Облакот“ не е облак. Тој е физички сервер, хард диск, дата-центар, подводен кабел, процесор, систем за ладење и беспрекорен проток на струја. Вашите податоци имаат географија. Тие се наоѓаат некаде. И токму затоа хард дискот станува новата нафта: не затоа што ги заменува енергенсите, туку затоа што ја одредува новата архитектура на моќта. Оној што ги поседува дата-центрите, полупроводниците, облачната инфраструктура и капацитетот за анализа, тој не само што ја контролира економијата, туку и брзината на политичката реакција. А во дигиталната ера, брзината е моќ.

Затоа Европа повеќе не смее да зборува за суверенитет како да е само правна категорија. Денес суверенитетот има најмалку четири материјални столба: енергија, индустрија, одбрана и податоци. Ако една Унија не може сама да обезбеди доволно енергија, ако критичните синџири на производство зависат од надворешни центри, ако безбедноста е целосно делегирана на други, а податоците ѝ се складираат и обработуваат надвор од нејзината ефективна контрола, тогаш таа може да биде нормативна сила, но не и вистински геополитички субјект. Европа мора да разбере дека дигиталниот суверенитет е исто толку важен колку и воениот. Облаците на кои се чуваат европските податоци мора да бидат на европско тло, под европски правила и заштитени од европски капацитети. Во спротивно, континентот ќе остане регулатор на туѓи технологии – а тоа е власт без реален допир со моќта.

Но додека Европа спиеше во својата илузија, светот не стоеше во место. Во последните години добиваме сѐ појасни сигнали дека глобалната политика влегува во нова фаза: наместо колективен систем на правила, се раѓа логика на „одбори на моќта“ – мали, брзи, трансакциски коалиции што решаваат неформално, а потоа по потреба бараат институционален печат. Најважното предупредување не е дека институциите слабеат, туку дека сите се навикнуваат на нивната слабост. Тоа е опасната точка. „Правото на посилниот“ не доаѓа како гром; доаѓа како рутина. Прво како исклучок, потоа како преседан, а на крај како нова нормалност.

Токму тука лежи новата опасност за Европа. Континентот долго се однесуваше како да е природен домаќин на поредокот и автоматски седнува на секоја маса каде што се кројат светските одлуки. Но новиот свет повеќе не признава историска заслуга како траен билет. Денес, ако не носите ресурси, брзина, технолошка тежина и безбедносен капацитет, ризикувате од актер да станете публика. А старата цинична метафора повторно станува реалистична: ако не сте на маса, лесно можете да завршите на менито. За малите држави тоа е суров закон на опстанок. За Европа тоа е предупредување дека и континентите можат да бидат маргинализирани ако одбијат да ја признаат промената на граматиката на моќта.

Токму затоа прашањето „како Европа да седне на високата маса?“ повеќе не е прашање на престиж, туку на преживување како политички субјект. Во свет во кој Индија забрзано расте, Кина гради сопствен технолошки и воен космос, САД ја бранат својата централна позиција, а регионалните сили сѐ поотворено бараат дел од новата распределба на влијание, Европа не може да се потпира само на минатата слава, регулативата и пазарната големина. Таа мора повторно да стане сила што може да штити, да одвраќа, да произведува, да дејствува и – кога е нужно – да презема ризик.

Прво, Европа мора повторно да почне да мисли континентално. Тоа значи дека враќањето на Обединетото Кралство во политичкиот хоризонт на Европа е не само пожелно, туку нужно. Не зборувам за носталгична реплика на минатите институционални модели, туку за студена пресметка. Европа без Британија е помалку глобална, а Британија без Европа е помалку влијателна. Во свет на големи блокови, ваквото раздвојување е луксуз што Западна Европа не може да си го дозволи. Историјата не прашува кој бил емотивно во право во 2016 година; историјата прашува кој денес има капацитет да преживее како целина.

Второ, Европа мора да води сериозен разговор за заедничка одбранбена архитектура, вклучително и за нуклеарното одвраќање. Оваа тема е непријатна, но светот не станува помалку опасен затоа што ние одбиваме да ја именуваме опасноста. Ако Франција и Британија се единствените европски нуклеарни сили, нивниот потенцијал мора да биде вграден во поширок европски стратешки дизајн, со политичко и индустриско вклучување на Германија и Италија. Не затоа што Европа треба да се вљуби во деструкцијата, туку затоа што во свет на големи сили одвраќањето останува последната брана од катастрофа. Мирот не се чува со надеж, туку со кредибилна способност да го одбраните.

Трето, Европа мора да го заокружи Галилео како вистински глобален сателитски систем со целосна цивилна и безбедносна примена. Оној што нема сопствен поглед одозгора, гледа со туѓи очи. А во време на ракети, дронови, автономни системи, разузнавачка анализа и управување со кризи, тоа е неприфатлив облик на зависност. Галилео не е само технолошки проект; тој е предуслов за навигација, комуникации, рано предупредување и стратегиска автономија.

Четврто, Европа мора да создаде интегриран енергетско-дигитален штит. Тоа значи многу повеќе од зелена транзиција сфатена како политички слоган. Тоа значи базна енергија, нуклеарни и други стабилни капацитети, интерконектори, паметни мрежи, складирање, резерви, алтернативни системи и дата-центри што можат да преживеат во криза. Без континуитет на енергијата, нема континуитет на државата. А без континуитет на дигиталната инфраструктура, нема континуитет на економијата, управувањето и безбедноста.

Петто, Европа мора повторно да ја отвори својата геополитичка имагинација кон Глобалниот Југ, особено кон Африка и Јужна Америка. Во Африка, Европа не може повеќе да настапува како уморен учител што држи лекции за вредности, а не нуди безбедност, инфраструктура и почит. Таму нејзиниот главен дефицит не е пари, туку легитимитет. Во Јужна Америка, пак, Европа има многу подлабок цивилизациски и институционален континуитет отколку што сака да признае. Тој простор не смее да се гледа само како пазар или егзотична периферија, туку како природен партнер во идниот поредок на стандарди, критични минерали, трговија и дигитални правила. Ако Европа не ги види овие простори како дел од пошироката архитектура на своето влијание, тогаш ќе остане затворена во сопствениот двор додека светот се прегрупира без неа.

Шесто, Европа мора да престане да се доживува себеси само како последно прибежиште на правото и конечно да стане и негов гарант. Тука не се работи за откажување од нејзината мека сила, туку за нејзино потпирање со реална моќ. Европа има нешто што другите центри на сила тешко го произведуваат: способноста да ги претвори правилата во нормалност, а нормалноста во предвидливост. Тоа е нејзиниот најголем цивилизациски адут. Но денес тоа веќе не е доволно ако зад правилото не стои капацитет за спроведување, заштита и одбрана. Нормите без моќ се проповед. Моќта без норми е груба доминација. Европа мора да стане нешто трето: политички субјект што знае да ги брани правилата затоа што разбира дека без нив најпрво ќе страдаат слабите – а потоа и самата таа.

На крајот, Европа нема повторно да седне на „високата маса“ затоа што некој ѝ должи столче од минатото. Во меѓународната политика местото не се наследува; се заслужува и се одржува. Ако Европа сака да биде повеќе од носталгија за сопствената историја, таа мора да се ослободи од две илузии. Првата е дека меката сила е доволна сама по себе. Втората е дека тврда моќ и цивилизациски вредности се спротивности. Токму спротивното е вистина. Само онаа Европа што ќе ја потпре својата норма со сила, својата слобода со енергија, својата економија со индустрија, својата безбедност со одбрана и својата демократија со дигитален суверенитет ќе може повторно да зборува како субјект, а не како публика.

Инаку, ќе продолжат да кружат ветровите, ќе течат реките, ќе доаѓаат и ќе си одат поколенијата – а Европа, наместо да ја пишува историјата, ќе остане само нејзин префинет коментатор.

Проф. д-р Александар Иванов е редовен професор на Факултетот за безбедност – Скопјe, специјализиран за безбедност на животната средина, меѓународни односи и трансформација на безбедносната наука во оперативна реалност.

Авторски права и одговорност
© 2026 проф. д-р Александар Иванов и ЦИВИЛ – Центар за слобода
Сите права се задржани.

Tags: геополитикаЕвропанов поредок
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ