• Latest

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Чешиново-Облешево

April 23, 2018

Скопје домаќин на тридневна меѓународна конференција демократија и хибридни закани

October 6, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Израел и Хамас на преговори во Египет за прекин на огнот во Газа

October 6, 2025

Втора недела изборна кампања

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Чешиново-Облешево

April 23, 2018 13:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани до Основното јавно обвинителствo Кочани поднесе кривична пријава против К.Л.(40) од село Облешево поради постоење основи на сомнение дека сторил две продолжени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“. Пријавениот во својство на службено лице, градоначалник на Општина Чешиново- Облешево искористувајки ја својата службена положба и овластување за време на својот мандат во четири случаи ја злоупотребил својата службена положба.

Министерството за внатрешни работи информира дека во првиот случај во периодот  од 11 април 2013 година до 1 ноември 2017 година 39 пати ги управувал службените патнички моторни возила “Пежо 207” и “Шкода Октавиа” сопственост на Општина Чешиново – Облешево без патни налози и истите ги користел за патување во странство за приватни цели.

Во вториот случај во периодот од 2014 и 2015 година во повеќе наврати ги пречекорил границите на своето службено овластување на тој начин што им овозможувал на лица вработени во општина Чешиново Облешево и други лица да полнат гориво од бензинската пумпа “Еуропетрол ДОО” Чешиново во нивните сопствени возила на сметка на Општината со што предизвикал дополнителна материјална штета во вкупен износ од 50.450 денари.

Во третиот случај горепријавениот во четири наврати во текот на 2015 година давал наредба на лице вработено во Општина Чешиново Облешево да полни бензин во туби и истите да ги носи кај пријавениот на домашна адреса, за истиот да го танкира своето приватно возило со што предизвикал материјална штета во износ од 4.634 денари и во четвртиот случај ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што без да склучи договор за давање на донација донирал гориво од вкупно 113 литри во износ од 5.502 денари на Х.Р. наводно за одржување на патека за моторџии во село Уларци постапувајќи спротивно на Законот за донации и за спонзорство во јавните дејности оштетувајќи го Буџетот на општината во вкупен износ од 5.502 денари.

Инаку, во периодот од 2013 до 2017 година пријавениот во својство на градоначалник со повреда на законските прописи за совесно постапување при вршење на овластување им овозможил на вработените во општината, но и за себе, да се користат службените возила за приватни цели без при тоа да се води уредна евиденција односно патен налог за целта на патувањето и евидентирање на измината километража и потрошено гориво. Со службеното патничко моторно возило “Пежо 207” кое пријавениот го користел во првите три години од мандатот како негово службено возило за изминати 162.271 километри потрошени се 765.094 денари, пари од општинскиот буџет за гориво, додека пак со службено возило “Шкода Октавиа” се поминати 63.879 километри за временски период од околу една година односно од набавка на возилото  ставање на истото во функција на општината на 19.10.2016 до 01.11.2017 година, при што се потрошени 151.121 денари за гориво , без при тоа да се состави ниту еден патен налог со што ќе се оправда патувањето на потрошеното гориво .

Со сите овие дејствиа К.Л. го оштетил буџетот на општина Чешиново –Облешево со вкупна сума од 976.801 денари.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: екс-градоначалниккривична пријаваМВРЧешиново-Облешево
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ