• Latest

Димов: Во досегашното работење вратени се 1.205.397.895 евра на доверителите

November 21, 2018
„Инцидентот“ за кој се извини Вучиќ, а за вистинската полициска бруталност власта во Србија молчи.

Легитимирање во Нови Сад предизвика „протест на власта“: Брзи реакции за „инцидентот“, тишина за претходните случаи на полициска бруталност

April 18, 2026
Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

Кремљовски шепотења

April 18, 2026
Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

April 18, 2026

Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

April 18, 2026

Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

April 18, 2026

РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

April 17, 2026

(ВИДЕО) Кога медиумите се бојно поле: д-р Волфганг Ресман за хибридното војување и проектот Hate-Less

April 17, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

April 17, 2026

Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

April 16, 2026

РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

April 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    „Инцидентот“ за кој се извини Вучиќ, а за вистинската полициска бруталност власта во Србија молчи.

    Легитимирање во Нови Сад предизвика „протест на власта“: Брзи реакции за „инцидентот“, тишина за претходните случаи на полициска бруталност

    Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

    Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

    Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

    ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Кој со Орбан тикви садел…

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ
    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ВЕСТИ

Димов: Во досегашното работење вратени се 1.205.397.895 евра на доверителите

November 21, 2018 12:56
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Зоран Димов, претседател на Комората на извршители на Република Македонија, зборува за професијата извршител, проблемите со кои се соочуваат тие, но и проблемите на граѓаните, нефункционалноста и некоордираноста на институциите и (не)оправданоста на критиките упатени кон нив. 

ЦИВИЛ МЕДИА: Професијата извршител за кратко време стана озлогласена професија во јавноста. Вашата работа е придружена со потресни социјални стории во кои извршителите се опишани како главни негативци. Вие не се согласувате со тоа. Зошто?

ДИМОВ: Тоа се повеќе прашања, ќе Ве замолам да ми дозволите да ги одговорам подетално.

Професијата извршител се претставува како една од најозлогласените професии во јавноста, но дали е тоа вистина? Пред да започнам да ги наведувам причините како дојде до тоа да извршителите така бидат претставени во јавноста треба да укажам на следниве неспорни факти а тоа се:

Пред донесувањето на Законот за извршување од 2005, кој почна да се применува во 2006г. и воведување на извршителите како носители на јавни овластувања, македонското судство беше затрупано со огромен број на предмети, а граѓаните беа заглавени во судските лавиринти со децении во очекување на судска одлука. По добивањето на судската  одлука, граѓанинот мораше да започне нова судска постапка за извршување на таа одлука, која временски траеше многу долго.

Министерството за правда со техничка помош од Проектот за модернизација на судството во Македонија финансиран од Американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) во јуни 2003 година започна со реформа на системот на извршување. По разгледување на системите за извршување од 12 европски држави, се постигна согласност за креирање на систем во Република Македонија по пример на Кралството Холандија.

Како резултат на тоа, Законот за извршување беше усвоен на 26 мај 2005година, а довербата и очекувањата дека новиот систем ќе ја подобри ефикасноста во спроведување на извршувањето во целост се остварија. Уште во самиот почетокот новиот систем на извршување се покажа дека е речиси три пати поефикасно од претходното судско извршување.

Овој успех  на брзо извршување на судските одлуки и последователно намалување на севкупното времетраење на постапката за донесување на одлука во судовите беше позитивно оценета во Истражувањето на Светска Банка “Doing Bussiness”и Македонија почна да се рангира повисоко меѓу земјите каде се создава позитивна клима за инвестирање. Овој позитивен тренд на ефикасно реализирање на побарувањата беше нотиранo во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија.

Со измените на Законот од 2010г. се предвиде старите незавршени судски предмети, чиј број беше околу 600.000, да се пренесат од судот кај извршителите најдоцна до 31.12.2011.  Извршителите ги превземаа предметите, но голем дел од тие предмети не добија завршница бидејќи должникот веќе не постои (правното лице згаснало), должникот е починат, а нема наследници, кои би го превземале долгот, стари и нецелосни адреси и слично.

Значи станува збор за еден многу долг период во кој согласно одредбите на Законот за облигационите односи (ЗОО), каматата на основната главнина не можеше да се стопира и да не тече до ден на исплата, а граѓаните, ни криви ни должни, требаше да ги плаќаат тие големи камати, заради непостапувањето на судовите.

Тоа е една од посериозните причини кои доведоа да извршителите бидат напаѓани, меѓутоа, се поставува прашањето дали тоа е по вина на извршителите. Тие, преку Комората на извршителите на Република Македонија (КИРМ), безброј пати ги воочуваа овие проблеми и тоа преголеми камати во однос на главнината, категоријата на граѓани што се засегнати со овие предмети и слични ситуации. Меѓутоа, согласно постоечките законски прописи извршителот не е тој што одлучува и решава за висината и времетраењето на пресметувањето на каматата. Република Македонија согласно Уставот е социјална држава и се грижи за социјалната сигурност и социјалните права на граѓаните.

Оваа ситуација ја искористија и неколку граѓански здруженија „Но пасаран“, „Конфедерација на независни синдикални организации на Македонија“, „Човекот над профитот“ и други, така што започнаа организиран прогон против извршителите, а беа и медиумски поддржани. Од посебно значење е тоа што до оваа состојба дојде и поради нестручното презентирање на фактите и доказите од страна на одредени поединци, така што, за граѓаните, наједноставно решение беше извршителите да бидат прогласени за виновни, за сета ситуација и целиот свој револт за долгото решавање на овој проблем во услови на тешка финансиска состојба неоправдано го насочат кон сите извршители како носители на јавни овластувања. Но, време е разумот да преовлада, затоа што Република Македонија не е само социјална држава туку и правна држава во која владее и правото.

Извршителите преку КИРМ веднаш ги подржаа и поздравија напорите на новата Влада за решавање на овие затекнати и стари проблеми што ги обременуваа граѓаните. Но за сѐ е потребно време и мирно решавање на проблемите согласно законските прописи.

Зоран Димов, претседател на Комората на извршители на Република Македонија

ЦИВИЛ МЕДИА: Очигледно, голем дел од проблемите останаа. Како мислите тие да се надминат? 

ДИМОВ: КИРМ на неколку пати предлагаше до Министерството за правда различни решенија, а сѐ во интерес и за добро на граѓаните.

Прво, и пред да влезе во Собранието Предлог на закон за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабелски оператори, радиодифузна такса, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, КИРМ потпиша Меморандум за соработка во почетокот на 2018г. со Министерството за труд и социјална политика.

ЦИВИЛ МЕДИА: Што постигнавте со тоа?

ДИМОВ: Пред сѐ, едно од главните обвинувања на граѓаните беше дека извршителот со блокирање на трансакциските сметки извршува социјална помош на граѓаните. Да, тоа беше можно поради фактот дека извршителот немаше никаква информација дека граѓанинот е примател на социјална помош т.е. немаше увид до постојните регистри, а секако и поради тоа што и самите граѓани не ги известуваа за тоа извршителите. Сега, сега со потпишаниот Меморандум, секој извршител ја добива потребната информација, така што повеќе не може да се блокира трансакциска сметка на примател на социјална помош и да се наплати истата од таков граѓанин. Истото важи и за преземање на други понатамошни извршни дејствија.

За да може извршувањето да биде ефикасно и економично единствен начин е извршителот да има пристап до одредени информации во рамки на интероперабилноста на информациите, за што извршителите веќе склучија и меморандум со Министерство за правда, односно, Управата за водење на матични книги, со цел да се добиваат бесплатни информации кои нема да бидат на товар на должниците. Извршителите посебно ги ценат напорите на Министерството во овој поглед.

Исто така, проблем беше и Законот за извршување од 2016 година, а кој стапи во сила на 01.01.2017 година, каде што голем дел од придобивките на законските решенија од Законот за извршување од 2005 година беа напуштени и заменети со неефикасни законски решенија. Тоа доведе до отстапување од основниот концепт на Законот за извршување од 2005 година и до револт не само кај должниците, туку и кај големите доверители и банките, кои покренаа иницијативи и барања за донесување на нови измени на постоечкиот закон. Во овој период, доверителите започнаа со отстапување на своите побарувања преку разни агенции за наплата.

ЦИВИЛ МЕДИА: Но голем дел од луѓето сѐ уште се огорчени токму на извршителите. Наша должност е да ја слушнеме и втората страна, во случајов, извршителите. Колку, според Вас, се оправдани критиките? Има ли меѓу Вас и такви што ја злоупотребуваат својата позиција?

ДИМОВ: И покрај заложбите на најголемиот број на извршители кои совесно и чесно ја вршат својата професија и кои и досега работеа согласно законските прописи, како и во секоја професија, така и во нашата, можат да се појават издвоени случаи. Затоа, во оваа прилика, посебно сакам да нагласам дека КИРМ се оградува од секакво непрофесионално и нестручно работење од страна на поединци.

Секој извршител треба да ги почитува законот и актите на комората, а одговара за своите постапки, не само пред КИРМ, туку и пред други органи, во зависност од  дадената ситуација. Сметам дека извршителската професија е една од најконтролираните професии во РМ.

Апелирам до сите граѓани, доколку постојат вакви случаи, да се обратат до КИРМ и да се информираат за нивните права.

Прво, дека имаат право на судска заштита, што значи дека на секој акт од извршителот и доверителот, должникот и трето лице има право на приговор и жалба до надлежниот суд.

Следно, дека претставка за работењето на извршителот и поведување на дисциплинска постапка може да биде не само по предлог на Претседателот на КИРМ, туку и по предлог на Претседател на основен суд како и Министерството за правда.

Во досегашната пракса има еден разрешен извршител, еден суспендиран извршител, а изречени се и многу високи парични казни како дисциплински мерки.

ЦИВИЛ МЕДИА: Редно е јавноста да ја запознае Вашата дејност од повеќе аспекти. Што всушност правите Вие? Кој е обемот на Вашата работа? Кој е корисник на Вашите услуги?

ДИМОВ: Извршителот е вршител на јавни овластувања. Како што знаете, извршуваме пресуди, судски спогодби, нотарски решенија, нотарски акти и управни конечни акти. Извршителот е крајна инстанца на еден успешно воспоставен функционален правен систем. Без улогата на извршителот во правниот систем извршните исправи ќе бидат само празна хартија. Сите 98 извршители ги извршуваат сите извршни акти во Македонија на целата нејзина територија. Извршителот ја реализира извршната исправа, ќе го наплати побарувањето и го заокружува претходниот правен процес. Со должникот постапува согласно законските одредби, внимава на ограничувањата согласно законот, а на доверителот му овозможува брза и законска наплата што е од посебна важност за правните лица во стопанството и за новите инвеститори.

Впрочем, затоа и има статистика согласно извештаите и оценките од страна на меѓународната јавност и Прибе. Странки во постапката се физички и правни лица, јавни претпријатија, државни органи и сл., а тука посебно би ги спомнал и наплата на алиментациите на самохраните родители, наплата на побарувања на физичките лица-приматели на социјална и друга помош и социјална загрозена група на граѓани кои се исто така учесници во правниот промет и имаат не само обврски него и права. Без ефикасно извршување нема ефикасен правен систем и правна држава. Освен паричните побарувања, предмет на извршување се и непаричните побарувања. Значи секое физичко или правно лице, јавно претпријатие, орган на локална самоуправа и државен орган може да е корисник на услугите на извршителите.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кој е финансискиот ефект од работата на извршителите?

ДИМОВ: Извршителите во досегашното работење на доверителите вратиле 1.205.397.895 евра.

Од 2006 година до ден денес благодарение на извршителите и Законот за извршување е обезбедена финансиска дисциплина меѓу субјектите. Денес, не само граѓаните, туку и правните субјекти веднаш по донесување и добивање на извршната исправа ги намируваат своите обврски и секој граѓанин го плаќа својот долг, не чекајќи да се оформи предмет кај извршител.

Како доказ на ова се и податоците дека во годината во која извршителите добиле најмногу предмети од комунална природа за физички лица, процентот е помалку од 1% во однос на сите издадени сметки за комунални услуги. И само заради илустрација КИРМ прибави информации од 3-4 јавни претпријатија за бројот на издадени сметки во текот на една година, каде се доби бројка од околу 12.000.000 сметки, а од нашата евиденција само 120.000 платни налози се примени кај извршителите во годината кога сме имале најмногу такви предмети од таква природа. Значи помалку од 1% од граѓаните корисници на комунални услуги се должници во постапките на извршување, што значи дека 99% од граѓаните доброволно ги намируваат своите обврските и не влегуваат во системот на извршување.

Во канцелариите на 98 извршители се вработени околу 600 лица, најголем дел од нив се високообразовани лица со положен правосуден испит и кои се оспособен и стручен кадар. Обезбеден е простор од околу 10.000 квадратни метри за потребите на архивите на извршителите, обезбедени се голем број на моторни возила заради извршување на дејноста, компјутерска опрема која се сервисира месечно и др. опрема која е неопходна за вршење на дејноста, а меѓу другото извршителите одговараат со целиот свој имот.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како ја дожувувате професијата извршител?

ДИМОВ: Извршителството е тешка и стресна професија, извршителот реализира и наплаќа, па затоа и реакцијата од должниците е најстресна и најдраматична.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се вашите предлози?

ДИМОВ: За да се подобрат сите детектирани проблеми и за да се унапреди извршувањето, КИРМ во соработка со Министерството за правда и Владата на Република Македонија, покрај и независно од новиот предлог закон  предлага и низа други измени, кои сметаме дека ќе бидат поповолни за граѓаните, кои нема да се базираат на основот на побарувањето, туку ќе се базираат на социјалниот статус на секој граѓанин, што значи дека граѓаните кои имаат најминимални примања ќе платат помалку за било какво побарување, а социјалните случаи ќе бидат ослободени од плаќање на трошоци кај извршителите.

Следно битен предлог е и допрезирањето на извршување врз предмети и права на Република Македонија и нејзините органи, единиците на локална самоуправа и јавните претпријатија и можност за решавање на проблемите во врска со ова на еден посоодветен начин. Во досегашната пракса граѓаните и правните субјекти имаа побарувања од голем број на јавни претпријатија и единици на локална самоуправа, кои беа утврдени со правосилни и извршни исправи, меѓутоа се создаде судска пракса со која Претседателите на основните судови по барање на јавните претпријатија и единици на локална самоуправа, донесуваа решенија со лимити, без рок на важење, а тоа резултираше граѓаните и правните субјекти да не можат да ги наплатат своите побарувања за подолг рок, со што истите трпеа ненадоместливи штети, дури одредени доверители со оглед на неможноста за функционирање стануваа должници заради ненаплатените побарувања од одредени јавни претпријатија, единици на локална самоуправа. Од таа причина КИРМ предложи и покрај тоа што парите не претставуваат предмети и права да се вметне измена на законот со која Претседателите на судовите ќе можат да донесат такви Решенија, но со рок не повеќе од 90 дена и таквото Решение да може да се донесе само уште еднаш како граѓаните и правни субјекти би биле заштитени со тоа сметаме дека и државата не би можела да биде доведувана во состојба да се задолжува со огромни камати заради постоење на нефункционални субјекти за кој е одговорна и би можело да дојде до голема заштеда на буџетски средства.

Овие предлози се предмет на дискусија и размислување помеѓу КИРМ и Министерството за правда и Владата на Република Македонија како предлагачи на измените на Законот за извршување, кои во подоцнежните фази од постапката на донесување на законот можат да бидат дообработени или допрецизирани.

Најбитно од се е сите засегнати страни да бидат задоволни и граѓаните како должници и доверителите, а се во интерес на владеење на правото и обезбедување непречено функционирање на извршувањето како најважен сегмент од правниот систем на Република Македонија. КИРМ соработува и секогаш е спремна за соработка со сите а се во интерес на владеење на правото и правната држава.

Share113Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Кој со Орбан тикви садел…

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ