• Latest

До Омбудсманот поднесени 191 претставки за повреда на правата на децата, насилството се уште присутно во училиштата

November 20, 2023
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

До Омбудсманот поднесени 191 претставки за повреда на правата на децата, насилството се уште присутно во училиштата

November 20, 2023 14:34
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Оваа година, заклучно со минатиот петок, кај Народниот правобранител поднесени се 191 претставки за повреда на правата на децата од различни области. И натаму најголем број на претставки се за повреди на правата на детето во рамки на семејството, односно семејно-правните односи, каде акцентот се става и на насилството врз децата во семсјството. Потоа бројни се претставките за повреда на правото во образованието – предучилишното, основното и средното образование и голем број на претставки се поднесени за заштита на децата од насилство или друг тип на злоупотреба, вклучително и булинг.

Ова го истакна Васка Бајрамовска-Мустафа, раководителка на Одделот за заштита на правата на децата при Канцеларијата на Народниот правобранител по повод презентацијата на Истражувањето спроведено од Народниот правобранител во партнерство со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во рамки на проектот „Децата на прво место!“, финансиран од ЕУ, а со кој се одбележува Светскиот ден на детето. Истражувањето, посочи таа, го стави акцентот на неколку прашања за тоа колку децата ги познаваат своите права, какво и нивното учество во донесувањето одлуки и какви се нивните перцепции и согледувања во однос на се пopисутната појава со насилствата врз децата во семјеството, надвор од семејството, булингот итн, пренесе МИА.

 

-Нашата пракса како институција Народен правобранител во согледување на состојбите укажува дека насилството е се уште присутно и зема сериозен замав во училиштата. Добро е тоа што децата го препознаваат меѓутоа, не се доволно охрабрени да го пријавуваат ваквото насилство, имајќи во предвид дека како жртви на насилство се јавуваат и машките и женските деца. Меѓутоа загрижувачки се причините зошто настануваат булингот и насилството меѓу децата, кои наместо да практикуваат дијалог во надминување на проблемите, го практикуваат насилството. Загрижувачки е податокот дека промовирање на сила или љубомора кај децата е причина за решавање на проблемите или на несогласувањата со употреба на сила, вели Бајрамовска-Мустафа.

Таа се надева дека препораките од ова истражување ќе допрат до родителите, до Министерството за образование и наука, до Бирото за развој на образование, генерално до сите органи со цел, вели, да работат со децата, да внесуваат во наставните програми и планови содржини за поголема едукација на децата, поголема толеранција, практикување на дијалог и запознавање со Конвенцијата за правата на детето, како и охрабрување на децата да ги пријават ваквите случаи до механизмите за заштита во самите училишта вклучително и до Народниот правобранител.

На новинарско прашање таа појасни дека повеќе поплаки за незадоволство или насилство од страна на наставник, без разлика дали ставува збор за психичко, вербално или физичко насилство, пристигнуваат од деца или од родители во нивно име во основните училишта. Кај средните училишта, децата се, додава, охрабрени сами да пријавуваат.

-Ги преземаме сите мерки што се во надлежност на самиот Правобранител, со обраќање до училиштата бараме вклучување на стручните служби во работа со децата, бидејќи за жал и истражувањето кое денеска се промовира, укажува на недоволна доверба или низок степен на доверба од страна на родителите и учениците кон стручните служби, рече Бајрамовска-Мустафа која меѓу другото посочува дека е потребно да се врати воспитната улога во образовните институции покрај на образованието.

Сузана Пецаковска проектна менаџерка на проектот „Децата на прво место“ истакна дека резултатите од истражувањето ппокажале дека учениците, наставниците и родителите се релативно добро запознаени со Конвенцијата за правата на детето и дека релативно добро се применуваат правата на децата во пракса. Од друга страна, според изјавите на децата 33 проценти од испитаниците ученици во истражувањето, се изјасниле дека им било прекршено некое право, а уште една третина опд нив изјавиле дека знаат некого, близок другар, соученик или роднина кому исто така му било прекршено тоа право.

-Истражувањето укажа и на фактот дека и покрај тоа што со новиот Закон за основно образование се овозможи воспоставување на ученички парламент како нов модел, форма за учество, за жал, истражувањето покажа дека сепак тој модел не се применува во целост во пракса, дека повеќе се применува формално и дека се сведува на избор на претседатели на училишните заедници, односно на оделенинија, на паралелки. Она што треба сите да не загрижи како интситуции како општество е што не постои ученички активизам во училиштата. Само 13 проценти од учениците (испитаници) изјавија дека во даден момент покренале иницијатива, прашање или дале предлог до училиштето за подобирување на некоја состојба во училиштето. Тоа е основата на демократијата во секое училиште и дека давањето можност децата да учествуваат во  донесување одлуки е клучна во градење на една демократска свест за идни активни граѓани на ова општество, вели Пецаковска.

Наташа Ангелеска проектна менаџерка задолжена за компонентата за безбедноста и насилството во училиштата, истакна дека, за жал, вели, голем дел од учениците и нивните родители сметаат дека насилството е присутно во училиштето, односно 46 проценти од нив се изјаниле дека биле жртви на некаков вид на насилство, но постојат разлики каков вид на насилство доживуваат учениците.

-Најчесто учениците сметаат дека тоа е вербалното насилство, значи извикување со различни имиња, навреди и сл. Додека нивните родители сметаат дека поголем замав има социјалното насилство, односно отфрлање на учениците од група. Ова истражување се обиде да утврди кои се најчесто жртви на насилство во нашите училишта, и за жал, учениците од семејства со понизок економско-социјален статус избија на прво место, и за тоа се соглчасуваат и учениците и наставниците и родителите. Во однос на прашањето кој е оној што врши насилство, најчесто тоа се деца од семејсства со повисок социо-економски статус, односно од побогатите семејства или хиперактивните деца. Кај жртвите, имаме и деца кои се со посебни образовни потреби кои се и најчесто отфрлани и социјално занемарени од нивните врсници, вели Ангелеска.

Во делот на онлајн просторот, загрижувачки е вели таа, фактот што децата не го препознаваат насилството или злоупотребата на интернет и затоа проектот во следната година и пол ќе се фокусира на обука на учениците за сите видови опасности во интернет-сверата и како да се заштитат од нив, како и на работа со училиштата со цел да се зголеми употребата на протоколите кои постојат за тоа како се пријавува насилство во училиштата, на кој начин се реагира и кои се механизмите кои им се достапни. -Се разбира уште поважно е како стручните служби треба да работат со жртвите на нсилство, но и со оној кој врши насилство во училиштето, додава Ангелеска.

Националното истражување е спроведено со ученици, наставници и родители за информираноста за Конвенцијата за правата на детето, ученичко учество и безбедноста во основните училишта во државава во знак на сеќавање на Конвенцијата донесена од страна на Генералното собрание на ОН на 20 ноември 1959 година, во чест на одбележувањето на 30-годишнината од ратификувањето на Конвенцијата од нашата земја, 25-годишнината од Канцеларијата на Народниот правобранител, како и тридецениската работа и заложба на Фондацијата за образовни и кутурни инцијативи за правото на квалитетно образование за сите деца во државата „Чекор по чекор“. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ