• Latest

Договор кој не ветува

July 21, 2016
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Договор кој не ветува

July 21, 2016 16:39
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Договорот за иден договор за спроведување на веќе потпишаниот Договор од Пржино – не е она што го бараа(т) граѓаните и граѓанскиот сектор. Со постигнатиот компромис, се адресира само мал дел од проблемите кои доведоа до тешката повеќегодишна општествена, а не само политичка криза, како што погрешно се дефинира она што ни се случува на сите во Македонија.

Пишува: Петрит Сарачини
Пишува: Петрит Сарачини

Затоа, разбирлив е и гневот и разочарувањето кај голем дел од граѓаните, учесниците во протестните движења, формалните и неформалните иницијативи на граѓанскиот сектор, кои сите овие години излегуваа на улици и се бореа за нивните права, а и понудија конкретни, одржливи и долготрајни решенија, што, очигледно не беа земени предвид сериозно од политичките актери.

Да го земеме за пример компромисното решение за медиумите кое произлезе од овој последен меѓупартиски „договор“. Зарем има нормален и рационален човек во земјава кој верува дека тоталната деградација на медиумскиот амбиент ќе се адресира со формирање на ад-хок партиско тело за оценка на известувањето на медиумите, со смена на уредникот во МТВ и глумење на „демократски плурализам“ на медиумската сцена, која е уништена од клиентелизмот и бруталното мешање на власта и центрите на политичката и економската моќ во уредувачките политики на медиумите?

И тоа, во услови на непостоечки медиумски пазар, каде што медиумите не зависат од парите на публиката и од комерцијалните реклами, туку од буџетски пари и пари на бизнисите на нивните политички и економски мецени?! Во анализата која неодамна ја објави ЦИВИЛ, како дел од публикацијата „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“, јасно ја исцртавме патеката низ која се одвиваше јаловиот обид на политиката да ја поправи медиумската слика во периодот по Пржино, како и решенијата кои ги понуди граѓанскиот сектор и професионалните медиумски организации. Ништо од тоа суштински не е земено предвид со последниов „договор“ на четирите партии кои преговараа за излез од „политичката криза“.

Дај боже, сите ние да грешиме, а да испадне дека договорените страни ќе успеат да го извлечат општеството од ќорсокакот, во кој самите тие го доведоа. Но, логиката вели дека оние што го создале проблемот и придонеле за неговото метастазирање, тешко дека успеат самите да го решат.

Набрзо, за месец – два, ќе видиме кој е во право. Доколку испадне дека скептиците се во право, граѓаните ќе мора да изнајдат нов начин за артикулирање и реализирање на нивните барања. Но, овој пат, ќе мора самите цврсто да го грабнат бајракот и сами да ја предводат борбата, градејќи широк општествен фронт на сите структури, и политички и „неполитички“, кои не се вклучени во формалниот политички процес што се обидува да адресира голем општествен проблем, но, всушност, само преку задоволување на парцијални партиски интереси.

Tags: анализаграѓаниМакедонијаПржиноПротестЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ