• Latest

Кариман: Од власта очекував помалку политизирање, а повеќе работа

June 8, 2018

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кариман: Од власта очекував помалку политизирање, а повеќе работа

June 8, 2018 09:51
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„На почетокот на годината влегов со надеж дека помалку ќе се политизира, а повеќе ќе се работи, меѓутоа сепак испадна дека политизирањето, одлучувањето и стабилизирањето на владиното и парламентираното мнозинство беше приоритет во внатрешната политика, а исто продолжи и дипломатската офанзива со цел решавање на спорот со името со Грција. Од една страна е добро, но од друга страна сметам дека не требаше толку енергија да се троши во тоа, додека не се решат некои поприотитени работи во земјава, или во најмала рака да се делегираат некому за да се надминат истите“, вели Акиф Кариман од Романо Авази, за ЦИВИЛ Медиа, во рамки на Перспективи 2.0.

Тој смета дека невработеноста е сè уште на високо ниво и покрај ветувањата за зголемување на животниот стандарт.

„Еве се воведе минималната плата, но работодавците најдоа повторно начин да го надминат тоа и ги намалуваат работните часови на вработените со цел да ја исплаќаат платата што претходно ја исплаќале.

Сега сме поотворено општество и се чувствува слободата, меѓутоа има една слика на социјалните мрежи каде што човекот ги наредува различните животни во џунгла и им вели – за фер селекција ќе мора да се искачите на дрвото позади вас. Овој пример го поврзувам со нас, како различните групи со различен степен на развој и проблеми со кои се соочуваат, може да ги уживаат еднаквите можности кога не се во еднаква позиција како и останатите.

За да се искористи отвореноста и еднаквите можности што ги нудат институциите, барем декларативно засега, мора да се овозможат практични услови за оние поранливите категории на граѓани, како што е ромската заедница, да го достигнат тоа ниво, таа почетна позиција како останатите заедници, па потоа да зборуваме за еднакви можности за сите“, истакна Кариман.

Перспективи 2.0 е продолжение на серијалот видео-интервјуа Перспективи 2018, каде експерти, професори, новинари, активисти и општествено одговорни граѓанки и граѓани зборуваат за надежите, очекувањата и состојбите во општеството, во текот на годината.

Дехран Муратов

Монтажа: Маја Ивановска

Tags: Romano AvaziАкиф Кариманеднакви можностиперспективи2.0
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ