• Latest

Ковачевски: Пироманските политики на Левица и нивните заложници ВМРО-ДПМНЕ се реална закана за земјата и за европскиот пат

December 17, 2022
Фото: Скриншот од YouTube видео

Над илјада тони хуманитарна помош од Кипар пристигна во Газа

September 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Одложена седницата на собраниската комисија на која требаше да расправа за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ

September 5, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Осум пожари на отворено – седум изгаснати, еден под контрола

September 5, 2025

Будимпешта ја игнорира одлуката на Судот на Босна и Херцеговина, Сијарто му се обрати на Додик како претседател

September 5, 2025
Фото: МИА архива

Њујорк Тајмс: Европа работи на безбедносен план за Украина по војната

September 5, 2025
Избори 2024 (фото: ЦИВИЛ)

ОБСЕ/ОДИХР со 14 набљудувачи почнува со следење на локалните избори

September 5, 2025
Фотографија од последиците од нападот со украински дрон врз рафинерија за нафта во руската област Рјазан на 5 септември 2025 година. Фото: RusNews/Telegram

Украинските дронови ја нападнаа најголемата руска рафинерија „Роснефт“ во Рјазан и нафтено складиште во окупираниот Луганск

September 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Израел ја отфрли изјавата на Хамас дека е подготвен за сеопфатен договор за Газа

September 5, 2025
Фотгорафија: Touch Of Light/Wikimedia

Трамп ќе го преименува Пентагон во Министерство за војна

September 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Гаши свика седница на Комисија за надзор над работата на АНБ и АР за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ

September 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Пироманските политики на Левица и нивните заложници ВМРО-ДПМНЕ се реална закана за земјата и за европскиот пат

December 17, 2022 21:29
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владејачката партија СДСМ денеска ја одржа големата национална трибина во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, со што го заокружи караванот трибини „Силно и одлучно кон иднината“, пренесува Фронтлајн.

На трибината свое обраќање имаа генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ и лидерот на партијата и премиер Димитар Ковачевски.

Ја започнавме годината со јасна визија и обврска. Одлучивме да се менуваме, да бидеме подобри и поуспешни, не за себе, туку за граѓаните и државата. Од првиот момент, ниту јас, ниту моите колешки и колеги, не застанавме на тој пат ниту еднаш! Посветено, чесно и целосно се внесовме во спроведувањето на нашите обврски и ветувања, изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Скопје.

Тој додаде дека во време на најголемата безбедносна, енергетска и економска криза во Европа по Втората светска војна Владата се втурна во подобро, поефикасно и побрзо испорачување на решенија, мерки и одржливи политики.

Премиерот додаде дека најважно од се е што успеавме да создадеме и искрени пријатели во светот кои сакаат да ни помогнат, а во регионот заедно со претседателот Вучиќ и премиерот Рама си помагаме и ги намалуваме нашите проблеми во Отворен Балкан.

Кој можеше да претпостави дека во една година ќе биде признаена Македонската православна црква, дека македонскиот јазик ќе е потврден во ЕУ со договорот за ФРОНТЕКС? Кој можеше да претпостави дека тој договор ќе биде потпишан од сите земји членки и истовремено одобрен и од Грција и од Бугарија? Кој можеше да препостави дека во Грција ќе се регистрира Центар за македонски јазик? Дека нашата Медиумска информативна агенција ќе отвори своја канцеларија во Софија? Е тоа се придобивките од државничките одлуки, рече Ковачевски.

Тој нагласи дека македонскиот јазик, историја и традиција се загарантирани и сигурни и тие се нашиот темел на европската куќа и дел од историјата и традицијата на Европа.

Направивме голем успех за државата. Ако претходно успеавме со полноправното членство во НАТО, ние, СДСМ со поддршка на граѓаните, до крај ќе го истераме нашето полноправно членство во Европската Унија. Бидете убедени во тоа, порача Ковачевски.

Тој додаде дека во секое време опозицијата нуди широк избор на лесни и лажни одговори на тешките прашања, но никако не сакаат да помогнат да се решат. Ковачевски рече дека за неговите политички противници само две работи се важни – фотелјата и парите и за нив ништо друго не постои.

Кога ние повикуваме на национално и државно единство, од другата страна се соочуваме со гол, евтин и опасен популизам кој е базиран на национализам, лажен патриотизам и примитивизам. Дали станува збор за лев или десен популизам, резултатот е ист. Исти се, рече претседател на СДСМ.

И едните и другите ги спојува пристапот на создавање на внатрешни и надворешни непријатели. А демек, тие биле народот. И ниту еднаш не понудија аргументи, рационални причини, логика. Но затоа, секој ден сејат само лаги, стравови, црнила – за да го остварат својот интерес. И не треба да ги анализирате премногу, и едните и другите, и наводно леви, и наводно десни – личат како јајце на јајце. Имаат лошо однесување. Се обидуваат да печалат поени со пцовки, со закани, со влечење по улици и бришење подови, додаде Ковачевски.

Премиерот додаде дека опозицијата профитира од навреди кон протвникот и сите кои ја говорат вистината, особено жените и создаваат политички капитал со тоа што со противниците започнуваат борба за живот и смрт.

Постојано создаваат кризи. Кога се опозиција доволно е на граѓаните да им понудат лаги и омраза. Кога се власт – мора и нешто повеќе. Е за тоа не ги бива. Погледнете го само примерот на Скопје и сѐ ќе ви биде јасно. За само една година, направија пепел, комплетно го блокираа животот и развојот во градот. И повторно, прават кризи, растурања, блокади. Впрочем, само тоа и го знаат најдобро, покрај криминалот, истакна премиерот.

Сѐ што е демократска институција, дебата, контрола, аргументи опозицијата го смета за свој најголем непријател, а бидејќи немаат ниту знаење, ниту аргументи – го користат народот како свој штит, па противниците ги прогласуваат за непријатели на народот“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Скопје.

Тој додаде дека со нив и слични клонови Македонија беше заробена држава поради што ни требаа години за да се вратиме во групата демократски држави.

На нашиот европски пат има сериозна закана, а тоа е Левица. Уште поопасна затоа што целосно го има земено во заложништво Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Го имаат земено во заложништво затоа што е слаб, нема став, нема визија, нема одлучност. Тие веруваат дека колку е полошо за земјата – толку е подобро за нив, рече премиерот и претседател на СДСМ.

Тој додаде дека тие се реална закана за земјата, за сегашните и идните генерации и дека се закана да се спречи европскиот пат, а државата да се врати во неизвоеност, изолација и внатрешни поделби.

Ако тоа се случи, ќе станете со лажно чувство на гордост наутро, но навечер ќе си легнете гладни и сами, непризнаени и осамени. Тоа ние нема да го дозволиме. И повторно, решенијата лежат кај нас. Во СДСМ и во сите други прогресивни сили, наши коалициони партнери, присутни вечерва со нас, кои ги поздравувам, кои мора повторно да бидат мнозинство. Кои повторно мора да бидат гласни, јасни и силни, изјави Ковачевски.

Премиерот потенцира дека не смееме да дозволиме да гасиме пожари, ако може да ги спречиме и дека немаме право заради комоција, нечии интереси, мрзеливост или надменост да дозволиме празните популисти, финансирани од странски и домашни криминални пари да ја вратат државата во тунелот без крај.

Тие што нашите обврски кон граѓаните ги заборавиле или не ги исполнуваат, одговорно ви велам дека ќе им се заблагодариме. Ниту имаме можност, ниту смееме, ниту ќе дозволам толеранција кон неефикасност, неспособност, нечесност. Јавно кажувам. Мора да има ред, знаење и работа. Мора да има дисциплина, оцени Ковачевски на трибината.

Тој додаде дека нема намера заради малкумина да се загрози се што е направено и се што треба да се направи за оваа држава и народот да одат напред.

Нашите вредности и принципи мора целосно да ги спроведеме. И во економијата, како што правиме, и во демократскиот систем, како што правиме, и во борбата против криминалот и корупцијата, каде што има уште многу што да се прави, каде мора да се сработи повеќе. Бидејќи така ветивме, и мора да испорачаме и исполниме. Тоа е приоритет, рече Ковачевски.

Тој додаде дека со работа, чесност и ефикасност може да се спротивставиме на сите кои сакаат да застанат на европскиот пат на земјава и да продолжиме напред.

Ковачевски изрази разочарување од уште едниот пораз на правната држава и доказот за ниската доверба на граѓаните во правосудните органи и порача дека судството мора да најде начин да биде поефикасно и да сработи многу подобро и побрзо во интерес на правдата и во интерес на граѓаните.

Но јас секогаш кажувам и вечерва ќе повторам, судството е независно, и јас никогаш нема да се мешам во ниту еден судски процес, судницата не е место за решавање политички проблеми. Ако некој се плаши од враќање на стариот режим, одговорот ќе биде на изборите. Затоа СДСМ ќе ги вложи сите напори да победи на следните избори и да ги спречи учениците на Груевски да се вратат на власт, рече Ковачевски.

Време и место за евтина политика не треба да има, на такви популисти нема да губиме енергија. Сосема сум свесен за последиците од децениските разочарувања, стоење во место, политичките препукувања, кризите од надвор и внатре. И јас сум човек и граѓанин, кој сака повеќе, подобро, побрзо. Сака да види средена и држава со оптимизам и внатрешна позитивна енергија, изјави лидерот на СДСМ.

Тој додаде дека со таа обврска за да успееме тој живее и работи од првиот ден како премиер, бидејќи лично ја има најголемата обврска и одговорност.

Токму затоа, сакам да повикам на доверба од Вас почитувани граѓани. Да побарам поддршка не за едни, за сметка на други. Да побарам поддршка за единствените, заедничките, вистинските одлуки. Да побарам поддршка конечно да ги научиме грешките од минатото, и најважно од сѐ, да не ги повториме. Да побарам поддршка да не броиме жртви, но да броиме мали, секојдневни победи и успеси во секојдневниот живот, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека ова е ново време кое треба да даде простор и поддршка на знаењето, на чесните и конструктивни граѓани кои бескомрпмисно си ја сакаат држава.

Ова е време, шанса конечно да ја средиме државата.Ова е време да покажеме дека европската интеграција значи ред и поредок, економски стандард, безбедност и здрава животна средина. Да покажеме конкретно дека можеме и ние да бидеме држава, во која се признава и наградува доброто и чесното, а се казнува лошото и криминалното. Да покажеме дека сите сме исти пред Уставот и законите, на дела, не само со зборови. Јас имам таква визија, јас имам таква обврска пред себе, пред вас и пред сите граѓани. И најважно од сѐ, имам и верба, и волја и оптимизам дека можеме да направиме многу, заклучи Ковачевски.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Димитар КовачевскиобраќањеПремиерСДСМтрибина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ