• Latest

Липите цветаат, но не е исто како лани!

April 27, 2018

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Липите цветаат, но не е исто како лани!

April 27, 2018 16:43
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Помина точно една година, 27 април, а Фејбукот ме потести на песната „Липе цвату, све је исто ко и лане“…, од Бело Дугме, бидејќи со таа песна другарот Ермин ме поздрави за случувањата што се случуваа во Собранието.

Пишува: Дехран Муратов

Завршивме со работнотите обврски, и накај 17/18 часот поискусните (повозрасни) колеги нè испратија до автобуска да си заминеме дома, бидејќи се навестуваше дека нема да е мирно во Собранието. Додека патував, со неверување читав и гледав снимки од упадот на ордата како ги тепаат пратениците, а особено бев изненаден како некој се дрзнал да го удри и раскрвави Зоран Заев…

Стасав дома, но место не ме држеше. Од минута во минута дознавав за нови случувања. За претепувани пратеници, но најнеизвесно беше моментот кога се рашири информацијата дека пратеникот Зијадин Села е мртов, дека разбеснатата толпа го убила…

Со другар(к)ите од ЦИВИЛ постојано бевме во комуникација, дали сите се во ред, дали има некакви проблеми и секако да бидеме будни да информираме за случувањата.

Другари, роднини, познаници кои се во државата, но и кои живеат во странство, постојано ѕвонат да прашат кај сум, дали сум во ред, каква е ситуацијата во државата и во македонскиот Парламент…

Ситуацијата некако спласна околу 2/3 часот по полноќ. Последната порака беше дека го откажуваме патувањето во Битола и околината, бидејќи ситуацијата не е најсоодветна. Се исклучив, легнав, но сон не ме фаќаше постојано во глава ми се вртеа сликите од раскрвавените глави на пратениците, од скршените камери и опрема на новинарите… Некако успеав да заспијам, и некаде околу 8 часот ми звони телефонот „Деки спремај се за 15 минути доаѓаме да те собереме, сепак ќе одиме во Битола, нема од кого да се плашиме, што сака нека биде ние не смееме да се откажеме од идејата и мисијата за СЛОБОДНО ОПШТЕСТВО И СЛОБОДНИ ГРАЃАН(К)И…“. Уште не заврши разговорот велам – Така е, веднаш се спремам и излегувам!

Патуваме кон Битола, ги споделуваме меѓу себе нашите чувства, емоции, бес… за тоа како може во 21 век да имаме вакви примитивни напади на пратеници и новинари.

Кога стасавме во Битола се поставивме на Широк сокак, дел од екипата беше на инфо-штандот, а друг дел правеше анкети и разговараше со граѓанките и граѓаните со кои проблеми се соочуваат. На стотина метри од нас десетина дечки во црни маички со патриотски натписи ја одбележуваа годишнината од загинувањето на припадниците на АРМ во Карпалак во 2001 година.

Пцовките и закани на нервозните дечки не нè проколебаа и не нè исплашија да бидеме меѓу битолчан(к)и да ги слушнеме проблемите со кои секојдневно се соочуваат.

Следниот ден заминавме во Охрид. На десетина метри од нашиот инфо-штанд членови на патриотските здруженија се собираа на плоштадот. Иако атмосферата беше напната, сепак немаше никакви проблеми и инциденти.

Нема да ја заборавам ситуацијата кога еден патриот кој носеше маица со обележја на Русија дојде да види на поставениот банер кој сме и без да забележи влезе во кадар додека претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала даваше изјава за локланите медиуми. Реакцијата на граѓанинот беше многу симпатична кога сфатил дека и него го има на снимката. Веднаш ја наведна главата и избега, не само од камерите туки и од нашиот инфо-штанд.

По два дена завршивме со турнејата низ Битола и Охрид и околните населени места.

Се вративме дома исполнети со надеж дека сепак нашата борба за подобро утре и слободно општество и граѓани не е залудна и дека никој не може да ја запре… И денес таа борба продолжува!

Една година подоцна – „Липите цветат, но не е исто како лани!“

Tags: 27 априллипиСобраниецветаатЦивил
Share35TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ