• Latest

Уште еден комуњарски ден во македонската пустина

February 25, 2018
Креирано со помош на ВИ

Трамп го проби дното: Ги налути НАТО сојузниците со неточно тврдење дека „останале малку подалеку“ од фронтот во Авганистан, Британците гневни

January 24, 2026
Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

January 24, 2026
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

January 24, 2026

„Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

January 24, 2026

ЦИВИЛ повика на солидарност: Топлина за Украина

January 23, 2026

Ненаучени лекции: Враќање на изборниот интегритет и демократската доверба – препораки на ЦИВИЛ (12)

January 23, 2026
Илустрација ВИ

Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

January 23, 2026

„Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

January 23, 2026
Креирано со помош на ВИ

Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

January 22, 2026
Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

January 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

    Фотоколаж: Скриншот од видео на Индипендент

    Исланд, тие ме сакаа, ме викаа „тато“ – Трамп неколку пати го помеша Гренланд со Исланд

    Топлина за Украина – Заедничка кампања за солидарност

    Локални избори 2025: Ненаучени лекции – сега и во печатена форма по промоцијата на дигиталното издание во декември

    НИС ПЕТРОЛ  Прво се продаде колосот а потоа излезе дека се продадени и многу други нешта како што се бензинските пумпи, хотелите, изворите на нафта...

    Унгарската МОЛ ја презема контролата над српската НИС во договор со Газпром

    Скриншот од видео на POPULAR FRONT
/Х

    Флотата во сенка во фокусот на новите санкции на ЕУ против Русија

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

    Точно на пладне: Лидерска средба на иницијатива на Мицкоски за првпат без главната опозициска партија

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ОПШТЕСТВО

Уште еден комуњарски ден во македонската пустина

February 25, 2018 16:10
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Како изгледа еден активистички ден на ЦИВИЛ на терен? Многумина до сега ми го поставиле ова прашање и ми се чини дека никогаш не успеав да ја доловам сликата онака како што навистина е. Ова најверојатно се должи на сите случувања, измешани емоции, разговори, приказни, смеа, нервози, расправии, многу често и солзи на соговорниците и по некоја сочна пцовка, кои ти се случуваат во рок од 24 часа и за кои ти требаат денови за да станеш свесен низ што навистина си прошол.

Последниот, вчерашен активистички потфат на ЦИВИЛ беше еден од тие. Пет поминати општини за повеќе од 12 часа. Па да почнеме од почеток.

24 Февруари 2018, сабота, 8:20 часот – телефонски разговор со Ермин.

Ермин: Аааалоо…

Јас: Станат си?

Ермин: Да, да се спремам! (се прозева)

Јас: Ок, се гледаме во 9. (спуштам слушалка)

Си мислам во себе, добро што му се јавив пак ќе се успиеше… Се слушам со остатокот од екипата потврдуваме време и место на тргање. Ги бакнувам децата, оставајќи ги со баба и дедо, кучето ме испраќа до врата и тргнувам.

Ермин Климента, веќе рассонет и во полна работна сила – фото: Б. Јордановска

Прва дестинација, Куманово. Пред да стигнеме до зградата на Комитетот застануваме пред еден локален маркет да купиме неколку шишиња вода за учесниците на семинарот. Дел од тимот влегува внатре, на касата пред нас бабичка која бара половина килограм компир и еден леб, „ама бајат, тој од 10 денари“. Вкупна цена 25 денари. Продолжуваме до Комитетот молчејќи…

Молкот го прекинува ѕвонењето на мојот мобилен. „До каде сте?“ прашува Бибе. И велам дека за неколку минути ќе се најдеме пред Комитетот. Се проверуваме дали сме понеле сѐ што ни е потребно. Се сместуваме во салата, пристигнуваат и учесниците. Семинарот за граѓански новинари може да започне.

Џабир Дерала, семинар за граѓански новинар(к)и – фото: Б. Јордановска

Се делиме во две групи, едната останува во Комитетот, втората тргнува на пат. Јас сум во втората.

Следна дестинација, Старо Нагоричане.

„ЦИИИВИИИЛ во Старо Нагоричане, ЦИВИЛ во Ранковце!“, ечи гласот на Дехран од задното седиште на автомобилот во стилот на Влатко Ѓорчев во „најубавите“ години кога ги прогласуваше победите на неговата партија.

Се смееме. Го „предупредувам“ Дехран да престане. Онака, од навика, бидејќи знам дека нема намера да ме послуша…

Понекогаш, по илјадници и илјадници километри поминати со истите луѓе, на буквално сите патишта кои ги спојуваат општините низ земјава, ваквите шеги се единствениот начин да го преживееш денот. А денот тмурен. Облачен. Температурите не се премногу ниски, но сивилото пред тебе те прави да се чувствуваш како да си пред замрзнување…

По не знам кој пат ја минуваме бараката на Иван Исцелител, и по не знам кој пат се убедуваме да застанеме. Не застануваме.

„Немаме време“, вели „директорот“.

Директорот е, всушност, Горан. Човекот кој е „режисер“ на сите овие патувања и човекот кој ако сакаш да го пецнеш или само да го задеваш, му велиш: „Да, директоре!“, „Секако, директоре“ и „Како ќе кажеш директоре“. Се нервира, веројатно, онолку колку и Џабир, кога му се обраќаме со „претседателе“.

Стигнуваме во Старо Нагоричане. Сѐ е исто како и последниот пат. Нема жив човек. По некоја кокошка и некој петел на улиците, две кучиња мрзеливо ги креваат главите, колку да знаат дали сме некаква опасност или може да продолжат со дремката. Возиме кон продавницата каде што обично сретнуваме по некој човек.

Пред нас застанува возило. Гледаме табла која делува на тазе поставена пред една не толку нова градба на која пишува СДСМ. Од возилото излегуваат двајца. Но пред да стигнеме до нив влегуваат во штабот, кој за нас е нешто ново во општината.

„Да им поделиме њузлетери на кокошките, ако не“, иронично им велам на Деки и Горан.

Стигнуваме до продавницата. Затворена. Ниту еден човек на повидок. Продолжуваме кон црквата. Десно од патот забележуваме чад. Застануваме. Четворица селани околу оган. Веројатно палат ѓубре. Горан им се приближува за да поразговара со нив и да им подели од последните њузлетери. Го земам апаратот да ги фотографирам.

Старо Нагоричане, 24.02.2018 – фото: М. Ивановска

„Еј, немој!“, ми вели еден од нив. „Многу ве почитувам, ама немој да ме има на ЦИВИЛ“. Останатите немаат проблем да се фотографираат.

Додека Горан и Дехран разговараат со нив, забележувам една многу стара куќа, речиси руинирана. Интересна за моето аматерско фотографско око. Ја фотографирам, а еден од селаните ми вели: „Ете, на време дојдовте. Сликај ја пред да се сруши“. Рака на срце, повеќето од куќите тука изгледаат така.

„Дојдовте на време. Сликај ја пред да се сруши!“ – фото: М. Ивановска

Се поздравуваме и продолжуваме понатаму. Пред нас е црквата „Св. Ѓорѓи“. Пред неа сретнуваме една жена. Дехран започнува разговор со неа. Понатаму пред една куќа уште еден човек. Му објаснуваме кои сме и зошто сме дојдени – да разговараме со луѓето за нивните проблеми и да им поделиме примероци од „Слободно општество“, нашето мало весниче.

„Проблеми? Ехеее, колку сакаш“, го зема целото купче њузлетери од рацете на Дехран, „јас ќе ги поделам, знам и кому. Добро што сте дошле“, вели тој. Разменуваме контакти и договараме скоро видување.

Старо Нагоричане е зад нас. Следна дестинација – Кратово.

На самиот влез забележуваме високо кренати знамиња на секоја бандера од градот, националното и знамето на општината. Додека се препрашуваме меѓу себе дали денеска е некаков празник или нешто, на улицата пред хотелот Силекс нѐ пречекува огромен метеж од комбиња, автобуси и автомобили.

„Пазарен ден“, вели Дехран. И навистина, десно од хотелот е пазарот. Врвулица од луѓе. Тоа е тоа што ни треба! Се насмевнуваме, зашто ни се насмевнала среќата и тргнуваме во акција.

„ЦИВИЛ? Па, кааааај сте бе ЦИВИЛ!“ подвикнува еден постар господин додека му подавам од печатените материјали.

„Остави ме сега со ЦИВИЛ зборувам!“, Кратово, 24.02.2018 – фото: Г. Наумовски

„Чекај сега да ве прашам. Како јас да станам член на ЦИВИЛ?“, ми вели.

Му објаснувам. Ми раскажува дека иако е повозрасен, редовно нѐ следи на интернет. Во меѓувреме му ѕвони телефонот. „Еееј, сакав да ти кажам, тука се печурките“, му вели на својот соговорник, „и остави ме сега, со ЦИВИЛ зборувам“.

Додека ми раскажува за животот во Кратово, не ја пропушта можноста да им нагласи на сите минувачи дека ние сме од ЦИВИЛ. Околу нас се собираат сѐ повеќе луѓе. Една госпоѓа срамежливо ѕирка од страна. Ѝ подавам еден примерок од последниот њузлетер, а таа ми се заблагодарува како да сум и го поставила сиот свет на дланка, а од очите и извира некаква тага за која мислам дека немам храброст ниту да ја прашам, а ниту таа има храброст да проговори. И се насмевнувам и тивко и велам: „внатре се сите наши контакти“. „Фала ти ќерко, фала ти!“ повторува по не знам кој пат.

Завршуваме со разговорите и се спремаме да тргнеме понатаму.

„Ќе гласаме за ЦИВИЛ!“ се развикува човекот со печурките на сиот глас. Се смее целиот пазар сосе нас. Тргнуваме кон автомобилот.

„Е, е, еве ја сега пак, ќе се забораи со уметнички дојам“, му вели „директорот“ на Дехран, доволно гласно за да го чуе пола Кратово, се разбира и јас, предупредувајќи ме да престанам да го фотографирам градот и дека мора да побрзаме.

„Уметнички дојам“, вели директорот. – фото: М. Ивановска

Следна станица – Ранковце.

Се разбира пред „кооперација“ во сабота попладне е местото каде може да начекаш повеќе луѓе. Досегашното искуство покажа дека бевме во право и овој пат. Тука на големо се „бистри политика“. Нѐ пречекува група од десетина луѓе, на висока масичка наредени празни шишиња пиво… Јас и Горан започнуваме разговор. Од разговорот дознаваме дека ништо не се сменило од последниот пат кога сме биле тука.

Ранковце, пред „кооперација“, 24.02.2018 – фото: Д. Муратов

Горан влегува во супер-маркетот.

„Ајде, ајде ЦИВИЛ, повелете“, му вели еден човек за кој подоцна дознавме дека е сопственикот на маркетот, уште пред да му кажеме било што.

„Е, од кај знаеш дека сум ЦИВИЛ“, му вели Горан.

„Како да не знам. Ве познавам. Освен вас никој друг не доаѓа тука!“, вели сопственикот.

Времето застанало дури и за графитите… – фото: Д. Муратов

По разговорите со граѓаните на Ранковце, продолжуваме кон Крива Паланка.

Влегуваме во градот, стигнуваме на местото каде што обично поставуваме штанд во центарот на градот и токму пред да паркираме забележуваме двајца сообраќајни полицајци. Нѐ запираат.

„Добар ден, документи ве молам. Сообраќајна, возачка и лична карта за глобата“, вели полицаецот во еден здив.

Се погледнуваме меѓу себе. „Каква глоба?“, прашува Горан.

„Па, казна де, 20 евра зашто немате светла!“ одговара тој.

„Е како немам светла, погледни“, му вели Горан и покажува на рачката каде се гледа дека светлата се запалени.

„Не фаќај ништо и излези од возилото“, му одговара полицаецот.

Горан излегува од автомобилот, а јас и Дехран се гледаме бледо. Го слушам Горан како се објаснува со полицаецот. Проблемот е во тоа што во меѓувреме ни откажало левото средно светло, а не сме забележале, бидејќи сѐ уште е ден. Се враќа внатре ги вади сообраќајната и возачката. Личната карта не ја дава сѐ уште, надевајќи се дека ќе го убеди полицаецот да поминеме само со опомена. Му објаснува дека сме од ЦИВИЛ, дека ќе поставиме инфо штанд тука, и штом тргнеме, на првата бензинска пумпа ќе ја смениме светилката.

„А, бе дај ми ти мене и лична карта, да покажеме дека и ние сме работеле нешто“, му одговара полицаецот. „Гајле ви е на вас од ЦИВИЛ, што се за вас 120 евра. Вие сте богати!“, продолжува.

Си мислам во себе од каде излегоа 120 кога пред малку рече 20? Подоцна разбрав дека сакал да го казни и затоа што личната карта му била напукната…

На крајот сепак се реши да нѐ пушти со опомена откако ги зеде сите податоци. Како тргнавме да паркираме, така ги снема и полицајците. Веројатно бевме последните кои треба да им ја исполнат дневната квота, за да „покажат дека и тие нешто работеле“.

„Сигурен си дека нема да не казни?“, го прашав Горан.

„Не сум“, ми одговори. „Ама што ти е гајле бе ние сме богати, пуни ко брод“, иронично се насмевна.

Ги стиснав 30-те денари кои ги имав во џебот и тргнав кон една трафика да купам вода и да се напијам еден „Аналгин“, но немав среќа. „Не држиме вода“ ми рече продавачката. Ќе издржам си помислив.

Крива Паланка, 24.02.2018 – фото: М. Ивановска

Се наместивме во паркчето и забележавме дека веднаш до нас има еден повозрасен господин, кој исто така, имаше некаков импровизиран штанд. Искрено, не му обрнав некое особено внимание. Го зедов апаратот и почнав да фотографирам. Еден, друг, трет, се редат граѓанки и граѓани на штандот, некои застануваат да позборуваат, некои само нѐ одминуваат, некои дури и нервозно ги виткаат нашите флаери и ги фрлаат на улица. Го забележувам Дехран како му се доближува на штандот до нашиот. Почнуваат разговор. Не ги слушам бидејќи сум од другата страна на улицата. По подолг разговор господинот зема еден од весниците. Потоа го гледам како нервозно гестикулира со рацете и Дехран се оддалечува.

Одам кај него и го прашувам што се случува.

„Собира потписи“, вели Дехран. „Да не се менува името“.

„Добро“, му велам, „зошто се расправавте“?

„Ме нарече комуњар“, ми вели Дехран.

Собирање потписи или „комуњари и патриоти“ – фото: М. Ивановска

Додека зборуваме, го слушам господниот како ни дофрла. Не обрнуваме повеќе внимание и на крајот се откажа. Во тие два часа кои ги поминавме таму на неколку пати дојдоа помлади момчиња да проверат како иде со потписите. Ќе го потапкаа по рамото дедото кој стоеше покрај масичката и ќе се вратеа назад во кафулето отспротива.

Малку пред да се спакуваме, за момент останав сама на штандот. Горан и Дехран беа малку понатаму и разговараа со некој човек кој очигледно имаше некаков проблем кој сака да го пријави.

„И ти ли си комуњарка?“, ми довикна дедото.

Го погледнав немо собирајќи ги работите и му одговорив: „Не, само сум многу гладна“. И не го излажав. Веќе се наближуваше 17 часот, а ние сѐ уште не бевме ни појадувани. Продолжив да се пакувам, а тој продолжи со дофрлања и пцовки се додека Горан не се врати на штандот. Не сфаќајки што всушност зборува човекот, Горан му се приближи. Одеднаш гневот од лицето на овој човек и погрдните зборови упатени кон мене ги снема. Пред него повеќе не стоеше само млада девојка, која би можела да му биде внука, туку возрасен маж, на кого очигледно немаше храброст да му го изнакаже сето она што ми го изнакажа мене. А, Горан, нема поим што се случува. Низ некаква извештачена насмевка и низ заби ни понуди да се потпишеме, на што му возвратив со уште поизвештачена насмевка и си заминавме.

Дехран во „комуњарско-патриотски“ занес – фото: М. Ивановска

Се спакувавме тргнавме назад за Куманово, каде другиот тим го привршуваше семинарот за граѓанско новинарство.

Седнавме во едно кафуле, нарачавме по едно кафе и почнавме со работа, откако претходно си раскажавме за сѐ што ни се случило дента. Содржини, текстови, видеа… Од тој импровизиран „колегиум“ во некое кафуле вo Куманово произлезе и идејата за ова мое денешно писание посветено на сите оние кои сакаат да знаат како изгледа еден ден со ЦИВИЛ на терен. За некого надеж, за некого уште еден комуњарски ден.

А она што граѓанките и граѓаните на оваа земја имаат да го споделат со вас, можете секојдневно да го најдете на нашите веб-страници.

Дома сум нешто пред 21 часот, оставајќи го остатокот од екипата сама да се снаоѓа за растоварање и средување опрема. Децата се веќе во полусон, сопругот дремуцка и ѕирка филм на ТВ, а и на кучето некако му е мака да ми се израдува.

Денеска е недела, што во мој слободен превод, покрај пишувањето на овој расказ значи и надокнадување на пропуштеното. Среќна сум што ја имам, иако посакувам да трае барем три дена.

Маја Ивановска

Tags: @активизамкомуњариКратовоКрива ПаланкаКумановоМакедонијапатриотиРанковцеСтаро НагоричанеЦивил
Share116Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на
Hindustan Times

    Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Трета руско-чеченска војна во најава?

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Битни се парите, а не судијата

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ