Таус Мeлек Квартетот (Tawusê Melek Quartet) е релативно нов бенд од млади музичари, ентузијасти што се обидуваат преку ориентални форми, западно-афричка музика и хардкор панк музика да донесат свежина и иновативност во музичката култура на овие простори. Во пресрет на Филмскиот фестивалот за човекови права во Тирана, Албанија, што се одржува по седми пат, разговаравме со Драган Теодосиев за подготовките и очекувањата од фестивалот, како и за одговорноста на уметникот и музичарот кон општеството.
„Имаме одговорност, имаме задача дека не смееме да ги труеме луѓето со глупости, со неискреност, затоа што музиката се конзумира како храна и може да биде отровна ако се конзумира погрешно, во погрешни количини, на погрешен начин… Многу претпазливо настапуваме и мислам дека секој уметник треба тоа да го прави“, изјави Теодосиев за ЦИВИЛ Медиа.
Во музичкиот дел од фестивалот, Таус Мелек Квартетот ќе настапува на 19 и 20 септември, со поддршка на ЦИВИЛ-Центар за слобода.
Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски