• Latest

24 ЧАСА: Старите важечки документи да важат за овие избори; за Пендаровски анкетите на ВМРО-ДПМНЕ се лажни; македонските медиуми изгубени во преводот

March 4, 2024

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

НАТО испрати германски борбени авиони да пресретнат руски шпионски авион над Балтичкото Море

August 27, 2025

Муцунски за „Политико“: Нема уставни измени, ако не добиеме цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното барање од Софија

August 27, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Српска Алта Груп побара запирање на постапката за преземање на Стопанска банка Битола

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Старите важечки документи да важат за овие избори; за Пендаровски анкетите на ВМРО-ДПМНЕ се лажни; македонските медиуми изгубени во преводот

March 4, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Во Изборниот законик да се внесе преодна одредба да важат старите важечки документи за овие избори

ДИК предлага во Изборниот законик да се внесе преодна одредба со која ќе се овозможи на овие избори да се гласа и со старите важечки документи…

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Пендаровски: Лажни се анкетите на ВМРО-ДПМНЕ

-Реалните анкети што тие не ги даваат во јавноста се дека тие се паднати под 45 пратеника, а ние сме над 50. Не е воопшто случајно денешниот резултат на СДСМ во собирањето на потписите. Трендовите од пред извесно време  се променети, рече Пендаровски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

НАТО ВЕЖБА Алијансата спроведува голема вежба на подморници наречена „Динамичка манта 24“ во Средоземното Море, во близина на италијанскиот остров Сицилија.

НЕПРАВИЛНОСТИ ВО МНАВ Тројцата инспектори од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) по двонеделниот надзор на четирите огласи за вработување во М-НАВ констатирал неправилности…

ДИК Државната изборна комисија може да функционира со шест члена, тоа е согласно Деловникот, изјави денеска претседателот на ДИК Александар Даштевски, одговарајќи на новинарски прашања …

ВОЈНА ВО УКРАИНА

  • Загинати цивили, меѓу кои и деца во руските напади врз станбени блокови во Одеса, Херсон, Донецк…

КОНФЛИКТИ

  • Камала Харис, упати досега најжестоки критики за политиката на Израел кон Палестинците. Харис нагласи дека „она што се случува секој ден во Газа е поразително“…
  • Досега се убиени 30.534 Палестинци во израелските напади на Појасот Газа, од кои 124 само во последните 24 часа, …

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албанските медиуми во регионот

Во Албанија ( Кучове) денеска свечено ќе се отвори воената база на НАТО  со модерна инфраструктура за воените авиони на Алијансата, додека пред неколку дена беа склопени 3-те вооружени беспилотни летала „Бајрактар“, купени во Турција, пренесуваат албанските медиуми.

Русија не сака процесот на дијалог меѓу Косово и Србија да заврши успешно според проектите на Западот, се вели во извештајот објавен на 1 март во Приштина на Косовскиот институт за истражување и развој на политики (КИПРЕД), пренесуваат косовските медиуми.

ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

Две години херојство на Украина: Значаен настан кој ги одбележа храброста и гордоста и го упати погледот кон иднината

„Украина- две години хероизам“  е насловот на годинешната мултимедијална конференција што се одржа на 26 февруари, во организација на Амбасадата на Украина, во соработка со ЦИВИЛ- Центар за слобода, во Музејот на македонската борба за независност.

Мултимедијалниот настан собра на едно место голем број дипломати од целиот свет, македонски политичари и интелектуалци, кои со своите обраќања ја потврдија безрезервната поддршка за Украина и украинскиот народ, и му порачаа на светот дека поддршката во секаква форма ќе продолжи до крајот на војната.

Бомгартнер: Не смееме да дозволиме рускиот режим да победи во оваа војна, мораме да победиме поради самата Украина

Ова треба да бидат моменти на среќа, но ова не е, ова е тажен момент, две години откако Украина беше нападната неправедно, посочи амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер, на конференцијата „Украина: Две години хероизам“ , што се одржа  26 февруари, 2024 година во организација на Украинската амбасада во соработка со ЦИВИЛ -Центар за слобода.

Џафери: Поддршката на Украина ќе продолжи да биде во нашиот фокус, во оваа Влада има пријател и партнер

„Тешко наоѓа човек соодветни зборови за годишнина од тековна војна и човечко страдање. Војна која мислевме дека е завршена приказна на европско тло, но сепак поради храбриот украински народ имаме човечка обврска да разговараме, да ја изразиме гласно нашата поддршка, да пратиме порака дека сме покрај нив, дека не сме ги заборавиле, дека се во нашите мисли. За да продолжат да бидат толку горди и да пружат отпор при чувањето на своето“, изјави Талат Џафери, технички премиер на Република Северна Македонија на конференција „Украина: Две години хероизам“ организирана од Амбасадата на Украина во соработка со ЦИВИЛ.

Река: Значајно е украинскиот народ да чувствува и знае дека не се сами, ние стоиме со нив и ги поддржуваме

„Имав можност да испорачам сличен говор на оваа почитувана публика пред една година и тогаш никогаш немаше да помислам дека денеска ќе стојам овде пред вас повторно. Покрај земјите од ЕУ, САД и членките на НАТО нашиот регион беше силно наклонет да стои покрај Украина и со нејзиниот народ… Украинскиот народ треба да знае дека не е сам“, рече амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река на конференцијата „Украина – две години хероизам“, организирана од Амбасадата на Украина во соработка со ЦИВИЛ.

Османи: Украина останува најважниот приоритет, која се бори не само за својата, туку и за нашата слобода

“Две години од целосна инвазија и агресија на Руската Федерација кон мирољубив сосед. Две години смрт, деструкции и човечки страдања. Две години агресија во Европа во 21 век, но и две години обиди за руско минирање на демократиите и демократските процеси низ Европа. Но тоа што е најважно, две години херојство на украинскиот народ и раководството на Украина, издржливост и отпорност“, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, на конференцијата „Украина – две години хероизам“, организирана од Амбасадата на Украина во соработка со ЦИВИЛ.

 

АНАЛИЗИ

На први март, државната информативната агенција МИА, објави содржина, со наслов „Помошта за Украина ги претвора Шолц и Макрон во отворени непријатали, за која се вели дека е пренесена од Политико, без притоа да се наведе линкот до изворот на веста. Неколку македонски портали ја презедоа веста, по принципот „copy – paste“, без проверка, повеќето од нив дури и со истата печатна грешка во насловот „непријатели“, несвесни дека, иако доаѓа од државна информативна агенција, во себе содржи дезинформации, манипулации и наведувачки наративи како оние кои ги користат руските пропагандисти за да нанесат штета на Украина и помошта која и ја пружаат сојузниците, меѓу кои и Северна Македонија како членка на НАТО, пишува Драган Мишев в.о анализата „Руските наративи во македонските медиуми: Изгубени во преводот“

СЛОБОДНА ЗОНА

Некогашниот директор и косопственик на МПМ, Срѓан Керим ( долгогодишен близок соработник и деловен партнер на Орце Камчев, финансиерот на ВМРО ДПМНЕ назначен на црната листа на САД) осомничен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) за сторена „Злоупотреба на службена положба и овластување“, согласно член 353 од Кривичниот законик, за „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 став 3 од КЗ и за „Намерно предизвикување на стечај“!, директен виновник за згаснувањето на  дневните весници „Утрински весник“, „Вест“ и „Дневник“ и неделникот „Теа Модерна“, поради кого без работа и со неисплатени плати останаа неколкуте стотици новинари и технички персонал вработени во „Медиа Принт Македонија“, и печатницата „Графички центар Скопје (ГЦС), во сопственост на МПМ, се појави како делегат на конвенцијата на ВМРО – ДПМНЕ. пишува Драган Мишев во колумната: „ И по Камчев – Керим: Ништо ново во ВМРО – ДПМНЕ.“

Подготви: Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализиВестиВојна во Украинаизјавиконфликтиполитика
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ