• Latest
Фото: Уставен суд

Уставен суд нема да ја оценува уставноста на Законот за ратификација на Преспанскиот договор

September 21, 2023

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ОПШТЕСТВО

Уставен суд нема да ја оценува уставноста на Законот за ратификација на Преспанскиот договор

September 21, 2023 14:53
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Уставен суд

Фото: Уставен суд

Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд денеска едногласно одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите, познатa во јавноста како „Договорот од Преспа“ и ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Указот со кој е прогласен овој Закон.

– Уставниот суд денеска едногласно одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за ратификација на конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817(1993), и 848(1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство помеѓу странките. Исто така, Судот одлучи да ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Указот со кој е прогласен овој Закон и да ја отфрли иницијативата за оценување на законитоста на претходните два акти и нивната усогласеност со член 3 од Законот за склучување ратификација и извршување на меѓународни договори и Виенската конвенција за договорно право, информираше денеска претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска.

Таа рече дека Уставниот суд оценил дека Законот за ратификација на договорот е во согласност со Уставот, што значи останува дел од правниот поредок на државата.

– За овој предмет беше спроведена темелна постапка, подготвителна седница и сеопфатна анализа на уставно судската пракса. Уставниот суд цени дека Указот не содржи правни норми. Не е пропис, тој е дел од процедурата и кога Уставниот суд укинува или поништува Закон, Указот не се укинува посебно, рече таа.

Како пример за ова го посочи веќе заземениот став на Судот во предметот во кој не беше поведена постапка за законот за Јавно обвинителство. Случај од мај годинва, во која Уставниот суд ја отфрли иницијативата со истото образложение за Указот, дека не претставува пропис.

Поголем дел од денешната дискусија во Уставен се водеше за непотпишувањето на указот од страна на претседателот на државава, своевремено Ѓорѓе Иванов, односно за неговата должност согласно членот 75 став 3 од Уставот да го потпише Указот.

– Во поширок контекст во духот на Уставот и неговата примена, волјата на пратениците се персонифицира со волјата на граѓаните, наспроти волјата на само еден човек, бидејќи системот на владеењето на власта во нашата држава е парламентарна демократија, а не монархија. Суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните и Уставот и законите важат подеднакво за сите, па дури и за претседателот на Републиката кој согласно член 51, став 2 од Уставот е должен истите да ги почитува, нагласи Кацарска.

Таа сподели и пример од уставно судската пракса на овој суд, од 1996 година, кога судот не поведе постапка за оценување на уставност на член 1 од Законот за ратификација на привремената спогодба помеѓу Македонија и Грција, склучена во Њујорк 1995 година.

– Следен аспект кој подлежи на анализа во овој предмет е рокот на објавување на Указот. Можеби некој ќе рече дека во Уставот не е предвиден рок во кој тој требал да го потпише Указот, на повторно доставениот закон, но, сметам дека тука нема ништо проблематично. Имено, неспорно е дека претседателот треба да го потпише Указот во рок од седум дена кога првпат му се доставува законот чиј што рок е предвиден во членот 38 од Законот за Собрание на РСМ, а потоа тој е должен да го потпише. Меѓутоа, тој ја злоупотребил уставната недореченост каде што навистина не е пропишан рок за повторно доставување на Законот, односно потпишување на повторно доставен закон, рече таа.

Од друга страна, дополни, Републиката презела меѓународни обврски согласно договорот и иако на претседателот му бил оставен подолг период тој сепак не го потпишал указот, а указот е објавен без негов потпис, туку само со потпис на претседателот на Собранието на РСМ.

– Треба да се цени и фактот дека овој договор се доставува и до организацијата на ОН и потпишан е и од посредник во својство на сведок, Метју Нимиц. Закон може да се прогласи само еднаш, а во конкретниот случај истиот е прогласен. Уставот ја остварил целта Законот е прогласен, рече таа.

Во врска со членот 110 од Уставот,  односно надлежноста на Уставниот Суд за меѓународните договори, Кацарска рече дека Судот нема надлежност да одлучува за согласност за меѓународните договори со Уставот.

– Што значи дека нема услови за впуштање во анализа за основаноста на наводите од иницијативите кои се однесуваат на содржината на спогодбата, рече таа, дополнувајќи дека под претпоставка да се укине Законот, договорот сепак останува.

Според Кацарска, Уставниот суд може единствено да цени дали Законот за ратификација е донесен во пропишана процедура и форма од страна на уставно овластено тело, а тоа е Собранието.

– Судот не навлегува во содржината на меѓународниот договор дури да се укине или поништи законот за ратификација на договорот во конкретниот случај т.н. Преспански договор, а и секој останат меѓународен договор, истиот останува во сила и произведува меѓународна правна обврска за државата сѐ додека не се измени, раскине или поништи, но, согласно меѓународните правила за договорите меѓу државите, рече таа.

Подносители на инцијативите за оценувањето на уставноста на горенаведените Закони се Тодор Петров, претседател на Светски Македонски Конгрес, Ивица Ефремов и Ангеловски Стив од Битола, Солза Грчева,Томе Тодоровски.

Со одредени наводи во иницијативите се тврди дека Указот за прогласување на Законот за ратификација на Конечната спогодба не е потпишан од претседателот на Република Македонија, што го прави тој акт спротивен со членот 51 од Уставот. Се тврди дека оспорените акти го нарушуваат владеењето на правото. Наведено е во дел од иницијативите дека претседателот на Собранието на Република Македонија немал надлежност да утврдува одговорност дека претседателот на Републиката го кршел Уставот со непотпишување и во дадената ситуација, претседателот на државата не бил спречен да ја врши функцијата, за да биде заменет од страна на претседателот на Собранието, односно да го потпише Указот, со што се наведува дека е повреден и членот 82 од Уставот. Бидејќи претседателот на Републиката не го потпишал Указот, се наведува дека оспорениот закон не важи и не може да произведува правно дејство, односно објавување на Законот без потпис на претседателот на Република Македонија е грубо кршење на Уставот. Во дел од иницијативите подносителите тврдат дека Спогодбата е ништовна бидејќи била во спротивност со меѓународното право на самоопределување на народите, правото на секој народ да избере свое име, идентитет, свои национални обележја, симболи и друго и во спротивност со Виенската конвенција за договорно право.

Во сите иницијативи се оспорува рокот на објавувањето на актите во Службен весник, како спротивен на Уставот. Во иницијативите подносителот наведува дека оспорените акти се неуставни бидејќи со нив е повреден членот 52 од Уставот,  кој утврдува дека законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување”.

Tags: преспански договорУставен суд
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ