Британскиот премиер Кир Стармер пристигна во Украина во четвртокот, во негова прва посета на Украина откако ја презеде функцијата, со ветување дека ќе помогне да се гарантира безбедноста на земјата, неколку дена пред Доналд Трамп да положи заклетва како американски претседател.
Британската влада соопшти дека Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе потпишат договор за „100-годишно партнерство“ во Киjив, кој ќе ги опфаќа областите како одбраната, науката, енергијата и трговијата, пренесува Си-ен-ен.
Премиерот на Велика Британија, еден од најголемите воени поддржувачи на Украина треба да објави уште 40 милиони фунти (49 милиони долари) за повоеното економско закрепнување на Украина.
Сојузниците на Киев побрзаа да ја преплават Украина со што е можно поголема поддршка пред инаугурацијата на Трамп, која носи длабока неизвесност околу судбината на американската поддршка за Украина со цел да ја стават Украина во најсилна можна позиција за какви било идни преговори за ставање крај на војната.
Подготви: Д. Мишев