• Latest
фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Помирување – да, амнестија – не!

May 7, 2017
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Помирување – да, амнестија – не!

May 7, 2017 13:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Земјата ја газеа толку долго и безмилосно, што не оставија ни трошка човештина кај нивните слепи следбеници. Премногу себичност, злоба и насилство се насобраа. Цела генерација млади луѓе израснаа во неморални мутанти кои се одушевуваат на криминал и не знаат дека може и мора поинаку да се живее. Деформирани души на кои им е сосема јасно дека владее криминал и насилство, не чувствуваат ни одговорност, ни потреба да го скријат своето соучесништво во гнасотијата на систем кој никогаш не беше осуден на успех, но го следеа како добиток кој се грижи да има сено колку што им досега погледот денеска.

Пишува: Џабир Дерала

Помирувањето и соочувањето со минатото не значат компромис со одговорните за загрозување и уништување на јавното добро и животот на луѓето. Никако не значат преговори за нивно извлекување од моралната, политичката и кривичната одговорност за неделата кои се извршени.

Затоа, за опстанок на оваа земја, неопходно е да се започне процес на враќање на довербата, дијалогот и помирувањето меѓу луѓето. Но, тоа не е возможно ако не се разберат неколку основни поими, според кои треба да се раководиме во процесот на враќање на слободата, правдата и демократијата.

Ништо од тоа не подразбира амнестирање на одговорните за ужасната состојба на општеството и државата. Но, подразбира соочување со минатото, признание на постапките кои воделе кон нечие страдање. Тоа не е апстрактно. Такви процеси се познати во светот, па и во регионот, но никогаш не беа започнати во нашата земја, иако беа неопходни. Единствениот обид да се расчисти со минатото, лустрацијата, како алатка на транзициската правда, се претвори во уште една оружје за репресија од криминалната клика на власт. И за тоа треба да одговараат тие што го спроведуваа овој мрачен процес, но пред нив мора да одговараат обвинителите, судиите, фашистите…

Мора да се соочиме едни со други. Тие што биле дел од мрачниот систем, мора да ги признаат (не)делата пред себе, пред своите блиски и соседите, во една свечена и безбедна околина. Само така можеме да продолжиме, никако поинаку. На помирувањето мора да му претходи признание и одговорност. Виновните, се знае… Значи: Помирување и признание – да, амнестија – не!


Објавено во Плусинфо и во Слободен печат (8.5.2017)

Tags: амнестијадемократијакриминаллустрацијапомирувањесоочување со минатототранзициска правдачовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ