Тимот на ЦИВИЛ денеска беше во Велес, каде зборуваше со граѓаните за европските вредности и мултикултурата на локално ниво.
Ова е само дел од активностите на ЦИВИЛ во напорите да се придонесе кон запознавање, мотивирање и мобилизирање на општеството на сите нивоа и во сите сектори. Активностите се дел од проектот „Европски перспективи“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.