• Latest

Историјата не треба да му робува на ретроспективниот национализам

September 28, 2023

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026

Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

May 12, 2026

Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

May 12, 2026

ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

May 12, 2026

Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

May 10, 2026

VSquare: Тивкото протерување — Како Унгарија засолнуваше руски шпион сѐ додека Орбан не падна

May 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

    Инфлација од 1,3% во април 2026: Најголем скок во храната и транспортот

    Фптп: Скриншот од видео на Guardian

    Нов правен пораз за Трамп – блокирани глобалните царини и најавени огромни рефундации

    Румен Радев / Фото: МИА архива

    Радев официјално ја презеде власта: Нова политичка ера во Бугарија меѓу реформите и геополитичките дилеми

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Дебата за политичките состојби во изборен контекст: Контрола на штетата и продолжување на политичкиот рок на траење на власта

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

    Звукот на привикнувањето

    Светски ден на слободата на медиумите: Помеѓу европските реформи и реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Новинарство без слобода не бива. Прашањето е – колкава е таа слобода

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СТАВОВИ

Историјата не треба да му робува на ретроспективниот национализам

September 28, 2023 11:24
in СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Акад. Драги ЃОРГИЕВ

Институтот за национална историја оваа година слави 75 години од своето формирање и тоа е навистина редок јубилеј за една институција во држава чие постоење започнува само неколку години поранo. Се разбира, во текот на овие 75 години, пред Институтот, а со тоа и пред македонската историографија, секогаш постоеле и постојат бројни предизвици. Всушност, градење на една историографија во тек на нешто повеќе од седум децении не претставува толку долг период за да можат да бидат апсолвирани сите прашања важни за минатото на една држава. Затоа, дозволете ми на ова место накратко да искажам некои размисли за споменатите предизвици, имајќи ја предвид значајната улога што ја има историјата во општеството.

Македонската држава, како и секоја друга независна држава, има свое минато и, како и многу други, и таа е во судир со некои од своите соседи во поглед на тоа минато. Се разбира, тоа не е нешто што е специфично само за неа, но, се чини дека македонската историографија остана заложник на тие судири, посебно на т.н. „вечна битка за идентитетот“, во која идентитетските аспекти на нашето постоење постојано се држат на највисоко ниво. Ваквата позиција не значи ништо друго освен одржување на старите парадигми и пристапи кои се присутни веќе неколку децении во нашата историографија, и кои, пред сè, одат на нејзина штета. Во тој поглед неопходно е да се напушти дефанзивниот пристап во однос на чуствителните идентитетски прашања. Затоа што тој  пристап најчесто нуди реакција на она што другите напишале за нас, но не и акција преку која аналитичкото и критичко проучување на нашето минато ќе понуди одговори на чувствителните прашања кои во најголем дел се обременети со историски детерминизам и позитивизам.

Во тој контекст, треба да се има предвид дека денес во проучувањето на минатото утврдени се неколку постулати, без чие почитување тоа минато би било погрешно толкувано и разбрано, а тоа се: дека минатото е испреплетено, споделено, поврзано и меѓузависно; дека минатото, како и сегашноста, не може да се разбере изолирано и изместено од контекстот на своето време и дека нациите и државите се создаваат, развиваат и постојат низ меѓусебни контакти.

Оттука, претставувањето на денешните современи народи како вечни и непроменливи категори и актери на историската сцена, како резултат на некаква мистична и ексклузивна етногенеза која се случила пред илјадници години, ја поставува наопаку целокупната историја и ги негира динамичноста, испреплетеноста и меѓузависноста на историските процеси и идеи. Ваквото сфаќање во чија позадина стои т.н. ретроспективен национализам, всушност, е деветнаесетвековен пристап во толкувањето на минатот.

Денес, на пример, е незамисливо Французите и Германците да дискутираат и да спорат за етничката припадност на Карло Велики или за други значајни лидери или интелектуалци од подалечното минато. Тие личности се ставаат во политички, културен и социјален контекст на времето во кое живееле и дејствувале, затоа што е невозможно да се врати назад минатото и повторно да биде откриено менталното опкружување на некоја одамна помината епоха.

Исто така, доколку се анализираат националните идеи на Балканскиот Полуостров од XIX в., ќе се види колку се тие испреплетени меѓу себе и колку влијаеле едни врз други, иако истовремено во одредени сегменти, меѓусебно остро се исклучувале. Овие примери покажуваат дека историјата, европска или балканска, е долга приказна на испреплетеност и споделеност, на повеќеслојни и менливи идентитети. Денес веќе се надминати претставите и митовите за т.н. вечни и апсолутни „историски вистини“, израз кој припаѓа на XIX век. Денес може да се пишува и да се зборува за истории, за историски претстави, за мултиперспективен пристап во толкувањето на минатото, кој би можел да помогне во надминувањето на некои од „нерешливите“ теми,  присутни и таложени со децении во историските национални наративи и во историското образование на балканските општества.

Интернетот, социјалните мрежи и бројните медиуми им наметнаа на историчарите уште една обврска, но и одговорност, а тоа е речиси секојдневниот дијалог со средината во која живеат и работат. Овие медиуми овозможуваат историската димензија на нашето постоење да биде постојано присутна во нашето секојдневие. Но, од друга страна, тоа придонесе со јавниот простор во голема мера да загосподари квазиисторијата, чии карактеристики се: селективност и негрижа за фактите, сензационалност, површност, историски волунтаризам и догматизам. Тоа, исто така, предизвика излив на историзирачки тези кои треба да легитимираат одредени политички тврдења кои наводно го објаснуваат минатото и посебно неговото значење за нас денес. Притоа, се разбира, се користи силната симболичка и мобилизирачка моќ на историјата. Но, очигледно е дека тоа што често се слуша во јавноста не е историја која се заснова на научни принципи. Во неа има многу повеќе бујна политичка митологија и злоупотреба, отколку професионална анализа која треба, пред сѐ, да помогне да го разбереме минатото.

Со цел да се разбие тој квазиисториски пристап, академскиот дијалог на историчарите со јавноста станува една од нивните најголеми одговорности. Тој дијалог треба да се води објективно и коректно, почитувајќи ја општествената и лична одговорност што ја носи позицијата на историчарот.

Се разбира, тоа не зависи само од нив. Тие мора да ја имаат поддршката од сите оние кои размислуваат и се одговорни за начинот на кој нашето општество се соучува со своето минато, како што се интелектуалните и политичките елити.

Но, изучувањето на минатото, мора, пред сè, да претставува суверен интерес на автономната научна заедница, а не на државата или на било каква политичка партија или организација. Затоа што историографијата, како и секоја друга наука, може да напредува само ако истражувањата и пишувањето се слободни од било какви политички, идеолошки, верски или економски притисоци, како и од емоции, митови и догматизирање. Всушност, крвавиот распад на Југославија покажа колку емоциите, митовите и злоупотребата на историјата во промовирањето на националистичките концепти за нациите или религиите можат да бидат опасни и погубни.

Оттука, многу важно е да се покаже дека историчарите имаат капацитет да да дебатираат и да поставуваат суштински и смели прашања за нашето минато, кои ќе нè ослободат од стравовите и предрасудите и да ги деконструираат политичките митови што ќе ја елиминира можноста за инструментализација и злоупотреба на историјата. Со тоа и самото општество ќе стане многу поотворено и ќе се здобие со многу поголема самодоверба.

Коле Чашуле во една своја изјава вели да се пишува на македонски јазик значи да се војува. Денес да се пишува за македонската историја, посебно од сегашна перспектива, би рекол, исто така значи да се војува и во овој момент тоа многу повеќе значи внатрешна битка, што е многу потешко.

И не е ништо страшно да постои таква внатрешна „битка“ доколку таа цели кон резултати кои ќе бидат корисни за општеството, а не да биде средство за стигматизирање на „подобни“ и на „неподобни“ историчари, на „предавници“ и „патриоти“. Историографијата ќе ја исполни својата хуманистичко-цивилизациска цел, што претставува една од нејзините основни премиси, доколку историчарите прифатат дека историската наука треба да се развива паралелно со развојот на современото општество, дека критичката обработка на минатото не може да продолжи со исто методолошко, теоретско и идеолошко клише и со робување на старите историски шеми и дека досегашната перцепција не смее да биде сфатена како непроменлива, бидејќи тоа, во крајна линија, предизвикува историографски застој.

Процесот на критичко проучување на минатото, поставен на современа методолошка и теоретска основа и ослободен од историски детерминизам, е процес преку кој нашата историографија ќе овозможи да се зголеми и јавната свест за критичко соочување со минатото. Таквиот процес ќе помогне сегашноста да се ослободи од предрасудите, а на историската наука, која би ги препознала своите можности, но и одговорности, ќе ѝ ја врати хуманата димензија, што, според славниот Фернан Бродел, ја прави да биде кралица на социјалните дисциплини.

*Колумната на акад. Драги Ѓоргиев е авторски избор за Рацин.мк од поенти од неговото обраќање на Меѓународниот научен симпозиум „Европа и Македонија: идеи, процеси и личности“, што во организација на Институтот за национална историја, по повод 75 години од неговото основање, се одржа во МАНУ на 21 и на 22 септември.

Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Рацин

Tags: Драги ЃорѓиевИнститут за национална историјаисторијаисториографија
Share33Tweet21Send
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ