• Latest
Мирјана Најчевска

Најчевска: Етничкиот ги „избриша“ сите останати идентитети!

June 17, 2020

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Најчевска: Етничкиот ги „избриша“ сите останати идентитети!

June 17, 2020 11:45
in ВЕСТИ, КОНТЕКСТ, СЛОБОДНА ЗОНА
Мирјана Најчевска

Мирјана Најчевска

Share on FacebookShare on Twitter

Преспанскиот договор не само што не влијае негативно врз идентитетот на Македонците во Република Македонија и не само што не би можел да биде искористен за губење на овој идентитет, туку напротив, вака како што е срочен, со одредбите што се во него и она што го нуди како една правна рамка за идните односи меѓу Република Македонија и Република Грција, можеби можеме да го препознаеме како договор што отвора врата за едно ново видување на идентитетите, објаснува проф. Мирјана Најчевска во публикацијата „Губење на идентитетот или…?, што  е своевиден печат на придонесот на авторките и авторите кон разглобување на идентитетските прашања од низа различни аспекти во интерес на јавниот дискурс што произлегуваат токму од Преспанскиот договор како исчекор во решавање долгогодишниот спор со Грција за името.

Идентитетот во Македонија во изминатите години најчесто се поврзува со она што се нарекува етнички идентитет, нешто помалку – религиозен идентитет, со идентитет на припадност кон државата, меѓутоа, најмалку од сè, кога се зборува за идентитетот, се зборува за граѓанскиот идентитет, за индивидуалниот идентитет… Тој идентитет не е хомогена категорија. Напротив, тоа е идентитет што е составен од повеќе видови на идентитети кои го сочинуваат она што претставува идентитет на одредена индивидуа.

Не само што постојат поголем број идентитети, туку мора да ги сфатиме и во нивната променливост, во нивната флексибилност. Во одреден момент еден човек може да има еден идентитет, во друг момент може да има друг идентитет, во еден момент може да му е доминантен еден, а во друг, да му е доминантен друг идентитет… На пример, за одредена работа, јас како човек можам да се идентификувам со мојата професија, можам да се идентификувам како правник… За друга работа, можам да се идентификувам со некој мој интерес, на пример заштита на животната средина или заштита на човековите права, што исто така, претставува идентитетска определба. Во трет момент, можам да се идентификувам со нешто сосема друго. Со она што претставува идентитет на мајка, идентитет на сопруга и слично…

Хомогенизирањето што се направи во последните години и поставувањето на идентитетот единствено во корелација со етницитетот, ги избриша сите овие останати можности. И всушност, ги вкалапи луѓето – да мора да се препознаваат себеси само преку тој еден, етнички или национален идентитет. Всушност, ги осиромаши, им оневозможи да се идентификуваат со другите идентитети, им оневозможи да одат од еден во друг идентитет, им оневозможи да се дружат со другите луѓе со кои споделуваат некој од нивните различни идентитети…

Зошто е важен Преспанскиот договор за сето ова? Прво, заради тоа што го урива единственото и хомогено идентификување на луѓето со етницитетот. Второ, затоа што отвора простор за градење на новите идентитети, нешто што во одреден момент ни било запрено, па дури и забрането! Трето, отвора можност за комуникација на едно друго ниво, културна комуникација, образовна, политичка и економска комуникација со луѓе со кои, на некој начин, цело време сме имале бариера токму заради поставувањето на тој еден единствен, хомоген, етнички ориентиран идентитет.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ