• Latest

Нема да ви помине!

December 15, 2017

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Нема да ви помине!

December 15, 2017 13:22
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Зошто Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) молчи за прашањата кои ЦИВИЛ и колумнистот Сашо Орданоски ги покренаа во јавноста? Можеби се надеваат дека новогодишно-божиќните празници, смогот и ужасното загадување ќе го ублажат ударот од непријатните прашања и барања оставки. Тоа нема да се случи. Нема да им помине! ДКСК, како и ДИК, нема да ги оставиме да се богатат на наша сметка, без оглед на тоа дали и кога ќе поднесат оставки. Притоа, мора да поднесат и одговорност, а секако и да ги вратат парите.

Пишува: Џабир Дерала

ДКСК не одговори на суштинските прашања. Пред да поднесат оставки, членовите на државните клати-врата-земај-плата комисии, имаат обврска да поднесат целосен извештај за трошењето на јавните пари, според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (член 4 и член 12). Мораат да ни кажат јасно и прецизно колку потрошиле за плати, а колку за хонорари и бонуси, колку потрошиле за патни трошоци во земјата и во странство, причините и резултатите од тие патувања, колку трошоци имале за репрезентација, како се спроведени и колку нѐ чинеле јавните набавки, кави телефони си набавиле за „важните“ разговори што ги водат додека седат цементирани во кожните фотелји.

Државната изборна комисија (ДИК, де, оној што сега се распаѓа), на пример, се вадеше дека тоа не се јавни податоци во својот одговор до ЦИВИЛ, за потоа да следи скандалот кој, ете, го обелодени американскиот амбасадор Џес Бејли, иако ние веќе една година тропаме на нивните ширум затворени врати. Овој пат, да се надеваме дека не ќе мора амбасадорите да го засилуваат нашиот глас. Бевме доволно гласни и упорни во годините зад нас. Сега, повеќе од кога и да е порано, се создадоа услови за промени. Владата може да биде успешна или неуспешна, брза или бавна, ефикасна или тиња, но ние можеме секогаш да бидеме остри и будни. Мораме! Бидејќи се работи за нашите животи и за нашите пари, за иднината на нашите деца, оние што ни останаа во земјава.

Молчаливите антикорупционери (ДКСК), кои беа дел од автократската машинерија на Фамилијата која ги зароби државата, општеството, економијата и медиумите, имаат една единствена сериозна операција во својот мандат, додека трошеа јавни пари. Имено, оваа група (ДКСК), предводена од Игор Тантуровски, играше значајна улога во жестокиот, последен напад врз граѓанското општество, пред самиот крај на режимот на Никола Груевски. По налог на ДКСК, 22 организации беа нападнати во јавноста и беа подложени на апсурдни истраги од инспекциите на УЈП со единствена цел – да се изврши притисок и да се попречи нивната работа.

И сега, кога бараме да поднесат одговорност за злоупотребите, тие се фатија за техничка грешка во текстот на Орданоски, за тоа дека нивната веб-страница се преселила на друга адреса. Држете ме, ќе паднам од смеа. Па и ние имаме стари веб страници, па ги пренасочуваме на новите со само неколку кликови, па ни служат како архива. Или пропустот го направиле намерно? Ако го пребарате Гугл, првиот резултат е старата веб страница, на пример.

Потоа, во реакцијата на текстот на Орданоски, а испратен до мене и ЦИВИЛ, ДКСК-овците бараат да се извиниме и да го повлечеме текстот. Ништо за прашањата за трошењето на јавните пари. Се закануваат со тужба. Нивната реакција ја објавив, се разбира, но текстот на Орданоски нема да го повлечам никогаш, а прашањата и барањата ќе продолжиме да ги поставуваме, сите ние.

Значи, едноставно е: извештај, оставки, одговорност пред законот. Ништо повеќе. Благодарам.


објавено во Плусинфо и Слободен печат (16/12/2017)

Tags: ДИКДКСКИгор ТантуровскиКорупцијаоставка
Share126TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ