• Latest

Неодговорени прашања

December 29, 2017
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Неодговорени прашања

December 29, 2017 11:15
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Останаа неодговорени прашањата кои ги поставувавме до Државната изборна комисија. Можеби поднесоа оставки, но не одговорија на многу прашања, ниту тие, а ниту институциите кои се задолжени за спречување и санкционирање на злоупотребите.

Јавноста сѐ уште (не) знае колку пари потрошиле на мобилни телефони, (не) знае за меѓучовечките односи и за малтретирањето на персоналот. За ДИК-овци (не) се знае дали ќе поднесат одговорност за неквалитетното спроведување на изборните процеси, додека богато уживаа во јавните пари, а прашањата за тоа тврдат дека не се од јавен карактер.

Сѐ уште (не) знаеме дали Собранието ќе има доблест да донесе регулативи за користењето на јавните пари, па да удри малку и по џебот на пратеничките и пратениците.

Сѐ уште нема никаква реакција за тоа дека крупните риби не одговараат ако вршат изборен поткуп.

Нема одговор од Државната комисија за спречување на корупцијата за нивните коруптивни навики, за молкот и трошењето на јавните пари, за малтретирањето, навредите, мобингот и замолчувањето на оние што сакале да работат според законот во оваа институција.

Нема одговор за фалсификуваните лекови. Нема одговор за хаосот во институциите. Нема одговор за тоа дали ќе се отпуштат оние што седат дома и земаат плата од парите на граѓанките и граѓаните. А закон за тоа има!

Нема одговор ни за инсулинската криза. Знаете, кога некој владин портпарол, каде и да е во светот, ќе излезе со соопштение дека нема криза, бидете сигурни дека криза има.

За крај на годината, еве уште неколку цртички за Владата и невладините…

Има ли некој во Владата и Собранието што ќе одговори како можеше толку многу соработници и партнери на режимот, соучесници во злоделата на бандата на Груевски, сега да бидат носители на демократската трансформација на земјата?!

Сончогледите се опарија и станаа фактори, добија пари и за реклами и за проекти од големите донатори во земјава. За тоа време, вредни луѓе, активни, свесни и совесни, продолжија да ги пакуваат куферите.

Искрени и посветени иницијативи и организации кубурат со пари за кирија, за плати и да не говориме. Анонимуси кои се криеја зад своите уредни ексел табели и си живееја еден живот во големите, беспрекорно уредни канцеларии, останаа да живеат и да ги рециклираат своите мали идеи и да ги дигестираат големите пари.

Убаво е што Владата има толку широко отворени врати за невладините и формира работна група со нивно учество за речиси секое прашање. Тоа е за поздрав и се надевам дека така и ќе остане. Но, не сум сигурен зошто бескрајно се заседава за да констатира нешто што е толку очигледно што болат очи.

Чита ли некој во оваа држава? А разбира ли?

Нејсе, среќна Нова.

 


објавено во Плусинфо и Слободен печат (30/12/2017)

Tags: владаДИКДКСКинсулинкризаневладининедопирливиСобраниесончогледи
Share63TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ