• Latest

Регионална конференција за предизвиците на бегалците и мигрантите за време на ковид-кризата

June 23, 2022

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Регионална конференција за предизвиците на бегалците и мигрантите за време на ковид-кризата

June 23, 2022 15:11
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

НВО Легис денеска одржа регионална конференција „КОВИД-19 Предизвици во рамките на одговор на кризата кај бегалци и мигранти во Западен Балкан”, на која присуствуваа министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, како и претставници на меѓународниот и граѓанскиот сектор.

Претседателката на невладината „Легис“, Мерсиха Смаиловиќ, во изјава за МИА рече дека денешниот настан е финална конференција од регионалниот проект којшто траел година дена каде што се работи за предизвиците на Ковид-19 кои се однесуваа на мигрантската и бегалската популација финансиран од балканскиот фонд за демократија при УСАИД.

-Во анализата што е извршена беа направени интервјуа со бројни министерства и организации коишто беа вклучени барајќи од нив какви протоколи и какви правила биле вклучени кога станува збор за мигрантите и за бегалците. Она што го видовме во сите земји е дека недостасуваше начин на заштита на емигрантската и на бегалската популација, а кај нас на почетокот беа исклучени и од вакцинација. Понатаму со притисокот на невладиниот сектор и на одредени државни институции, како што е Центарот за баратели на азил, рече Смаиловиќ.

Според резултатите од анализите, Смаиловиќ вели дека слична е состојбата и во Србија и во Босна и Херцеговина, каде што мигрантите и бегалците не биле доволно заштитени, дури камповите биле и пренатрупани со мигранти и бегалци каде што не можело да има дистанца или соодветен протокол за заштита.

Во однос на прашањето какво влијание имале сите овие предизвици на мигрантите и бегалците, Смаиловиќ рече дека ниедна криза не може да ги спречи мигрантите и бегалците затоа што тоа од коешто бегаат е пострашно од тоа што го гледаат пред нив како предизвик, како што беше во случајов со вирусот.

– Но, она што дефинитивно кај нив го разбуди чувството на страв, е тоа што не можеа да бидат доволно заштитени и стравот и стравот да не бидат заразени. Тие два страва беа постојано вклучени кај нив, но и тоа што немаше дополнителни информации на јазиците што тие ги зборуваат, посочи Смаиловиќ.

Кај нив се појавуваше страв и паника посебно во моментот на затварање, тоа кај нас во карантинот, вели Смаиловиќ, а во Босна затоа што во времето на пандемијата и на затварањата, и тие беа затворени во камповите каде што немаше доволно санитетски услови за заштита од вирусот.

Министерката за труд и социјална политика,Јованка Тренчевска, во нејзиниот говор информираше дека со цел поддршка на овие лица, а во рамки на остварувањето на социо-економските права и пристапот до социјалните услуги, МТСП обезбедува здравствено осигурување за лица со признаено право на азил, односно обезбедува здравствена заштита за лица баратели на право на азил сместени во рамки на прифатниот центар.

– Лицата корисници на здравствено осигурување се изедначени со македонските државјани во остварувањето на правата во доменот на здравствената заштита, и имаат идентичен пристап до сите здравствени мерки кои беа организирани конкретно поврзани со пандемијата предизвикана од ковид-19. Во тој период МТСП исто така соработуваше со УНХЦР за да се обезбедат дополнителни средства за помош во пандемијата за ранливите бегалски семејства кои престојуваа во нашата земја а кои во тој период добија и еднократна парична помош, истакна Тренчевска.

Министерката исто така ја истакна соработката со УНХЦР во обезбедувањето на дополнителни средства за помош во панедмијата за ранливите бегалски семејства кои престојуваа во нашата земја.

– Во исто време, во рамки на привремените транзитни центри, мигрантите кои привремено се сместува во Винојуг или Табановце имаат пристап до здравствени услуги преку проекти финансирани од Европска унија, а имплементирани од страна на Меѓународната организација за мигрции. Овие лица за време на пандемискиот период беа соодветно третирани во најблиските здравствени установи, и се водеше грижа за нивната здравствена состојба, рече Тренчевска.

Раководителот на одделот за миграција во Министерството за труд и социјална политика, Дејан Ивковски, во рамки на генералната слика рече дека државата коректно се справи со пандемијата имајќи ги во предвид околностите кои што не опкружуваа и нас и сите земји во регионот.

– Благовремено се спремивме превземавме некои одредени мерки во насока на превенирање во можноста за ширење на ковидот во рамки институционалното сместување на овие лица коишто некои транзитираа, некои побаруваа меѓународна заштита во рамки на државата, рече Ивковски во изјава за МИА.

Прашан за влијанието на ковид кризата врз мигрантите, рече дека мора да се даде огромна благодарност до меѓународната заедница како и до невладиниот сектор кој бил рамо до рамо со институциите во регионот почнувајќи од 2015 година се до денес.

– Првичниот бран, тој терет и таа одговорност ги превзема невладиниот сектор, помошта од меѓународната заедницата и поддршката што ја имавме во изминатиов период е несомнена, додаде Ивковски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ