• Latest

РУМЕН РАДЕВ КАКО БУГАРСКИ ХАЗЈАИН: Не е добар ни за надвор, ни за внатре

December 2, 2023

36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

May 15, 2026

Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

May 15, 2026
Илустрација ВИ

Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

May 15, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

May 15, 2026

РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

May 15, 2026

Спремна продажбата на N1 и други, а Шолак не сака да влезе во игра!

May 15, 2026

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА
    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

РУМЕН РАДЕВ КАКО БУГАРСКИ ХАЗЈАИН: Не е добар ни за надвор, ни за внатре

🔴 Оваа анализа открива далеку поголеми проблеми на Бугарија, но и нашата земја и регионот. 🔴 Се работи за дејствувањето на Румен Радев, претседател на државата и голем застапник на руските интереси, особено во енергетиката, на сметка на сопствената држава и регионот.

December 2, 2023 14:59
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
  • Зеленски го нарече Румен Радев – Петен за својата земја, гледајќи го низ визирот на отворен проруски сојузник од редовите на НАТО и ЕУ. Дел од политичарите од владејачката коалиција го сметаат за отворен кочничар на земјата кој деновиве се заканува со ставање на вето на донесување на буџетот на земјата за 2024 година.
  • Многу работи од таа ситуација се врзани за фактот дека буџетските калкулации во приходниот дел се врзани за новата такса која бугарската влада ја врзува за испораката на рускиот гас, кој минува кај нашиот сосед. Истата е спорна за нас, Србија и Унгарија ама и за Радев, кој ја штити конкурентската моќ на рускиот гас.

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Иако кај нас Бугарија често се споменува, таа е најчесто дел од она политичка патерица позната како „не гласаме под бугарски услови“. Опозиционерот Мицковски и неговото братство ја користат оваа позиција како изветвен штит, за да не се изгласаат уставните измени, што ќе значат откочување на преговорите за влез во земјава во Унијата.

Но, таа стеснета визура на сликата на источниот секако нема оправдување. Не само што се работи за земја што е до нас, туку затоа што таму работите никако да се отпетлаат, за да се добие стабилна политичка клима која секако ќе донесе полза и за граѓаните на Бугарија, и за соседите.

Веројатно, таквиот развој на настаните би ги направил појасни некои работи кои нѐ поврзуваат, како што е прашањето на гасот што низ цевките во Бугарија доаѓа до нас. Можеби во некаков постабилен амбиент во Софија и не би дошло до актуелното поскапување на гасот преку зголемувањето на „друмарината“ (коцкарите би рекле зголемување на „пикслата“), што сега на актуелната коалициона влада во Бугарија ѝ носи милијарда евра годишно како подарок за стокмување на идниот буџет.

Веројатно, во поинакви состојби на внатрешен план, таков подарок што некој си го купува на туѓа сметка (и наша) би се покривал од интерни извори, ама сега тоа не е случај. Индикативно е дека на страна на незадоволните земји во регионот, во нивно друштво се наоѓа и бугарскиот претседател Румен Радев, кој одлуката за зголемената такса ја оспори во Уставниот суд и се заканува дека, во согласност со своите надлежности, ќе стави и вето на донесување на буџетот во бугарското Собрание во Софија, доколку таксата на рускиот гас не се врати на старо.

ТУКА ЛЕЖИ СПОРОТ Седиштето на фирмата на Гаспром во Бугарија

Новинарите не ја оспоруваат муфте таксата

Ако се суди по написите во бугарските медиуми, колегите таму не ја ставаат под прашалник одлуката за зголемување на таксата за рускиот гас, иако тоа значи грабање на дел од националниот доход на нашава земја, Србија и Унгарија! Оваа постапка, ако српската (техничка во мигот) премиерка Брнабиќ го оцени како внесување на непредвидливост во градењето на сопствена економска политика, нашиот премиер Ковачевски, кој стоеше до неа во тој миг, беше уште поостар во оценката на тој чекор на владата на ПП-ГЕРБ, појаснувајќи дека за ова разговарал и со Фон дер Лејен ѝ објаснил дека оваа такса ќе го зголеми греењето и струјата во Македонија за 20 отсто! Тој рече дека во таков случај, Бугарија е должна да ги испразни цевките низ кои тече рускиот гас за нашата земја да увезе поевтин гас што го нудат другите земји – извознички.

ДВОЈНИ ФУНКЦИИ Радев е и претседател на државата и министер во владата

Судирот меѓу Владата на Николај Денков и шефот на државата е толку видлив, посебно откако Румен Радев дури и побара оставка на министерот за финансии, Асен Василев, кој отворено говори за тоа со какви тешкотии работи целата влада во интервјуто за германскиот весник „Велт“. Инаку, позицијата на премиерот Денков во овој момент е прилично несигурна, бидејќи, тој самиот побарал оставка од министерот за внатрешни работи, Калин Стојанов, заради користење на прекумерна сила во совладувањето на скорешните демонстрации, на што се спротивставија коалиционите партнери од ГЕРБ. Ако дојде до оставка, се заканува коалициониот партнер ГЕРБ со можен раскин на сојузот. А ако не дојде до оставка, она што го нарекуваме цивилно општество најавува немири!

Но, се чини, уште поголем е проблемот со цената на гасот, меѓу другото, и заради фактот дека министер за енергетика во оваа влада е самиот претседател на државата Радев (!) што, веројатно, претставува уникум во светот.

СПИСОК НА МИНИСТРИ Од списокот се гледа дека Радев е во исто време и министер за енергетика!

Или стара цена за гасот или „апокалипса“

Плановите да се зголеми таксата за рускиот гас, но и обидот тие пари да се земат потоа од касата каде тие пари ќе легнат (Булгартрансгаз е фирма на Гаспром!), шефот на државата ги нарече „апокалиптични“ според ефектите. Во своите изјави, тој тврди дека оваа такса прави проблеми со „земји кои се наши сојузници“, но во основа го брани конкурентскиот потенцијал на „Гаспром“ во споредба со азербејџанскиот гас, на пример, но и други производители кои постојат на пазарот.

Згора на тоа, се работи за такса од која фирмата која е по името бугарска, а по сопственоста е руска (Булгартрансгаз), е таа која ги добива парите од транспортот, а сега би требало да биде „само сметководител“, велат новинарите. Новиот прилив на пари, разбирливо, ќе си го сака само за себе бугарската држава, која преку Предлог-буџетот, така да се каже – веќе ги потрошила!

Ама, тука има посебна закачка – од времето на апсолутна доминација на руските интереси во Бугарија, спомената фирма не е царински обврзник и формално не треба да ги даде новите евриња (или рубљи, бидејќи така бараше лани Москва, сите трансакции да се во руската национална валута). Така, изгледа дека планираниот приход за владата на Денков е во стилот „грозјето е кисело“. Практично, тие средства, таа планирана милијарда евра приход, не ќе можат да се наплатат доколку Гаспром доброволно не ги плати.

Затоа, се готват брзопотезни законски измени со кои рускиот гасен гигант ќе стане даночен обврзник во Бугарија. За Радев, тоа ќе доведе до банкрот на „Булгартрансгаз“. Сето тоа се ситуации кои не треба да нѐ остават рамнодушни, иако за банкротот медиумите тврдат дека се работи за небулоза на претседателот. Радев, инаку, има и други забелешки за буџетот. Да речеме, заради одлуката на владата да продаде една петтина од државното земјиште за да дојде до нови, свежи приходи. Смета дека околу тоа нема никаква јасна сметка (постојат приходи од закуп на истото тоа земјиште) и дека ова е анационален потег на Владата на Денков, каде што тој, Радев, нели, има свое министерско место.

Сето ова отвора многу прашалници за стабилноста на  коалиционото „управителство“ на источниот сосед, ама крие и непријатни ситуации за нас. Токму кога таа земја доби влада, истата се руши по многу основи.

СРЕДБА Не бил особено пријателски контактот на Радев со Зеленски

Радев како Петен

Претседателот Радев секако има свое масло во таа нестабилност. Па не е добар ниту на надворешен план, посебно во однос на војната која се води во Украина.

„Чиј претседател е Румен Радев? Не е на Бугарија, затоа што работи против бугарскиот национален интерес. Тој е шеф на државата Бугарија, исто како што беше маршалот Петен од Виши – Франција“, напиша Веселин Стојнев за Дојче Веле во јули годинава (се работи за квислиншка влада за времето на германската окупација на Франција – н.з.).

Со други зборови, директно, но учтиво, го предупреди претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на средбата во јули. Зеленски му рекол дека ако Русите ја кренат во воздух нуклеарната централа Запорожје, ќе настрада цела Европа, без да ја спомене Бугарија од почит кон стравовите на земјата домаќин.

Новинарот Веселин Стојнев коментира дека војната на сојузниците за одбрана на Украина не значи „ние да си ја копаме мирно бавчата додека другите  помагаат“, потсетувајќи дека Бугарија ѝ дава на Украина помош пет дена пред да застари. Зеленски рекол скромно дека тие секако ќе ја искористат помошта, но потсетил и дека, ако не ги добиеле, бугарските вооружени сили и онака ќе морале да ги фрлат!

Радев велел дека не сака да ја помага Украина за да не дојде до натамошна ескалација на воените дејствија, но никогаш не го укори колегата Путин кога тој на фронтот испраќа нови и нови војници или добива дронови и ракети од Иран, како на лента, на пример.

Претседателот Радев, според Стојнев, „создава и лажен впечаток дека националната безбедност почива исклучиво на армијата, која, фигуративно кажано, е сведена на два проектила, две корвети и дувачки оркестар – благодарение на сите политичари во последните две децении и на самиот Радев. Безбедноста на една мала земја како Бугарија, со една од најслабите армии денес, дури и во балканскиот регион, главно почива на воено-политичката унија во која учествува – НАТО“.

Со други зборови, Бугарија не престанува да врти само нови страници на лошата хроника на владеењето. Ние, пак, никогаш не (треба да) сме рамнодушни кон она што се готви во кабинетот на Раадев. Тој не е само претседател на државата, туку е и министер во владата, кој ја штити конкурентската моќ на рускиот гас. А тоа може силно да влијае на економските политики и политиката воопшто во земјава и во регионот.

Текстот е личен став на Авторот.
Tags: БулгартрансгазГаспроменергетикаРумен Радевруски интереси
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ