• Latest

Правдата за случајот „Сопот“ се бара во СЈО

July 14, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Правдата за случајот „Сопот“ се бара во СЈО

July 14, 2017 13:41
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ние имавме предистражна постапка, пред да одлучиме за надлежност во случајот ‘Сопот’, но треба да видиме како ќе се рефлектираат резултатите и веќе во септември, тимот на СЈО ќе продолжи согласно законските процедури“, изјави обвинителката Ленче Ристеска од СЈО, за ЦИВИЛ Медиа.

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција на 5 јули случајот го предаде на СЈО, што денеска се прогласи за надлежно, како што потврди одбраната во случајот „Сопот.“ Адвокатот Насер Рауфи, за ТВ 21 потврди дека добил известување од СЈО за водење на случајот од септември, за кога е закажано следното рочиште.

Кога во 2003 година, само две години по конфликтот во 2001 година, двајца припадници на полскиот контигент на НАТО и едно цивилно лице загинаа, а двајца преведувачи беа повредени во експлозија на локалниот пат Сушево-Сопот, во тензична атмосфера на безбедносен и меѓуетнички план, пресудата на обвинетите 12 жители на Сопот се очекуваше да биде по брза постапка.

Сепак, по долгогодишно  влечкање по судови, случајот имаше своја разрешница дури во март 2010, со пресуда за тероризам и со вкупно 150 години затвор. Албанските политички партии реагираа, пред сè, повикувајќи се на несоодветното однесување на полицијата. Собраниската комисија тогаш заклучи дека еден од обвинетите својот исказ го дал под силна тортура.

Предметот се отвори повторно во 2011 година и оттогаш, рочиштата имаа одлагања во недоглед. Самет Лумани, еден од обвинетите во бегство, почина вo 2013. Албанските партии го критикуваа случајот како некоректен однос и неправда кон Албанците во Македонија.

Од прислушуваните разговори, кои ги објави СДСМ во 2015, јавноста дозна за политичкиот заговор во случајот „Сопот“. Во разговорот меѓу Гордана Јанкуловска (ексминистерка за внатрешни работи) и Сашо Мијалков (ексдиректор на Управата за безбедност и контразузнавање), слушнавме колку креирањето на јавното мислење имало длабоко значење за тесните режимски кругови: „Да не испадне дека се гонат ‘Шиптари’ а не виновници“ (Мијалков) и „да не се извалка ‘образот’ на судството, со што ќе се потврди дека случајот е политички монтиран“ (Јанкуловска).

И бидејќи одлагањето беше и сè уште е континуирана пракса при решавање на случајот, обвинетите во 2016 година изјавија дека веќе се уморни од чекање правдата и вистината да излезат на виделина.

Еден од обвинитетите, Шабан Лимани, уште тогаш изрази надеж дека СЈО ќе го преземе случајот по формирањето на новата влада. „Со ова што се одложува случајот, се гледа дека има политичка заднина“, изјави Лимани минатата година.

СЈО официјално побара преземање на случајот минатата година, поради јавно објавен разговор од незаконски следената комуникација. Тогаш, одговорот на Советот на јавни обвинители беше дека мандатот на СЈО им дозволува истражување на случаи од 2008 до 2015 година.

Надлежноста што ја презеде СЈО, но и развојот на случаите што стигнаа до Апелација, го отвори прашањето и за случајот „Монструм“ и шестте обвинети и казнети со доживотен затвор за убиство на пет лица кај Смилковско езеро во 2012. Кај дел од јавноста овој случај се третира како политички монтиран, а протестите во 2014 година отворија многу прашања и предизвикаа меѓуетничка тензија.

Сепак, очекувањата и на обвинетите и на нивните семејства се дека СЈО има доволно ингеренции да ја доведе вистината на виделина. И „Монструм“ остана обележан како случај во кој се виновни Албанците како етничка заедница. Очекувањата од СЈО се големи, довербата во оваа институција е вкоренета, надежта подгреана. Коплексноста на случаите е несомнена, но и потребата на ставање точка уште повеќе, како за обвинетите и нивните семејства, така и за јавноста.

Биљана Јордановска

 

Tags: „Монструм“надлежностодлукаСДСМСЈОСовет на обвинителиСопот
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ