• Latest

ЦИВИЛ ќе ги презентира препораките за реформи на изборниот систем

July 19, 2019
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ЦИВИЛ ќе ги презентира препораките за реформи на изборниот систем

Изборниот систем одамна е зрел за коренити реформи. Само најголемите политички партии го одредуваат обемот на реформите во земјата, додека јавноста, граѓанското општество, експертската заедница и помалите политички партии се оставени на маргините.

July 19, 2019 09:45
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ги повикува медиумите на прес конференција на отворено, денеска (петок, 19 јули 2019), со почеток во 12:30 часот, пред седиштето на организацијата, на ул. Максим Горки 31/1, на паркингот зад преминот „Палета“. Како и секогаш, настанот е отворен за сите заинтересирани граѓанки и граѓани. Без оглед на тоа дали ќе се одржи лидерска средба или не, јавноста, институциите и политичките партии, треба да дознаат повеќе за предлозите за демократски решенија во процесот на реформи во изборниот систем.

Изборниот систем одамна е зрел за коренити реформи. Само најголемите политички партии го одредуваат обемот на реформите во земјата, додека јавноста, граѓанското општество, експертската заедница и помалите политички партии се оставени на маргините.

Кои се клучните препораки на ЦИВИЛ за реформи во изборниот систем? Како се злоупотребуваат помалите етнички заедници и ранливите категории граѓанки и граѓани во изборните процеси? Дали, како и во која временска рамка треба да се промени изборниот модел? Дали Северна Македонија има потреба од предвремени избори? Што (не) треба да се случи со Изборниот законик, Избирачкиот список, финансирањето на политичките кампањи?…

Ова се само дел од прашањата на кои ЦИВИЛ континуирано споделува со јавноста резултати од мониторингот, како и анализи и препораки за подобрување и демократизирање на изборните процеси.

Во пресрет на средбата на лидерите на најголемите политички партии, ЦИВИЛ уште еднаш ќе сподели со јавноста дел од клучните анализи и препораки за изборните процеси и реформите во оваа сфера и ќе се потруди да даде релевантен одговор на сите прашања од медиумите.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: избирачки списокизборен законикизборен моделизборен системизбориправо на гласпрепоракиреформи
Share58Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ