• Latest
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Додека Рама и Вучиќ се подготвени на компромиси за влез во ЕУ, Мицкоски поставува услови

February 19, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Додека Рама и Вучиќ се подготвени на компромиси за влез во ЕУ, Мицкоски поставува услови

February 19, 2026 09:20
in КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Додека лидерите на земјите од Западен Балкан испраќаат јасни сигнали дека се подготвени на сериозни компромиси за членство во Европската унија, Македонија останува заглавена во сопствената политичка блокада.

Германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung (FAZ) објави дека претседателот на Србија Александар Вучиќ е подготвен да се откаже од правото на вето доколку тоа овозможи побрз влез на Србија во Европската унија. Сличен став претходно изрази и албанскиот премиер Еди Рама, кој порача дека е подготвен да прифати членство и без право на блокада, само за неговата земја да стане дел од европското семејство.

Во исто време, македонскиот премиер Христијан Мицкоски испраќа сосема поинаква порака.

На собраниска седница за пратенички прашања, Мицкоски изјави дека додека тој е претседател на Владата, уставни измени нема да се случат доколку не бидат исполнети два клучни услови – загарантирани права за Македонците во Бугарија и цврсти гаранции дека државата нема повторно да се соочува со блокади од, како што рече, субјективни причини.

Овие изјави доаѓаат во време кога уставните измени се единствениот формален услов Македонија да го продолжи процесот на пристапување кон Европската унија и да ја отвори следната фаза од преговорите.

За разлика од Белград и Тирана, кои испраќаат сигнал дека европската интеграција е стратешки приоритет дури и по цена на ограничување на сопственото влијание во идното членство, Скопје испраќа сигнал дека условите за продолжување на процесот се предмет на нови политички барања.

Европската унија веќе подолго време очекува имплементација на договорените обврски како предуслов за напредок во преговорите, додека одложувањето на уставните измени го зголемува ризикот Македонија да остане зад другите земји од регионот во процесот на европска интеграција.

Во услови кога Србија и Албанија се подготвени на далекусежни компромиси за да станат дел од Унијата, Македонија се соочува со клучна политичка одлука – дали ќе го забрза европскиот пат или ќе продолжи со политичка неизвесност која може да ја оддалечи од членството.

Мишев: Не Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се главни кочничари за влез на земјава во ЕУ

Според последното истражување на Институтот за демократија Социетас цивилис презентирано во Сoбранието кон крајот на јануари, по долги години пад, се бележи раст на поддршката на граѓаните на Северна Македонија за влез во Европската унија. Ваквиот раст, пред сè се должи на промената на расположението и поддршката од претходно неопределените и „неутрални“ граѓани. Според истражувањето направено во ноември лани, дури 71 отсто од граѓаните дале поддршка за ЕУ, што е скок од речиси десет отсто, и, што е најинтересно, таа разлика се должи на сменетото расположение кај македонскиот етникум.

Според резултатите, ЕУ континуирано се гледа како најдоверлив партнер на Северна Македонија, сега и поради променливата политика на администрацијата на Трамп.

– Пораката е пратена, но засега наидува на глуви уши кај Власта. Мицкоски упорно одбегнува да ги реализира договорените обврски со кои ќе се одблокираат преговорите за членство во ЕУ. Мицкоски во своето антидржавничко однесување, се чини дека сѐ уште смета на поддршката од парламентарните избори, иако истата драстично се намали на локалните избори, а според истражувањето, поддршката за ЕУ расте и меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Заблуден за својата улога како голем лидер, поставува дополнителни услови, глумејќи загриженост за Македонците во Бугарија, небаре него го молат да влезе во ЕУ. Очигледно е дека ги занемарува сугестиите од земјите кои веќе ги завршиле преговорите, и станале членки на Унијата, дека горливите прашања полесно се решаваат кога си внатре во ЕУ, пишува Драган Мишев за Цивил Медиа.

Ј. Ѓорѓиоски / FRONTLINE

Tags: Александар ВучиќЕди РамаЕУХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ