Ново рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ денеска треба да се одржи во Кривичниот суд.
Во овој предмет обвинети се 14 лица за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.
На претходните рочишта, вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски.
Во овој предмет обвинети се уште 12 лица, меѓу кои поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.