• Latest
Добро утро со Орданоски

Артан Груби, трагачот по сопствениот кредибилитет

February 13, 2018
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Артан Груби, трагачот по сопствениот кредибилитет

February 13, 2018 07:28
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]М[/dropcap]ислам дека сè уште се кикотам откако вчера за прв пат ја видов фотографијата на Артан Груби сликан со празната фотелја на американскиот потпретседател Мајк Пенс. За оние кои не мора да знаат, Груби е на прошетка во САД (претседателот на Комисијата за европски прашања во „работна посета на САД“?), каде некој од „моќното албанско лоби“ (можеби хигиеничарот во попладневната смена во западното крило на Белата куќа?) му овозможил да се слика во празната канцеларија на американскиот потпретседател, потпрен на грбниот потпирач од неговата фотелја, врз сосема празниот потпретседателски работен астал што е толку исполиран, што и мува би се лизнала при слетување!

Целата композиција на фотографијата би можела да носи наслов: „Мртва природа: Груби на вистинско место, во погрешно време“. (Под услов фотографијата да не е направена во некој вашингтонски шопинг мол, бидејќи Американците знаат да се глупираат и со такви туристички изведби за слики-апарат-за-целиот-град.)

Што може да го натера човек – политичар – да се слика во друштво со празна фотелја, а потоа таа фотографија да ја сподели не само со семејството, како спомен за кој ќе следуваат анегдоти кога ќе се врати дома по патот од онаа страна на Атлантикот, туку со целиот свет!?

Во занаетот на правење пропаганда има една техника која се нарекува „споделување на кредибилитет“: ако, на пример, човек со проблематичен професионален углед го седнете на телевизиска емисија меѓу двајца кои имаат неспорен професионален углед, тогаш кај публиката која ја гледа емисијата нешто од угледот на двајцава „се пренесува“, речиси како првут, и врз „рамењата“ на неугледниот, бидејќи резонот е дека кога ти дале да се дружиш со угледни, мора и самиот нешто да си заслужен!

Погаѓате, оваа првут-техника се употребува кај луѓе со проблематични мотиви, кога експертите за пропаганда имаат потреба да ги „огребат“ од туѓи кредибилитети, токму заради целосен или делумен недостаток на сопствен. На пример, ќе застане Груби да преведува до Али Ахмети и „првут“ лета на сите страни!

Но, морам да признам дека е иновативен пристапот „угледот“ на една празна фотелја да се пренесе врз оној кој се потпира врз неа – освен ако со ракавите од палтото тој што се потпира нема задача да го избрише првутот од потпирачот, што ме враќа на тезата дека зад целиот овој пропаганден „проект“ сепак стои хигиеничарот од попладневната смена во Белата куќа.

Не му е прв пат на Груби да се глупира со свои фотографии и селфија, во погрешен контекст. Па и она предизборно врескање, без ехо, со „УЧК, УЧК!“ во полната сала „Борис Трајковски“, спаѓа во истата пропагандна техника на „споделување кредибилитет“. Дури, би можело да се тврди дека и тепачката на скопското Кале, своевремено, може да има слична, опасна, политичко-пропагандна инспирација…

Всушност, Груби ми личи на политичар кој како да е во постојана потрага по кредибилитет! Ете, сега разбирам зошто не престанувам да се кикотам откако за прв пат ја видов фотографијата на Груби со празната фотелја на американскиот потпретседател…

 

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: Али АхметиАртан ГрубиКомисија за европски прашањакредибилитетУЧК
Share226TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ