„Антибугарското чувство се градеше врз прашањето на (не)признавањето на јазикот во доменот на бугарскиот национализам, навистина граден низ векови, но надминуван како низ нашата мудра дипломатија, така и највеќе преку европската модерна политичка филозофија која е алергична токму на таквите историски ставови, живи кај софиската десница секако“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Кој шири лаги за непризнавање на македонскиот јазик во ЕУ?“, во контекст на очеувањето за гласање на уставните измени во Собранието.
Значи кога дојде овој пресуден ноември напорите на станарите од Палатата „Христо Татарчев“ да ја оправдаат својата апстиненција од европскиот пат едноставно остануваат без никаква аргументација, ако не се смета инаетот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, што нашите стари обично го лекувале со валкање во сеното во шталата. Бидејќи, се „без домашна“, нашите колеги ќе посегнат по „препишување“ – ќе се земат „факти“ од плакарот за стара облека.
Паѓаат во очи два текста објавени во „Нова Македонија“. Првиот е под наслов „Нов предизвик за македонскиот јазик во ЕУ“ (https://novamakedonija.com.mk/pecateno-izdanie/nov-predizvik-za-makedonskiot-jazik-vo-eu/ објавен на18 август, кога започна пленарната седница во Парламентот кога треба да се донесе одлука за потребата од отворање на Уставот. Наменска објава значи!
Целата анализа на Костовски прочитајте ја ТУКА