• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Манчевски е во „добра фаза“: Глуми Асанж со државна пензија од 72.930 денари и народен буџет од 2,3 милиони евра

August 24, 2023
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Манчевски е во „добра фаза“: Глуми Асанж со државна пензија од 72.930 денари и народен буџет од 2,3 милиони евра

August 24, 2023 08:56
in АНАЛИЗИ, КУЛТУРА
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

 АНА ВАСИЛЕВСКА 

Не сакајќи да ја загуби позицијата на „филмски олигарх“, како единствен режисер кој на самиот себе си доделувал хонорари со вртоглави милионски суми, повластен пензионер од национална важност со загарантирани месечен приход во висина од две просечни македонски плати, вели дека не му е важен никој?

Бруката што ја приредува изигрувајќи „укажувач на корупција“ за која нема ниту еден утврден аргумент, додека истовремено самиот е под истрага за потрошени најмалку 900.000 евра  за кои нема финансиски извештај во Агенцијата за филм на РСМ , станува проблем и тема со која веќе сериозно се занимаваат институциите на системот.

Не прави филмови за публиката, не работи за политички ниту за холивудски газди и во добра фаза е, вака режисерот Милчо Манчевски се пофали во интервјуто за телевизијата Н1.

https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/miltso.mp4

Оваа изјава звучи најблаго речено контрадикторно во „фаза“ кога Манчевски ја замајува македонската јавност, декларирајќи се за политички прогонета жртва, претставувајќи ја РС Македонија како диктаторска Северна Кореја, за што во заблуда го доведе и Венецискиот филмски фестивал.

Бруката што ја приредува изигрувајќи „укажувач на корупција“ за која нема ниту еден утврден аргумент, а истовремено самиот е под истрага за потрошени најмалку 900.000 евра за кои нема финансиски извештај во Агенцијата за филм на РСМ, за изигрување конкурси и за испумпување стотици илјади евра државни пари на сопствени сметки во странство е проблем и тема со која веќе сериозно се занимаваат институциите на системот.

Сега не е јасно дали е во добра фаза, или пак е политичка жртва?

За каков политички прогон зборува Манчевски?  Да се биде жртва на политички прогон, потребно е да се има политички став. Дали тој некогаш изнел став за некое важно политичко прашање за државата која минува низ деликатни промени кон европскиот пат? Секако дека не, како што никогаш во сите историски политички премрежиња немал апсолутно никаков став, вртејќи ја главата како сончоглед и климајќи кон секоја политичка гарнитура како „национален уметник“ кому државата му е доживотно должна. Никогаш не ја „препозна“ ниту немилосрдната корупција во 11 годишниот режим на Груевски, од кого сомнително му се доделувани многу пари, но ете, упорно бара некаква корупција таму каде што ја нема, за најмалициозно да ја прикрие истрагата која е насочена кон него и неговите фирми.

Користејќи го својот авторитет стекнат пред триесетина година со успехот на филмот „Пред дождот“, немилосрдно со децении го експлоатира буџетот на државата, снимајќи филмови со потпросечна вредност за што се изјасни и светската филмска критика.

Не сакајќи да ја загуби позицијата на „филмски олигарх“, како единствен режисер кој на самиот себе си доделувал хонорари со вртоглави милионски суми, повластен пензионер од национална важност со загарантирани месечен приход во висина од две просечни македонски плати, вели дека не му е важен никој?

Човекот кој немилосрдно лаже и ги користи личните контакти, веќе неколку години се занимава со неосновани пријави кон свои колеги, кон Агенцијата за филм, и ја манипулира јавноста, додека од касата на државата преку истоимената агенција само во изминативе 5 години доби 2,3 милиони евра.

Каде е Манчевски во континуираниот успех и добрата фаза на нашата кинематографија?

И така, тој упорно ја убедува јавноста дека Холивуд плаче за него , а европските продукции „се тепаат“ да вложат пари во неговите филмови, ама ете тој кутриот мора да снима со наши пари, според него „евтини, неконвенционални филмови“, кои не се наменети за никого, дури ни за публиката, додека тој „ужива во процесот на нивно создавање“.

И додека Милчо Манчевски ужива во својата „добра“, самобендисана фаза, во само еден ден ни стигнаа три исклучително важни вести за македонската кинематографија. Наши филмови се во селекцијата на Венецискиот филмски фестивал, во трка за европски Оскари, слушаме за дистрибуција на наш филм преку гигантот „Универзал пикчрс“, и ова е само дел од континуитетот на блескавите успеси што ги постигнува македонскиот филм, а меѓу кои одамна ги нема филмовите на Манчевски.

Овие убави вести се директен демант на хроничните хистерични пријави на Манчевски за нерегуларности во конкурсите и поделбата на средства од Агенцијата за филм. За жал, од успехот на националната кинематографија, помили му се подметнувањата, лажните клевети на негови колеги, негови доскорешни соработници, на државата.

Скромноста е доблест на „медените“ и дарувани уметници кои заслужуваат да се ослободат од прангите на предимензионираната и деструктивна вредност која ја создава Манчевски. А, институциите на правдата имаат одлична можност да си ја вратат разнишаната доверба кај граѓаните и итно да ги процесираат сите очигледни и евидентни криминални случаи на „жртвата“ која ужива во својата децениска привилегирана „добра“ фаза.

Извор: НоваТВ


Текстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

Tags: Агенција за филм на РСМВенециски филмски фестивалМилчо Манчевски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ