• Latest
ССМ пред Собрание( Фото: Рацин.мк)

Минимална плата од 600 евра или „дијалог без резултат“ – што носи блокадата на Собранието?

February 10, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Минимална плата од 600 евра или „дијалог без резултат“ – што носи блокадата на Собранието?

February 10, 2026 14:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
ССМ пред Собрание( Фото: Рацин.мк)

ССМ пред Собрание( Фото: Рацин.мк)

Share on FacebookShare on Twitter

Блокадата пред Собранието од  Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), фокусирана околу прашањето за минималната плата, и можноста за нејзино зголемување од 600 евра,  покажа дека неможноста за поинаков дијалог води кон дебата од институционалите на улица – таму каде што, според нив, реално се чувствуваат последиците од ниските примања.

Протестот беше придружен со транспаренти и остри пораки до пратениците, меѓу кои и пораката што стана симбол на настанот: „За 300 евра не се исплати да те разбудат од сабајле“.

ССМ соопшти дека блокадата е одговор на, како што велат, игнорирањето на нивните барања и на отсуството на суштински социјален дијалог. Според синдикатот, минималната плата веќе одамна не ги следи реалните трошоци за живот, а институциите реагираат бавно и декларативно.

Синдикален наратив: Плата за достоинствен живот

Од ССМ порачуваат дека протестот нема политичка заднина, туку е директна реакција на економската реалност со која се соочуваат илјадници работници.

„Ова не е политика, ова е преживување. Работник со минимална плата не може да ги покрие ниту основните трошоци. Бараме 600 евра затоа што тоа го диктира реалноста, а не нечија агенда“, порачаа од синдикатот.

Работниците, пак, јавно го поставија прашањето за социјалната правда, посочувајќи на контрастот меѓу нивните примања и зголемувањето на платите на функционерите.

„Кога станува збор за нивните плати, нема процедури и нема чекање. Кога станува збор за нас – секогаш има изговор“, изјави еден од учесниците на блокадата.

Политички реакции: дијалог наспроти притисок

Од владејачките структури, протестот беше оценет како притисок кој излегува од рамките на социјалниот дијалог. Пратеникот Петар Ристески изјави дека во раководството на ССМ гледа политички мотиви и дека Владата нуди дијалог и решение, но не под уцени и блокади.

„Минималната плата мора да се усогласува согласно законот и економските можности. Одлуки со сериозни буџетски импликации не се носат под притисок“, изјави Ристески.

Од Владата генерално порачуваат дека правото на протест е легитимно, но дека зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на институционален процес и консултации со работодавачите, со цел да не се загрози економската стабилност.

Од СДСМ порачаа дека пари може да се обезбедат кога Владата ќе престане да се луксузира.

„Со решението на СДСМ, преку ребаланс на Буџетот и кратење на луксузот на власта, службени возила, мебел, патувања, кабинети, се обезбедуваат 200 милиони евра за минимална плата од 600 евра и поддршка на приватните компании без да им се загрози ликвидноста“. соопштија од партијата. 

Поширокиот контекст: Повеќе од една бројка

Судирот меѓу синдикатите и институциите ја отвора суштинската дилема: дали минималната плата е прашање што бара итна социјална интервенција или економска категорија што мора строго да се вклопи во фискалните рамки. За работниците, тоа е прашање на достоинство и опстанок; за политиката – прашање на баланс меѓу социјалните барања и буџетските ограничувања.

Што ако Собранието не реагира?

Ако институционалниот одговор изостане, ССМ најавува можност за ескалација. Меѓу сценаријата што се споменуваат се:

  • продолжени и проширени блокади пред други институции;
  • активирање на штрајкови во јавниот и приватниот сектор;
  • продлабочување на социјалниот конфликт и пад на довербата во институциите.

Алтернативно, можно е и делумно решение – компромисно зголемување или временско одложување – кое би ја смирило ситуацијата, но не и целосно би го решило јазот меѓу платите и трошоците за живот.

Во услови на растечки животни трошоци и стагнирачки приходи, институционалната тишина се чита како политичка порака. Прашањето е дали таа ќе биде сфатена како повик за трпение или како знак дека социјалните проблеми повторно се турнати на маргините.

Социјалниот дијалог не смее да биде формалност

Актуелниот судир околу минималната плата уште еднаш го разоткрива хроничниот проблем на формализиран, но суштински празен социјален дијалог. Кога институциите повикуваат на разговор, а истовремено одолговлекуваат конкретни одлуки, одговорноста за ескалација не може да се префрла исклучиво врз синдикатите.

Во услови кога сè поголем број луѓе работат, а сепак живеат на раб на сиромаштија, игнорирањето на овие реалности ризикува дополнително продлабочување на социјалната нееднаквост и недовербата во системот е заклучок кој може да се извлече од колумната „Власта нема монопол врз животот на работниците“, на Џабир Дерала.

Правото на протест и јавен притисок е легитимна демократска алатка, особено кога станува збор за егзистенцијални прашања како што се платите и животниот стандард. Во таков контекст, обвинувањата за „политизација“ служат повеќе за делегитимирање на работничките барања отколку за вистинско решавање на проблемот, додека институционалната тишина ризикува да се претвори во нормализирана социјална неправда.

Биљана Јордановска


Прочитајте повеќе: 

Минималната плата во Северна Македонија: Меѓу трошоците за живот, синдикалните барања и законското усогласување

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ